24

  • Креатор на темата Креатор на темата CT
  • Време на започнување Време на започнување
Колку добар крај.Премаестрално напраено.Браво.
Сега еден добар филм да направат.
Негде прочитав дека филмот ќе биде тек 2012.
Кога Логан се упуца, на 24 фан страната на фејсбук еден напиша - Logan won't be in the movie, that's for sure :pos2:

Одлично склопена сезона! И после 8 сезони нема избледено креативноста.
 
Мора и јас да кажам дека ми се свигаше крајот,малце тажно беше што Џек стана бегалец,повторно.
Последниот кадар (од Дронот :) ) беше доста добар.:wink:
Иначе Чарлс Логан ми беше мн смешен лик ,кога ке беше изненаден(а беше во многу наврати ) страшни фаци праеше :pos2: мада па не верував дека ке се самозастрела..

Случајно налетав на еден блог за 24 и Џек Бауер,доста содржаен и дневно апдејтуван ,доста интервјуа од кои може да се прочитаат интересни работи околу текот на сезоната :)
Еве линкот

Незнам што ке се глеа сеа,стварно серијава ептен ми беше по вкус,комбинација на многу работи со добра акција ,една од најдобрите серии на сите времиња према мене . :)
 
Ако не умре сега, ќе умре во филмот, како и да е... :)

Сакаа нешто слично на крајот на четвртата сезона да направат, ама ептен го затупија. Среќа немаше железниза во близина и се ќе беше речиси исто. :)
 
Конченооо ги догледав и последните 2 еп. :vozbud:
После избришаниве солзи за кој е виновна Клои, најважно нешто е дека Џек живее :))
И фала богу на Алисон, покажа дека имат доволно морални вредности, па си се попишмани во врска со мировниот договор.

Остана многу простор за филмот, што ќе се слуши со Џек, ЦТУ, кој сега ќе биде новиот US President , est.... ???
 
Серијата заврши на најморален начин на кој што можеше. Тејлор призна во последен момент, Џек не го уби Суваров и уште некој друг. Логан си го доби заслуженото...се на се добар крај. Тоа што Џек избега се остава за филмот.
 
Ако не умре сега, ќе умре во филмот, како и да е... :)

Сакаа нешто слично на крајот на четвртата сезона да направат, ама ептен го затупија. Среќа немаше железниза во близина и се ќе беше речиси исто. :)
Е аман веќе си запнал со то умирање на Џек.:tv:
 
А не ќе беше лошо и да ги испотепаше сите и на крај Клои да го убиеше. И тука ќе имаше голема драматичност.
 
Е аман веќе си запнал со то умирање на Џек.:tv:

Ако не умре, ќе го прават како 1001 ноќ. :) Дур не умре Џек, серијава може да иде до 20тина сезони као ништо.

Нема ли да биде подраматичен и подобар крајот ако умре жртвувајќи се за ќерката и внуката?
 
може да ми даде некој/а линк со превод од 23-та и 24-та епизода од 8-ма сезона (за 24 се разбира) ? на некој од балканските јазици :se_ molam
 
Само што ги изгледав последните две епизоди, добро е што остана простор за 9та сезона. И овој пат мислам Логан ќе се спаси како што се спаси кога жена му го избоде (во 6та сезона мислам дека беше), но нема да знаеме дали се спасил ако нема 9та сезона.

Интересно ќе беше сега да се појавеше Тони од некаде.

Инаку серијата заврши со 00:00:00 што ми кажува дека ќе нема следна сезона, или пак филм.
 
Кај да се спаси бе? Си го рикна пиштолот во глава нема шанси да преживее и ти сега....
 
Кај да се спаси бе? Си го рикна пиштолот во глава нема шанси да преживее и ти сега....

Зошто да не? И тогај му го рикнаа ножот во вратот па го спасија. А сега не умре одма, зошто да не се спаси, во вилица е ранет само :pos2:.
 
Ако не умре, ќе го прават како 1001 ноќ. :) Дур не умре Џек, серијава може да иде до 20тина сезони као ништо.

Нема ли да биде подраматичен и подобар крајот ако умре жртвувајќи се за ќерката и внуката?

Хмм... не. Не е интересно така. Според мене целава сага подобро ќе заврши ако Бауер остани жив.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom