24

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.698
Поени од реакции
6.619
На нашки и тоа

Официјално: Серијата „24“ се враќа во ограничен број епизоди

Обично кога медиумите пуштаат некоја шпекулација од филмскиот свет истата се покажува дека не е вистинита, но за среќа на фановите на акционата серија „24“, шпекулацијата од пред некој ден која гласеше дека Fox сака да ја врати серијата на малите екрани е вистина.

Само некој ден откако беше објавено дека серијата „Touch“ во која Кифер Сатерленд ја толкува главната улога е откажана, актерот прифати да ја репризира улогата на агентот Џек Бауер во серијата „24“.
Серијата ќе се врати во ограничен број епизоди, вкупно 12, а серијалот ќе оди под наслов „24: Live Another Day". Епизодите ќе бидат прикажани во мај 2014.
Тооо :vozbud:
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.009
Поени од реакции
6.040
Серијата „24“ започна со снимањето на новата сезона (фото+видео)



Новата мини сезона на популарната серија „24“ започна да се снима во Лондон. Сезоната која ќе започне да се прикажува во мај, е насловена како „24: Live Another Day“ и ќе има 12 епизоди.

Главната ѕвезда на серијата, Кифер Сатерленд, призна дека е нервозен пред стартот на новата сезона.
„Нема да ве лажам. Преплашен сум“ - изјави Сатерленд пред да започнат со снимањето.

Околу приказната во продолжението единствено е познато дека Џек Бауер е во нова мисија, а ЦИА е во потрага по него.





:vozbud:
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Таман уште еднаш ќе ја изгледам серијата до тогаш :D
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
746
Поени од реакции
533
Само шо ја догледав серијава, ја памтам од порано кога ја гледав на тв и се решив пред некое време да изгледам се од почеток до крај. Пред 2 месеци одприлика почнав да ја гледам и морам да кажам дека од првата епизода до последната сум презадоволен. Ај да сумирам по сезони. Претпоставувам нема спојлери на темава (не ја прочитав цела) па ќе споделам само како сум задоволен од секоја сезона посебно.

Прва сезона : 5 од 5, Одличен вовед, оваа сезона ја изгледав во максимално краток рок , за 2-3 дена. Крајот беше шокантен и ме остави без зборови.
Некои епизоди ме потсетија од многу одамна кога сум ги гледал на тв ама тогаш не сум ги сфаќал како што ги сватив сега, чудно е за рок од 6-7 години колку се менува искуството на нешто што си гледал тогаш и сега, многу подоцна :)

Втора сезона : 5 од 5, Вторава сезона исто така ја изгледав за многу кратко време, ликот на Мејсон директорот на CTU во оваа сезона ме изненади позитивно, исто и ликот на Тони. Почетокот не ме бендиса нешто посебно, ама од епизода во епизода ситуацијата ескалираше и едноставно сакаш да гледаш уште една и уште една... Уште на средина од сезоната нечекуван дел, барем јас лично не го очекував, ама сепак, одлична сезона, крајот малку посмирен отколку првата :coffee:

Трета сезона : Пак 5 од 5, незнам дали уште ми е свежа во меморија или шо ама неможам да и дадам помала оценка. Почетоков ме бендиса улогата на Џек, некако посмирено делуваше отколку во минатите сезони каде се претвори од мирен човек со нормален живот до некој што на неколкупати беше спремен да го жртвува својот живот за неговата земја. Еден од омилените ликови во серијава ми беше и претседателов Дејвид Палмер, некако му лежеше улогата, и со какви само предизвици се соочува во оваа сезона... Тешки одлуки паднаа тука, одлуки од кои нема враќање назад и ќе остават последици по многу ликови. Една од омилените сезони од серијава.

Четврта сезона : 4 од 5, помала оценка само заради почетните епизоди, не ми беа нешто нај нај... ама ситуацијата брзо ескалира и работите почнуваат да се дешаваат брзо...најмалку се сеќавам од оваа сезона ваљда не ми остави посебен впечаток, ама затоа убаво се сеќавам на последните епизоди на кои би му дал 5 од 5 оценка, крајот едноставно предобар.

Петта сезона : 5 од 5 :). Нов почеток за Џек, овој пат поучен од минатите сезони бев спремен уште од првата епизода да очекувам многу пресврти. И оваа сезона аполутно го оправда очекувањето што го имав. Претседателот Логан е одлично претставен, и го замразив уште од првиот пат кога се појави, едноставно мразам старчиња на власт :D. Повеќе ликови посебно ми се допаднаа од оваа сезона, Бјукенен, Карен Хејс,агентот од тајната служба Арон Пирс, ќерка му од Џек - Ким... Од крајот презадоволен , заради омразата кон старчето што ја спомнав погоре :coffee:

Шеста сезона : ај ќе престанам со оценкиве оти сеа забележувам дека на сите сезони ќе му дадам 5 од 5 :D. Моменталниот претседател Вејн Палмер, братот на поранешниот - Дејвид Палмер на почетокот не го сакав заради одлуките што ги носеше, ама се на се е добар лик и генерално гледано ми се допадна неговиот карактер. Знаев дека во какви гомна и да го стават Џек дека ќе најде начин да се извади... Во оваа сезона се појавува и Раде Шербеџија од кој како и секогаш - одлична изведба, го долови негативецот во целост. Plot twist : татко му од Џек, ич не го очекував да испадне таков :eek:. Крајот бомбастичен :D, burn baby burn, внук му спасен, а конечно малку мир за Џеки... :cool:


Седма сезона : Во седмава сезона уште на почетокот може јасно да се види арогантноста на американските политичари кога Џек е на судење за се што дотогаш направил иако сето тоа го правел за да ја заштити неговата земја. Знаев дека улогата на Џек како подреден на ФБИ нема долго да трае и дека набрзо ќе превземе целосна 'контрола', ама убаво беше да се види и во таква ситуација. Ликот на Тони во оваа сезона ме остави без зборови, колку само пресврти имаше, без разлика на се, ми остави одличен впечаток и еден од најдобрите ликови во серијава воопшто за мене. Од друга страна, приказната за нападот на Америка не ми беше дотолку верна, црнчиња од другата страна на светот оп излегуваат со триста врски низ целата влада и предизвикуваат хаос. Момент што ми остави добар впечаток, кога црнчето Џума и удри шамар на претседателката , bitch slap :icon_lol:. Ама исто така жал ми беше што еден од омилените ликови во серијава Бјукенен си заминува, ама барем се жртвуваше за својата земја и беше горд на тоа што го направи. И ми недостигаше CTU во оваа сезона, некако нешто фалеше без нив...

Осма сезона : Оваа сезона некако ми имаше сосема поинаква атмосфера од сите дотогаш, подобра. На почеток го гледаме Џек Бауер како живее мирен живот со ќерка му Ким која сега е мажена и има дете, ама работите набрзо почнуваат да се комплицираат, уште кога му се појави на врата 'пријателот' не сакав да се вовлече повторно во гомна, иако таква му е улогата. Во оваа сезона повторно се враќа CTU во сосема ново светло, со најновата технологија. Секогаш сакам да гледам филмови каде ликовите користат нова технологија, а во оваа сезона Џек ќе има на располагање секакви ресурси. Мило ми беше што повторно ја гледав Клои , иако само како обичен аналитичар на почетокот, знаев дека за неа има големи планови кон крајот на сезоната. Не го очекував враќањето на Рене во оваа сезона, и во состојбата во која се врати и даде на сезоната тотално нова перспектива, прикажани ефекти и последици од работата и до кој степен се некои луѓе спремни да издржат тешки ситуации. Дејна Волш ми се допадна на почетокот, ама само на почетокот :). Како ги гледав епизодите една по една , не ми се прекинуваше, секоја епизода си носеше се поголеми предизвици и не недостигаа изненадувања. 17та епизода, враќањето на Чарлс Логан, кое копиле уф... знаев дека ќе предизвика куп проблеми и ќе ги заглави сите. И мило ми е што барем ја наглави и таа кучката од претседател, ептен антипатична ми стана во оваа сезона. Криво ми е за ликот на Рене, одпрво не сфаќав што се ќе предизвика таа ситуација ама набрзо сфатив, до крајот на сезоната тоа е тоа што го мотивира Џек да оди до крај, без разлика на последиците. Колку само ми се направи кеиф кога Џек конечно стигна до Логан, и ќотекот што му го удри, а и пукањето под мостот кога го извади од колата, ауф, акција што му доликува на добра акција од холивуд. Не го очекував таквиот пресврт во серијата од Руското педерче од претседател, криво ми е што не си го доби тоа што го заслужи.. иако не е прикажано, последиците за сите други што учествуваа во заверата ќе бидат големи. Клои одлична глума во последните епизоди, одличен впечаток остави, се покажа како пријател на Џек до крајот... Ликот на Кол исто така позитива на сезоната. Криво ми е што не го вметнале во оваа сезона и Морис, сопругот на Клои, ликот едноставно изобилуваше со харизма :). Крајот му ја дава слободата на Џек што и тоа како ја заслужи, и од тоа што читам по интернетов гледам дека ќе има уште една сезона, или во најмала рака барем игран филм со Џек Бауер како главниот лик кој повторно се враќа да го спаси претседателот. Едвај чекам да излезе такво нешто, само што ја догледав серијава и сеуште сум во еуфорија, досега од сите што ги имам изгледано серии во целост Prison Break ми беше на прво место, ама сега морам да ја ставам една позиција подолу, да се направи место за 24 :cool:. Истото чуство како и кога ја изгледав Prison Break, камо да можам да ја заборавам серијава целосно за по некоја година да можам повторно да ја изгледам целосно и да ми биде тоа пак ново искуство. Предобра серија и кој не ја гледал а обожава акција му ја препорачувам.

Ова го планирав како кратка рецензија и предлог ама може испадна малце подолга, досеа не сум напишал олку голем пост на форумов ама и ова е малку за оваа серија. Кој не ја гледал не знае што пропушта (y)
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Мојата прва одгледана серија во 2007, едно 6 сезони ги цепав недела ипол, скапав од гледање. Нешто успеав да набавам од другари, нешто симнував преку торенти. Имаше претерувања, ама сепак имаше интересантна приказна и добри пресврти, одлични ликови, се на се одлична серија. После одгледаните 6 сезони продолжив со Sleeper Cell(истава ја имаше на А1), The Unit, Prison Break итн. Едвај чекам да почне новата сезона/филм што и да е.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.698
Поени од реакции
6.619
Ќе биде на некоја Фокс шо ја даваат на кабловскиве или само во Америка ова?
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Ќе биде на некоја Фокс шо ја даваат на кабловскиве или само во Америка ова?
Ќе биде на FOX кај нас што ја даваат првата епизода на 12.05.2014, 22:55 - 23:45
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
24.S09E00.Preview.Special.720p.HDTV.x264 [PublicHD]
Ова искочи денес ,ваљда е преглед на оваа сезона ,сеа го симнувам па ке видам што е
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.009
Поени од реакции
6.040
Интервјуа, како е снимана сезоната, како ќе почне и слично. Мал вовед за она што следи утре вечер(вторник сабајле).
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.357
Поени од реакции
25.052
Не сум бил олку возбуден за серија лелеее какви ГоТ какви бакрачи, ова е дрогата. Не знам дали некој е уште активен од старата екипа која ја пратевме серијава, да си подискутираме малку :vozbud:
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.009
Поени од реакции
6.040
9.4 и 9.3 ги оценил првиве две епизоди. :vozbud:
Сеа ќе се симнат, и после ќе се продолжи. И дискусијата ќе може да започне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom