21.12.2012 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
И да се стопат северен и јужен пол нас нема да не фатат.Прилеп е на 700 и нешто н.в .Долу кај Гевгелија ќе го кркаат
 
Најверојатно опасноста доаѓа од топењето на мразот на Антартика. А тоа пак е последица на зголемената вулканска активност....односно соларниот максимум.
 
Oд кај сеа почнавте за топење на мразот да зборите?? Секако до крај на годинава, или поточно до 21ви овој месец, нема ни теоретски шанси да се отопи све, а и да се отопи тоа нема да значи Апокалипса.
 
380894_421174714620857_802926937_n.jpg
:D
 
Aбе, ништо од тоа плановите за планината Бугараш што се спомна неколку страни поназад:

..authorities in France are planning to block access to a southern mountain which believers think could serve as a mystical place of refuge on Dec. 21.

:pos:
 
21 декември 2012.....само знам дека крајот на светот ќе го дочекам на концертот на Аца Лукас во Метрополис...само крајот нека дојде после концертот :)
 
Oд кај сеа почнавте за топење на мразот да зборите?? Секако до крај на годинава, или поточно до 21ви овој месец, нема ни теоретски шанси да се отопи све, а и да се отопи тоа нема да значи Апокалипса.

Па 2012 не е единствениот датум за doomsday сценарија. Единствено најпромовиран од страна на медијата. Почест (барем по круговиве низ кои се вртат мистерии и заговори), е 2020. 2017 е исто така често спомнат датум. 2061 исто така. Ем еден астероид треба да помине отприлика тоа време, а се совпаѓа и со мислам библискиот датум за крај на светот. Тука го врзаа и Нострадамус итн.
 
Да ама темава конкретно е за 2012 а не за 2061..
 
Ем еден астероид треба да помине отприлика тоа време, а се совпаѓа и со мислам библискиот датум за крај на светот. Тука го врзаа и Нострадамус итн.
Непостои "библиски датум" за крај на светот:

Матеј 24:36
”А за оној ден и час, никој не знае, ни небесните ангели, а само Мојот Татко.
 
Непостои "библиски датум" за крај на светот:

Матеј 24:36
”А за оној ден и час, никој не знае, ни небесните ангели, а само Мојот Татко.

Зборев за гаматрија. Имаше некои луѓе кои се разбираат од тоа кои правеле калкулации, и бројот 2061 се добива постојано. Не дека верувам во тоа, чисто го спомнав како fun fact.

Да ама темава конкретно е за 2012 а не за 2061..

Знам тоа. Ама друго ми беше поентата, ти го однесе тоа што го кажав во друга насока :D.

Ти спомна за топењето на мразот кај половите. Дека е невозможно да се случи тоа до 21 Декември 2012. Јас ги кажав дативе чисто колку да спомнам дека има поприфатени дати за некакво деструктивно сценарио, каде додека да дојде тоа време, веројатно може да имаме комплетно топење на мразовите на половите.

И дека 2012 е медиумски трик. 2013та и 2017та беа оригинално поприфатени дати.

Уште еднаш, не дека верувам во doomsday сценарија, но катастрофи можат да се случат, особено близу овие дати. На пример, Соларниот Циклус доживува подем баш во 2013 година. Interesting, isn't it? :D
 
Зборев за гаматрија. Имаше некои луѓе кои се разбираат од тоа кои правеле калкулации, и бројот 2061 се добива постојано. Не дека верувам во тоа, чисто го спомнав како fun fact.
За кој збор се добива таа вредност? Ајде да провериме! :)
 
За кој збор се добива таа вредност? Ајде да провериме! :)

Ако ми веруваш, го заборавив процесот како го добија бројот, и преку што. Но ќе проверам, па ќе се вратам на темава да се надополнам :).
 
Ако ми веруваш, го заборавив процесот како го добија бројот, и преку што. Но ќе проверам, па ќе се вратам на темава да се надополнам :).
Јас го знам процесот, ти кажи кој бил зборот и ќе проверам
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom