Дали беше оправдано бомбардирањето, секако не, страдаше една цела нација, нејзината економија, инфраструктура и тоа на долг рок. Чија е вината, на двете страни да бидеме искрени.
Западот, Германија, Австрија, САД пред се имаа стари долгови кои на србите мораа да им ги наплатат. Србите од друга страна, исфрустрирани затоа што не доминираа како што сакаа во втората Југославија (иако пак беа доминантни во однос на другите, но не колку што тие сакаа) сите фрустрации ги исфрлија во 90-тите со агресивна политика, која на крај им беше погубна. Имаа како влог четвртина население во хрватска, пола во босна, и заради Милошевиќ и некои негови советници-квази историчари и нивните луди теории и проекции, успеаа да преебат се од тоа за пет години. Не знаеја правилно да ја искористат својата политичко-економска и демографска предоност пред другите соседи и затоа се денес каде што се, мизерија.
Овие светскиве џандари пак, не решија ниеден проблем, само искористија момент кога немаше кој да им рече стоп, демонстрираа курчење на балканот, геополитички не пребеаа и нас и србите, држејќи не постојано во страв со отвореното (сеуште) големоабланско прашање, надвор од секакви процедури на меѓународно право.
Инаку, србите во хрватска беа државнотворен народ во уставот на СФРЈ, не сум сигурен, веројатно хрватите 91 со новиот устав и новата држава одма го променија тоа, насетувајќи ја опасноста од агресивните (заради Белград) краинци.