30 Day Book Challenge

  • Креатор на темата Креатор на темата Dumbledore
  • Време на започнување Време на започнување
Day 03 -The best book you read last year

1650904400052.png

Куќата на Мазарена - Слободан Мицковиќ

Имаше 3-4 во кои навистина уживав лани и кои ги оценив со највисока оценка на Goodreads, но ако морам да издвојам една, тоа би било ова малечко ремек дело на македонската книжевност, првиот роман добитник на наградата „Роман на годината“ на Утрински весник, која ја имал судбината во тоа време никој да не сака да го издаде, па авторот одлучил да го издаде сам, како скрипта отпечатена во фотокопирница. За мене една од топ 10 книгите во македонската книжевна историја. И a-must-read!

Еве што сум пишал на Goodreads по читањето:
Првиот добитник на наградата Роман на годината, (тогаш) на Утрински весник, е едно мало книжуле, од 158 страници, во малечок, џебен формат кое се чита во еден здив... Но никогаш не ни претпоставував дека поседува толкава големина што без приговор може да се смести во најзначајните дела на македонската книжевност! Ова е роман кој покажал дека времето е мерило, а не тиражите и изгледот, како што нашиот писател Блаже Миневски инсинуирал на почетокот на милениумот. Да разјаснам, мала историја на Куќата на Мазарена:

Слободан Мицковиќ во 1999 година го дал романот на издавачот Култура, кој за негово издавање конкурирал за финансиска помош од тогашното Министерство за култура, и не ја добил. Култура се обиделе да го издадат со собирање на средства од спонзори, но до истекот на договорот кој го имале со авторот, не успеале да го објават романот. Затоа Слободан Мицковиќ одлучил да го однесе во фотокопирница, каде ископирал дури 10 примероци, скрипти! Како таков, самиздат, го поднесол романот на конкурсот на Утрински весник за роман на годината. Кога романот (заслужено) стигнал до последната фаза од изборот, авторот Блаже Миневски одлучил да го повлече својот роман од конкуренција затоа што според неговата логика, му било испод чест неговиот роман да биде во иста конкуренција со скрипта! Потоа и продолжил со острите напади кон редакцијата на Утрински весник и комисијата која одлучувала за наградата, обвинувајќи дека наградата е наместена. Останатото верувам на сите е познато: ,,скриптата" насловена ,,Куќата на Мазарена" е првиот добитник на наградата Роман на годината, а Блаже Миневски не ни знаеме со кој роман учествувал, а искрено, јас, ни што друго вредно напишал. Наредната 2000 година ,,Куќата на Мазарена" е објавен и на интернет, како е-книга, со дури 2000 симнувања (иако негативните коментари не стивнувале), па на CD, а подоцна и како печатено издание од страна на издавачката куќа Блесок.

Е, истиот тој роман, скрипта, книжуле, е едно вистинско ремек-дело, прекрасно четиво, интересно и чудно структурирано, со неколку наратори и подложно на толку многу толкувања што не знам дали би стигнал да набројам се на што може да ми текне. Вистински постмодернистички роман, автореференцијален, интер- и интратекстуален, со необична нарација, неколку (поточно три (или четири?)) наратори, навидум едноставен, а толку слоевит, богат, голем! Ова е роман темелник во нашата книжевност, таков од кој треба да учат многумина како се пишува. Јас сум просто опиен од сите убавини на Куќата на Мазарена. И ќе го препорачувам на кој ќе стигнам! А доколку некој има на продажба едно од оние 10 оригинално отпечатени скрипти, со задоволство би ја откупил. Цената не е важна, зашто тоа е непроценливо богатство (кажете му и на Миневски)!
 
Ден #4...the book you've reread most often

"Играта на Ангелот" од Карлос Руиз Зафон.

IMG_20220426_073522.jpg

* Ќе се надополнам со некоја импресија. Во светот на Зафон влегов преку тие 3 книги кои важат за детски, ама се далеку од такви.

Хронолошки прва книга од серијалот "Лавиринт на духовите", воедно и нај мрачна, меланхолична и депресивна. Уживав во кратките раскази на Давид Мартин, писател кој добива понуда да напише нова своевидна Библија. Останатите книги одлично се надоврзуваат во приказната, но оваа е сврзното ткиво, душата на приказната, за која нема многу референци во натамошните книги.

Останатите книги (со исклучок на "Заточеник од небото" која е штура, недовршена и единствена која не може да се чита засебно) се повеќе политички и се оттргнуваат од Зафонскиот мистично-мрачен свет.
 
Последно уредено:
Day 04 - the book you've reread most often.

alhemicarotfin.png

Книгава е навистина инспиративна и се е претставно на толку едноставнен и компактен начин. Како едно пакетче, со извонредни животни лекции. Знам дека кога е Коелјо во прашање, има огромна поделеност, но ете, ја имав прилика да ја прочитам книгата во еден бурен период од животот и ми даде една поубава и нова перспектива за наративот на истиот. Има доста филозофски и морални точки, кои се вредни за размислување.
 
Day 03 - The best book you read last year


Screenshot_2022-04-26-08-52-30-658_com.miui.gallery.jpg


Guy Delisle е еден од подобрите цртачи на класични графички новели, Бункер му имаат преведено една графичка новела - Пјонгјанг која ви ја препорачувам ако некогаш се заинтересирате да прочитате некоја.

Factory summers е графичка новела во која е опфатено неговото прво работно место за време на неговите распусти, смени од по 12 саати во топло и бучно место каде се произведувала хартија.

IMG_20220412_085507_366.jpg

Затоа што не ме бива за раскажување на работи, иако ги имам прочитано повеќе пати како на пример оваа графичка новела ве оставам со погоре краткиот опис.
 
Day 04 - the book you've reread most often.

1650958157324.png

Книга прочитана повеќе пати. Најчесто кога сум во лошо расположение. Книга која знае и да ме насмее, да ме расположи. Книга која ќе ве натера преку ликовите во неа, да размислувате за вашите постапки.
Ликот на Доста Рожденката секогаш ме потсеќа дека никогаш не треба да престанеме да сонуваме, затоа што се додека веруваме дека можеме, веќе сме на половина пат до успехот. Доста ќе ви каже дека треба да сонувате на големо и дека не треба да се плашите од неуспехот.
Што е човекот, без соништа? Вреќа полна со коски.
 
Day 04 - the book you've reread most often.

277854912_715885783180637_2430662283241609259_n.jpg

Sve je pocelo ovako rodjaci ...

Na saem na knigata (nekade 2011-12, pri kraj na studii) na mesto na standot na Gjurgja, se zagledav vo standot na Tri.
Se pronajdov vo naslovot na knigata, a veruvam deka sekoj se pronaogja vo odredena mera.
Patuvanje vo svetot na knigite za samo-podobruvanje, koe go definirashe mojot zivot.
Kade i da odam si ja nosam prvata kopija od knigava so sebe. Imam i vtora kopija, a naredno doagjanje najverojatno i treta.
Ednostavno ne mozam dovolno da ja preporacam knigava.

21 poglavje za primena na samodisciplinata za karakterot, finansiite, zdravjeto i vrskite so lugjeto vo nashiot zivot.
Go pocituvam avtorot, relativno stara skola e vo ovaa industrija, ne e ala Toni Robins i kompanija drn drn shema.
 
Ден #4...the book you've reread most often
Да не го повторувам „Малиот принц“ и јас го препрочитувам како и Варвара, јас ќе ја спомнам другата книга која иако огромна, досега сум ја прочитала 4 пати во различни периоди од мојот живот. Првпат прочитана кога се запишував во средно школо. :)
Хенрих Сјенкјевич: Quo vadis

- Каде одиш господе? - праша Петар.
- Да ги спасам оние што ти ги оставаш во Рим <3 (ова требаше да биде срце, ама овде изгледа немаме срциња како емотикон)
 
Ден #3 - најдобра книга што сум ја прочитал минатата година... *Drumrolls*

Тајната на Алексо...

овај де „Жените Гаврилови“ - Кица Колбе (Табернакул)

165440035_10159389936169266_4863137807421205301_n.jpg

Ден #4 Книга која неам мака да ја читам одново и одново - ова е веќе толку очигледно...
Новеченто - А. Барико.
Пошто е мала на обем а има длабочина на класик. Секогаш лошото расположение може да го трансформира во позитивно. Чак и короната со ова би се сложила.
 
Day 03 - the best book you read last year

1651007433316.png
Лани читав скоро исклучиво Дилан Дог и овој ми е убедливо омилен меѓу бројните топ-тиер епизоди. Можеби не е баш популарен овој стрип, но колку и да се другите генијални со извонредни твистови и неизвесности, овој има многу повеќе од приказна. Невообичаениот пристап на нарација заедно со емотивноста и ранливоста на ликовите е тоа што ме освои и што го прави овој стрип за мене лично посебен и за нијанса подобар од другите одлични приказни.
 
Ден #5... your favorite book series

ХП.

Книги со кои ми поминуваше летниот распуст, книги кои ги читав на плажа, книги кои ги читав на планина, книги кои ги читав пред спиење се до рани зори, книги поради кои се вљубив во мојата прва љубов: книгата. :love:

преземање.jpeg
 
Day #5 - your favourite book series
Покрај „Господарот на прстените“, веќе спомнат, мене ми се омилени и:
Даглас Адамс: „Водич низ галаксијата за автостопери“ :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom