Шумахер се враќа, но во Мерцедес

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Уф, лошо :( Ќе си остане мој омилен Ф1 возач кого го сакам најмногу, но мојата поддршка секогаш ќе ја има Ферари :)
Исто исто... Уште ми стои постерот од него зад компјутерот Ф 2000
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.457
Поени од реакции
419
Заради него гледав формула и станував во никое време кога возеа надвор од Европа и ги броев часовите до наредната трка... Сепак јас сум фан на Ферари, му посакувам среќа на човекот иако мислам дека не е мудар потег, ако вози во лоша форма ќе си го расипе реномето на возач број 1 во историјата на мотоспортот. Ќе биде интересно да го гледам, но моите симпатии остануваат во Маранело со црното коњче на црвениот болид. :smir:

И уште нешто... Не ги мешајте МекЛарен Мерцедес и Мерцедес ГП.
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Па пред тоа имаше и шпекулации,слични на тие во првиот пост,дека ке се врати во Ферари да вози,дури и правеше пробни возења,од кај знаеш,може утре да кажат потпишав за Ферари ??!?!?!?!
Затоа додека не се види се црно на бело,новинариве може во секоја екипа да го сместат.
Изгледа грешно ме сфати ја нереков дека шуми 100% иде во Мерцедес никој неможе да биде сигурен доколку не се попише договор одкако ке се потпише тогаш е сигурно јас само го изнесов мислењето околу сеуште шпекулациите дека ке Шуми ке вози за мерцедес.
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Ахх, омилениот мој пилот се врати, само не во Ферари :(. Од кога се пензионираше, си останав за Ферари но навивав/м за Фелипе Маса. Ке го подржувам и понатаму Ферари, но мило ми е што ке го видам пак на старите патеки.
Welcome Back.
 
F

Fulcrum

Гостин
Нека му е со среќа,само се надевам дека двете титули,за возачи и конструктори ќе завршат во Ферари.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Дефинитивно еден од моите омилени возачи, но ова што оди во Мерцедес ич не ми се бендисува...:tapp:
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
И уште нешто... Не ги мешајте МекЛарен Мерцедес и Мерцедес ГП.
Пак: Мерцедес ГП не е еднакво на Мекларен Мерцедес

2 различни тимови.... И лани Браун имаше мотор од Мерцедес. За годинава, Мерцедес дооткупи акции во Браун ГП, и кога стана доминантен си го ребрендира од Браун во Мерцедес.

Исто како Торо Росо што има мотор од Ферари...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Маде во песок... Шумахер е историја и таму требаше да остане.

Со превземањето на Браун од Мерцедес, Рос дојде до некое евронче отпојќе, и го врати Шумахер од пензија. Не очекувам ништо посебно (освен да се избрука), премногу промени има во Ф1 од неговото заминување.

Одсекогаш сум го мразел Шумахер поради нефер политиката што ја имаше во Ф1 и играњето со ниски удари, мада 7-те титули неможат да му се заборават, па продолжувам со мојата политика на неподдржување на Шумахер.

п.с. Ај да се врати Лауда, Пике, Прост и компанија за да биде Ф1 интересна :tapp:. Нека седнат од FIA и нека си ја удрат главата од ѕид, враќањето на Шумахер (особено ако е неуспешно) нема да ја промени сликата и реалноста за намалената гледаност на Ф1 во последните 3-4 сезони,
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Ццццц :tapp:

Ајде сега пола навивачи и обожаватели на Ферари, премештај во Мерцедес .. А најжално и патетично е тоа што ќе му падне култот и големата репутација која што ја уживаше како една од иконите во историјата на Ф1.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Поради човеков почнав да гледам Формула и да навивам за Ферари. Поради него станував у 5 или 6 сабајле за да ги гледам трките надвор од Европа. Ќе ми остане во најдобра меморија човеков, но додека возеше за Ферари. Сега е само еден ривал за титулата на Алонсо и на Маса. Ама ссепак сигурно ќе порасне годинава гледаноста на Формула 1 со оглед дека најдобриот се враќа:toe:
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
Незнам што да кажам. За првенството ова е одлично но за мене како фан на Ферари не баш. У секој случај ме радува тоа што Алонсо е во Ферари и повторно ќе има шанса да се проба со Шуми но сега зад воланот на вистинскиот тим.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Незнам што да кажам. За првенството ова е одлично но за мене како фан на Ферари не баш. У секој случај ме радува тоа што Алонсо е во Ферари и повторно ќе има шанса да се проба со Шуми но сега зад воланот на вистинскиот тим.
После оние дубари околу поделбата на формула на две првенства ова е вистински погодок кон подигање на нивото на фоемула 1 првенството. Му се лутам на Шумахер, ама свесен сум дека за се е крива парата, а и стари долгови. Сепак Ферари е пред се, па Шуми. Така ќе имаме поголем број на фаворити на патеката. :helou::wink:
 
M

Mario Gómez

Гостин
Отсекогаш навивав за мекларен, никогаш не сум навивал за возач. По две години сега повторно ќе загледам формула 1!

Шуми мадафака.:ger:
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Отсекогаш навивав за мекларен, никогаш не сум навивал за возач. По две години сега повторно ќе загледам формула 1!

Шуми мадафака.:ger:
Не е убаво за еден млад господин како тебе да посакува вакво нешто на Шуми, затоа што мајка му почина пред неколку години!:smir::wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom