Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
10 декември 2019
Мислења
77
Поени од реакции
219
Why Nationalism од Yael Tamir


Писателката е поранешен член на Кнесетот од редовите на Работничката Партија на Израел, поранешна министерка за образование и имиграција, професорка на Оксфорд и претседател на колеџ во Израел.

Авторот, добро познат либерал и борец за човекови права, во книгата застапува анти-глобалистички и анти-неолиберални гледишта и дава аргументи во прилог на десничарските движења. Изгледа навистина важи изреката „Не си човек ако во младоста не си левичар, а во староста десничар.“

(извадоци, слободен превод од англиски) Либералите сакаат да не убедат дека националистите се морално инфериорни споредено со глобалистите. Лесно е да се биде глобалист ако ги уживаш бенефитите на отворениот пазар, или да поддржуваш имиграција ако се осеќаш безбедно со својот социјален статус и не се плашиш дека новодојденците ќе ти го земат работното место, ќе ја намалат вредноста на твојот имот со давање под кирија на соседниот стан... Ако ставовите што некој ги има по однос на дебатата нација или глобализам, силно се поврзани со личниот интерес, тогаш нема причина да се тврди дека една од страните е во право морално или рационално.

Сигналот на Спутник е стимул за новиот бран американски национализам, кој донесе реформи во науката и инженерството и овозможи Америка да си го поврати местото на технолошко и национално ниво.

Европската Унија го избра омиленото музичко дело на Хитлер, Одата на радоста, за своја химна, потврдувајќи ја краткотрајноста на човековата меморија, или можеби победата на надежта над искуството.

Во интересна замена на улоги, Кина сега е бранител на глобализмот, имајќи го САД од другата страна. Претседателот Џи Пинг е тој кој сега брани слободен пазар и политика на Појас и Пат.

Брегзит ги спротистави националистите и глобалистите. Сега евроскептицизмот се шири низ светот. Граѓаните избираат да ја стават својата нација на прво место и имаат силни аргументи зошто нивните барања треба сериозно да се земат во предвид.

Брутален неолиберализам на една страна, нацизам на друга. Да се балансира некаде измеѓу е морална и политичка врлина. Затоа мора да земаме во предвид широки идеи од различни политички теории и да позајмуваме од нив она што е вредно и во интерес на сите.

Тој еден процент (кој поседува 25% од светското богатство) користи сѐ што ѝ е на располагање за да ја измени перцепцијата за реалноста и да ја направи нееднаквоста поприфатлива од што реално треба да биде. Владејачката елита ги поседува не само средствата за производство, туку и интелектуалните добра, што им овозможува да ги претстават своите гледишта како универзална вистина.

Нацијата е составен дел на современието. Наместо да го дефинираме национализмот како резултат на современието, современието треба да се дефинира како производ на национализмот.

Националистите стремат кон мотивирање на народот да стане политички активен и културно креативен и тој (народот) да се изрази како во приватниот, така и во јавниот живот. Модерните нации-држави даваат можност на народот да земе учество во политичката, моралната и културната сфера.

Границите се создадени за да бидат затворени, за да повлечат линија помеѓу тоа што е внатре и тоа што е надвор. Минувањето на таа граница треба да биде исклучок, а не правило. Прогласување сувереност на еден народ врз територија и признавање на политички и социјални права на разни малцинства, се основата на национализмот и демократијата. Ова чуство на поврзаност ја претвора територијата во дом, а ова чуство на имање дом прави луѓето да се грижат за него и да допринесуваат во неговото одржување.

Со помошта на национализмот, државите се претвораат во татковини, места со кои се поврзуваме преку љубов и верба. „Во добро и зло, во богатство и беда, во здравје и болест, додека смртта не нѐ раздели.“ Ни патриот не би можел да го каже поубаво од ова.
 
Последно уредено:

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Идиот на Достоевски

Иако тетка ми се превртува у гроб најверојатно за поклонувајќи ми ја hardcover Достоевски колекцијата, Идиот уште ја немам прочитано. Би ја ставил како цел за во новата најверојатно, меѓутоа доста интересна приказна, имајќи еден горчливо смешен тон кој иако беше доволно акцентиран публиката одбиваше да се насмее, бидејќи би се смеела на реалноста, and thats not good.
3 godini podocna, my body is ready
Posle 100 strani ukapirav deka ke mi padnat racite od citanje

IMG_20210130_182623.jpg
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
3 godini podocna, my body is ready
Posle 100 strani ukapirav deka ke mi padnat racite od citanje

Прегледај го приврзокот 282138
Oд дедово кој бил даскал во основно училиште до 4-то и кој купувал книги, ги имам наследство овие црниве од Достоевски. Не се комплетни. Во нив најдов порано чак и некои забелешки пишувани со него ракопис што ги тргал настрана и едно сликче од некој албум тогашен со партизани нешто. Не се комплетни ама се ептен добро сочувани со топ превод од тоа што сум читал.
Муабетов ми беше ако ти падни в рака Демони. Маестрално дело, три тома ама ептен мадафакерско.
145141766_424019015570736_496906611067757186_n.jpg
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Вчера ја почнав "Го имам служено англискиот крал" од Бохумил Храбал. Предолги реченици, одредени реченици се долги и една страна! Значи објаснува одреден настан во една реченица! Ќе и дадам уште една шанса, ама одма преминав кон "Патот" од Кормак МекКарти. Книгиште, ми остава одличен впечаток. Одлични описи и наратив. Дефинитивно почетокот многу ветува.

И по двете книги се снимени филмови. Првата ја земав поради листата на Zlatikevichius од 100 книги од овој дел од Европа. Книгата е во издание од Антолог и искрено не знам дали ќе ја дочитам, ама ќе и дадам уште една шанса. После тоа сакам да го изгледам и филмот.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Вчера ја почнав "Го имам служено англискиот крал" од Бохумил Храбал. Предолги реченици, одредени реченици се долги и една страна! Значи објаснува одреден настан во една реченица! Ќе и дадам уште една шанса, ама одма преминав кон "Патот" од Кормак МекКарти. Книгиште, ми остава одличен впечаток. Одлични описи и наратив. Дефинитивно почетокот многу ветува.

И по двете книги се снимени филмови. Првата ја земав поради листата на Zlatikevichius од 100 книги од овој дел од Европа. Книгата е во издание од Антолог и искрено не знам дали ќе ја дочитам, ама ќе и дадам уште една шанса. После тоа сакам да го изгледам и филмот.
Одлична е “го имам служено англискиот крал”. Откога ќе се навикнеш на речениците и на стилот, целата убавина на приказната излегува на виделина. Дај и уште една шанса :D
 
Член од
10 декември 2019
Мислења
77
Поени од реакции
219
Trajno zabeleženo - Edward Joseph Snowden


Ја барав на српски, пошто одамна немав читано нешто на овој јазик.
Добропознат на сите, американски свиркач кој во 2013 година му откри на светот дека владата на САД собира метадата за секој телефонски повик, пратена порака, имејл, користен компјутер...
Книгата е автобиографија, од неговото најрано детство и интересот за компјутери, до вработувањето во ЦИА и НСА, неговите морални вредности и бегството во Русија.

Стр. 195-197 (во контекст на претстојниот попис во Македонија и фамата околу националноста во личните карти):
„И во нацистичка Германија и во Советскиот Сојуз, најраниот јавен показател за таков надзор го имал безопасниот облик на попис. Првиот сеопфатен попис во Советскиот Сојуз од 1926 покрај пребројувањето на населението, имал и скриен план. Сосема отворено барал од граѓаните да се изјаснат за својата националност. Резултатите им покажуваат на етничките Руси, кои ја сочинувале советската елита, дека се малцинство во споредба со граѓаните од централна Азија (Узбекистанци, Казакстанци, Таџикистанци, Туркменистанци, Грузијци, Ерменци), што резултирало со одлука за постепено бришење на нивната култура и превоспитување со помош на погубната марксистичко-ленинистичка идеологија.

Пописот во нацистичка Германија од 1933 имал облик на обичен статистички проект, но со помош на компјутерска технологија. Рајхот соработувал со компанијата Дехомаг, која била огранок на американската IBM и поседувала патент за изработка на бушени картички и табулатори, своевиден аналоген компјутер. Податоците од пописот подоцна биле користени за идентификација и депортација на Евреите во логорите на смртта.

И САД спроведувале пописи на населението. Уставот определил дека тој се спроведува на секои десет години, што претставувал временски период потребен за обработка на податоците после првиот попис, спроведен во 1790 година. Овој десетгодишен период е скратен на пет по пописот од 1890 година, кој бил прв попис на светот во кој биле користени компјутери (прототипи на моделот на IBM, кој подоцна е продаден на нацистичка Германија).“
 
Член од
19 април 2014
Мислења
400
Поени од реакции
1.115
Љубовологија - Бруно Шимлеша
Ова ти е од оние книги да научиш да се сакаш себе си бла бла бла (ќе го сликам краткиот опис од задната корица), купена ми е пред 3-4 години и ме фати инат да ја прочитам пошто сум давал пари бе.:ROFLMAO:
Инаку бавно ми оди и едвај чекам да ја довршам.
20210301_160737.jpg
 
Член од
17 март 2017
Мислења
315
Поени од реакции
513
"Приказната за Кристијане Фелшеринов" е потресно сведоштво за Кристијане,14 годишна тинејџерка од Берлин,која поради тешкото и несреќно детство утеха наоѓа во пороците.Физички и психички малтретирана од својот татко,немоќноста на нејзината мајка да го спречи тоа и со цел да биде прифатена од друштвото ја туркаат Кристијане во светот на дрогата.Прво со марихуаната,потоа посегнува по хероин за набрзо да почне и со малолетна проституција...

20210311_092236.jpg
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
@dobramuzika сликите се избришани.

Правило во темава е да се напише збор, два за книгата што ја читаме. Репостирај ако сакаш со коментар за книгите.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
400
Поени од реакции
1.115
Дневникот на заводникот - Сорен Кјеркегор
Оваа книга всушност е дел од Either/Or во кое Кјеркегор пишува за естетиката и етиката. Иако издавачите и продавачите ја претставуваат книгата како да е од оние селф хелп книги: прочитај ја и ќе научиш да заведуваш, воопшто не е таков тип на книга. Во главно зборува за естетиката на заведувањето и животот на еден естетичар ама сепак мислам дека за целосно да се разбере филозофијата која ја пишува Кјеркегор треба да се прочита целото дело either/or кое за жал мислам дека се уште не е преведено на македонски јазик.
 
Член од
23 март 2021
Мислења
17
Поени од реакции
78
„Доживувањата на добриот војник Швејк“ - Јарослав Хашек. Како само ми се допадна хуморот во книгава. Толку многу интересни случки има со Швејк, особено во вториот дел, што сум се смеела на глас и онака ти иди да се подзамислиш на момент што си прочитал. Швејк е избркан од војска затоа што е прогласен за идиот. Потоа, го следиме како е испратен во лудница па доделен како помошник на воен свештеник, па испратен како помошник на офицер. И на овој начин тој станува учесник во војната (I Светска војна). Но, низ комичните ситуации во кои се наоѓа доаѓа да се запрашаме дали тој или тие околу него се глупави.Многу мил и симпатичен лик е Швејк, некако се соживуваш со него. Мислам дека Хашек уште 3 дела планирал да напише ама прераната смрт го спречила. Штета, баш сакав да видам како ќе завршеше Швејк на крајот.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Momentalno ja citam This is How You Lose the Time War od 2019 napisana od dvajca avtori

Interesen koncept na raskazuvanje so ostavanje pisma pomegu Red i Blue, zavoeni agenti sto patuvaat niz vremeto za da si ja osigurat sto najdobrata idnina za nivniot front. Mnogu sterilno raskazano, nema socnost, no dava i toa smek, nadmudruvanjata se clean cut poradi toa i interesni za sledenje, banterot sto go imaat e malku pomoderen i preminuva vo flert i laskanje. Pretpostavuvam e ljubovna prikazna na kraj.

No zarem nekogas dosta od space odisei raskazuvajki za nekoja ljubov koja in the end, TOPS IT ALL?

Ne!

IMG_20210703_193217.jpg
 
Последно уредено:

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Momentalno ja citam This is How You Lose the Time War od 2019 napisana od dvajca avtori

Interesen koncept na raskazuvanje so ostavanje pisma pomegu Red i Blue, zavoeni agenti sto patuvaat niz vremeto za da si ja osigurat sto najdobrata idnina za nivniot front. Mnogu sterilno raskazano, nema socnost, no dava i toa smek, nadmudruvanjata se clean cut poradi toa i interesni za sledenje, banterot sto go imaat e malku pomoderen i preminuva vo flert i laskanje. Pretpostavuvam e ljubovna prikazna na kraj.

No zarem nekogas dosta od space odisei raskazuvajki za nekoja ljubov koja in the end, TOPS IT ALL?

Ne!

Прегледај го приврзокот 300462
4 od 5.
Pismata se mnogu lyrical, poetski i uzivav vo flertot, iako krajot ne me bendisa, brzo se cita i bi ja preporacal. Nesakajki se pogodi bas za pride month. :d


Vikendov pocnav od Sanderson, Mistborn serijalot odnosno prvata Final Empire, da mu dadam sansa bidejki me privlekuva odamna. Uste e mnogu straight forward ama ke videme. Zasega moze da se posvetam na prvata kniga samo, drugite - zavisi.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom