Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
26 ноември 2014
Мислења
834
Поени од реакции
1.368
Алхемичарот, конечно. На толку пофалби и кревања и препораки, баш ме интересира колку сум испуштил досега.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.753
Инферно-Ден Браун

Всушност само што ја завршив денес. Различен правец, различна поента и различна тема во споредба со претходните три книги со ликот на Роберт Ленгдон. Додека во "Ангели и Демони", "Кодот на Да Винчи" и "Загубениот симбол" Ден Браун претежно обработува теми поврзани со религијата, библијата и уметничките дела, овој пат книгава нуди нешто поразлично. Како што и по насловот може да се претпостави основен водич е поемата "Пеколот" која е дел од "Божествената комедија" на Данте Алигиери. Пеколот од поемата е употребен како почетна точка, како причина за дејствата низ целата книга испреплетени со наука и според мене фантазија и една голема илузија. Страшно сум задоволен иако книгава не ми овозможи материјал за расправање со религиозните фанатици :D
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.736
Поени од реакции
24.389
Неподносливата леснотија на постоењето од Милан Кундера, по препорака од @Вокерка и @Saladin. Конечно ѝ дојде ред. :)
На почетокот сум и сеуште немам многу да кажам, освен дека е тешка за оставање затоа што уште од самиот старт го буди интересот кај читателот.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
По првиот случај на Шерлок - "Study in scarlett" се префрлив на две напоредно. Едната е „Не дај ми никада да одем“ од Казуо Ишигуро по изгледаниот филм "Never let me go". Уште од почетокот има огромен наплив на емоции, трагичност и кај некои ликови индиферентност. Стилот е прекрасен.
Втората е „Г-Дур“ на Тамара Јолевска-Попов, кратки раскази, чуден multiple personality стил, некои од расказите се многу приемчиви и познати, другите се апстрактни и недокучиви. Интересно во секој случај. Еден хејтерски хумор.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Quo vadis ~ Сјенкјевич

Она што фасцинира во книгата е деталниот опис на настаните и времето во кое се случува. Сјенкјевич маестрално го прикажува владеењето на Нерон, големиот пожар во Рим и игрите кои во амфитеатарот се приредувани за широките народни маси, описот на тој страст но и гадење додека некој си игра со човечките животи, појавувањето на христијанството и целата таа приказна околу него наспроти големата империја.
Ликовите кои се појавуваат се патрицијот Винициј и младата Лигија, патот на нивната љубов ќе доживее една голема голгота. Сјенкјевич дава одлични дијалози помеѓу главните ликови.
Препорака, оваа книга вреди да биде дел од секоја домашна библиотека.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Расказите од Алан По. Прееска го прочитав најдобриот расказ од целата колекција, а воопшто и од моето скудно искуство со раскази, засега еден од најдобрите. Куга е насловот. Какви прекрасни описи кои везат морничави конци кај читателот со секоја прочитана реченица. Визуелно изцртана цела околина со се ликови. Такви описи се искористени во книгата, што уште еднаш ми дадоа потврда за маестралниот, несекојдневен ум на По. Иако краток, интересен развој на настаните и финиш. Се фасцинирав од тие неколку кратки страни, и едниствена замерка ми беше тоа што за 20тина минути ми заврши задоволството. Можеби ќе го прочитав и за пократко време, да не се навраќав на одредени реченици кои ми се видоа апла симпатични.
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
118
Поени од реакции
53
Вчера ја купив "Лола и момчето од соседството" од Стефани Перкинс, по описот позади на книгата многу ми наликува на "Девојката од возот" од Пола Хокинс. Во книгата на Перкинс девојката е луда по мода и костими, а кај Хокинс по алкохол. Е сега, ја прочитав само првата глава и уште сега можам да го предвидам крајот на книгата. Се исти роднински врски и се исти љубовни приказни. Мислам дека во последните неколку години и авторите веќе губат смисла за пишување и дека сите препишуваат едни од други само што малку ќе го изменат токот на настаните и секако, имињата. Ретки се тие автори кои ќе напишат исклучително добра книга што ќе остане подолго време во сеќавање - зборувам за денешно време.
Една што ми остави голем впечаток е "Прошетка по облаците" од Ева Мари Еверсон. Ја прочитав за 2 дена, а има околу 280 страни. До толку ме привлече книгата што не можев да ја испуштам од рацете. Топло ја препорачувам на сите кои покрај љубовна приказна, сакаат и малку мистерија, топли сочувства и нежност.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.793
Поени од реакции
7.018
Јa пoчнувaм aнтoлoгијaтa нa сoвремен јaпoнски рaскaз veśtina senćenja. Тoa е кoлекцијa нa нaјзнaчaјните јaпoнски писaтели oд 20ти век, генерaлнo зa мене пoнепoзнaтa книжевнoст.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
"Мрачни тајни" од Хaнс Розенфелд

Бев до Матица пред нова година и книгава им беше на новогодишен попуст. Ги прашав дали е налик на Шепнувачот од Каризо, ама тој ми рече дека била поинаква. Поинаква е според мотивот за убиствата, но генерално се разгледува слична тематика, решавање на убиство (кое потоа води кон неколку нови убиства) и приватниот живот на сите кои што се вклучени во истрагата (полиција, детективи, осомничени, сведоци). Авторот е Швеѓанец и дејството се случува во Шведскиот град Вестерос, каде што има убиство млад средношколец. На телото му недостасува и срцето, па на почетокот тргнуваат со помислата дека се работи за ритуално убиство. Се работи за момче кое во текот на своето основно образование било предмет на исмевање меѓу соучениците, а слични работи се случувале и во првата од неговото средно образование. Се префрлува во приватна гимназија, каде што нема некои поголеми проблеми, ниту пак стекнува премногу нови познанства. Истрагата е доста интересна и до крај не може да се предвиди ниту кој е мотивот за убиството, ниту пак кој е изврителот на истото. Во истрагата е вклучена националната полиција за убиства од ваков тип, Риксморд, а потоа во истата се вклучува и еден пихолог кој си има свои мотиви поради кои решава да помогне во случајот. Всушност, тој е главниот лик во целата книга и со негова помош ќе го решат случајот. Развојот на настаните те тераат да свртиш на крајот и да видиш како завршува книгата, но на моменти "кога случајот станува поинтересен", малку повеќе се навлегува во животите на оние кои се вклучени во истрагата и дејството се одвива прилично бавно. Животот на психологот е посебна приказна. Познат е по решавањето на убиства од ваков тип, но пезниониран е веќе подолго време, по смртта на негови најблиски. Важи за голем женкар, и во спиењето со најразлични жени бара утеха од кошмарите кои го прогонуваат секоја вечер.
Интересна книга, љубителите на книгите од ваков тип, мора да ја прочитаат :D Убава е склопена, може да се видат размислувањата за убиството, љубовта и материјалното општество од најразни аспекти, а ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.
Се среќава и под името "Мажот кој не беше убиец", израз кој доста често се среќава во книгата, ама нема да откријам повеќе :D
 

Mason_Petrarka

Servant of Morgoth
Член од
19 декември 2009
Мислења
157
Поени од реакции
23
Моментално, парчињата за Роберт Ленгдон од Ден Браун. Една за друга ми побудија големо задоволство. Ангели и Демони, Кодот на Да Винчи, Загубениот Симбол и сега имам уште 60тина страни од Инферно. Ако смеам да се изразам како сакам, можам да кажам само еден збор. Маафака :nesumjas:
 
Член од
26 ноември 2014
Мислења
834
Поени од реакции
1.368
Strav i gadenje vo Las Vegas(na makedonski)

Nema sto da kazam za knigava sto ne e kazano za nea i za filmot.

Preku tzv gonzo novinarstvo, termin sto go izmislil avtorot i znaci stavanje na novinarot vo samata prikazna za koja izvestuva, knigata te stava vo takva atmosfera nebare veke si na zadno sediste na dolg kabriolet i se vozis niz pekolno topol den niz Nevada i brkas liljaci zaedno so Djuk i samoanecot.

Toa dolgo vozenje niz pustinata i potraga po Americkiot son bese naglo prekinato so bukvalno prevedeni frazi na makedonski od koi mi se sobirase kozata, no se na se knigata e odlicna.
 
P

Patience

Гостин
Денес ја прочитав Гордост и предрасуди од Џејн Остин.

Англија, раните години на 19-от век. На почетокот на романот е претставено семејството Бенет, господин и госпоѓа Бенет заедно со нивните пет ќерки. Најстарата има 23, а најмладата 16 години. Нивната мајка е преокупирана со намерата да ги омажи нејзините ќерки во богати семејства. Во нивното соседство ќе се досели богатиот господин Бингли придружуван од неговите две сестри и господин Дарси. Тоа е прекрасна шанса за ќерките од семејството Бенет. Нивната мајка ќе среди тие да присуствуваат на балот на кој ќе бидат присутни и богатите мажи. Двете најстари ќерки Џејн и Елизабет се запознаваат со Бингли и Дарси. Џејн веднаш го привлекува вниманието на Бингли, додека пак Дарси не е воопшто импресиониран од Елизабет. На почетокот нејзините односи со господин Дарси не се баш најдобри, но низ низа на настани Елизабет открива дека Дарси воопшто не е таков каков што мисли дека е...

Интересна за читање во секој случај (y)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Раскази од Гогољ. Од Алан По на Гогољ се префрлив сега. Разлика во стилови небо и земја, а и двајцата претерано силни и специфични по себе. Кај Гогољ ми се допаѓа онаа навидум голема едноставност во стилот, која ито како добро ја слика Русија и целото општество и поставеност на тогашниот систем. Му ги сакам и оние мозочни излети, кога знае да купи со некои чудни мисли кои чиниш дека човечкиот мозок ни на крај памет нема да ги зграби и пласира низ пишаниот збор. Особено му ги сакам описите на луѓето. Во кратки црти знае да ги наслика до детал, па тек потоа почнува да те води низ приказните. На сам почеток сум, Невски Проспект го прочитав и така салам ме здрма во еден момент. Некогаш фантазирањето скапо се плаќа. Втор на ред е Нос, стигнат сум некаде до половина. Во истиот расказ се обработува претерано чудна идеја чија суштина сеуште не ми е зграбена, поради недостаток на текст, т.е не ми е прочитан расказот до крај. Засега си води опасно добро низ метафорите.

(Инаку најмногу читам статистики за убиствава и телесните повреди во Македонија за да ја разглобам феноменологијата и етиологијата кај истите, ама со то нема да ве тупам, така да останувам на оваа симпатичната страна) :D
 
P

Patience

Гостин
Ја завршив денеска и Оркански височини од Емили Бронте.

Англија, 18-ти и почеток на 19-ти век. Прикажан е животот на луѓето што живеат на два имоти: Трашкрос Грејнџ и Оркански височини. Целиот роман е всушност раскажување на настани од страна на гувернантата Нели Ден, една нејзина ретроспектива на животот на овие две места во изминатите 50 години.
Роман за љубовта и омразата, угнетените и угнетувачите.
Како што прочитав во поговорот, ова е и единствениот роман на Е. Бронте. Внимателно се опишани луѓето, нивниот изглед, постапки...

Прекрасен е, топло ви го препорачувам да го прочитате. (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom