Што читате во моментов? (со краток коментар)

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
моментално читам литература од типот на авантура/мистерија/историја,некој период таков ме фати:)..и ја прочитав Пирамида од Том Мартин,интересна книга за тоа како постоела некоја напредна цивилизација која ги изградила Пирамидите(конкеретно Гиза) т.е. дека пред ледената доба Антартикот бил населен и на таа територија живеела таа цивилизација....интересна и лесна книга за читање

а следна за читање ми е Еквинокс од Мајкл Вајт...
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Љубов во време на колера од нобеловецот Габриел Гарсија Маркес.



Љубовта на Флорентино Ариcа е епcка, за цел живот, иако невозвратена. Тој чека повеќе од педеcет години за да добие барем малку нежноcт од предметот на неговите први cоништа и иако го дал cвоето cрце на многу жени, cекогаш го cледи тој пламен на првата љубов, кој му дава cмиcла и наcока на целиот негов живот. Фермина Даcа е горда, недоcтапна мажена жена, која го руши неговиот cвет cо одбивањето од младоcта, но тој има cила да ја чека cвојата награда, поcтојано надевајќи cе дека ќе дојде денот кога таа ќе cтане вдовица.

Ова е роман за љубовта, cтароcта и cмртта, но и роман кој го cлави поcтоењето, бидејќи животот, повеќе отколку cмртта, е тој што нема граници. Како што полека cтареат ликовите во романот, полека умира и една земја измачена од болеcти и војни, но cепак низ cтраниците преовладува чувcтвото на оптимизам поради темата за значењето на животот, љубовта, и животот во име на љубовта.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Пред некој ден ја почнав Зоја од Паскал Гилевски, интересна приказна за една девојка Зоја проткаена со многу еротски сцени.
 

milky

битолчанка
Член од
20 август 2009
Мислења
39
Поени од реакции
2
vo momentot ja citam otkrija svojata sudbina delovi od kalugerot sto go prodade svoeto crveno feraro i mislam deka e mnogu jaka kniga dodeka ja citam se cuvstvuvam kako se da imam doziveano mnogu od toa a sigurno ne sum znaela kako da postapam vo tie momenti zatoa ja preporacuvam na site ima sto da se nauci stvarno:nesvest:

--- надополнето ---

vi ja preporacuvam i prokolnata zemja od miron dinkov roman za nasata napatena makedonija ispolnet so taga bistina bolka nasmevki istorija i umetnost odlicno debitantsko delo koe ke ve ostavi bez zdiv site onie koi ke imaat privilegija da ja procitaat surovata vistina na makedonija prikazana niz istorijata na edno semejstvo :toe:
 
Член од
1 јануари 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Само што ја завршив Сенка на ветрот од Карлос руиз зафон и книгата е прекрасна, не можев да ја оставам. Би ја препорачувам на сите, а следна за читање ми е Папата јована.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Антихрист- Ниче
Како може да се коментира Ниче, а тоа да не е клише?
 
E

elena.

Гостин
Значи...повеќе работи читам:
1. Раскажи ми ги соништата - Сидни Шелдон
2. Демијан - Херман Хесе
3. Тајниот свет на една купохоличарка - Софи Кинсела
 
P

Pupi paff<3

Гостин
Ја читнав Дамата со камелии-Александар Дима, и толку многу ми ги задоволи критериумиве мој за добра книга шо после нејзе неможам да почнам друга книга.
Се спремам за Шангај,бејби- добри критики,многу еротика:smir:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
„Момче“ - Достоевски.

Човекот кажал сè зошто ние воопшто се обидуваме да измислиме топла вода? :)

Ќе цитирам само мал дел од почетните реченици.​

„Не можејќи да се стрпам, седнав да ја напишам оваа историја на моите први чекори на животното поприште, иако можев да поминам и без тоа... Едно знам сигурно: никогаш нема да седнам да ја напишам мојата автобиографија, па макар да живеам и сто години. Човек мора да биде премногу подол и во себе вљубен за да може без срам да пишува за себеси. Сепак се оправдувам со тоа што не пишувам од истите причини поради кои пишуваат сите други, т.е. не пишувам за да ме фалат читателите. А тоа што одненадеж се решив да напишам од збор до збор сè што се случи со мене во минатата година, тоа го сторив од внатрешна потреба: многу сум потресен од сето она што се случи...“
 
Член од
6 јули 2010
Мислења
31
Поени од реакции
29
"Идеальныј пресс" , "Самоучитель теории музыки" , "Хохот шамана"
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.400
По препорака од Walker girl ја почнав Папата Јована. Лесна и интересна за читање, убав опис на средниот век после Карло Велики. Прикаска за една девојка и како таа ќе тане папа. Досега на втората четвртина сум ама моижам да кажам ме заинтригира книгава.
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Еквинокс(Рамнодневница) од Мајкл Вајт........мистичен трилер во кој се опфатени историските и алхемичарите на 21 век и нивната желба за "Вечната младост и владеењето".....самиот крај е доста интересен:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom