The Gulag Archipelagо, Aleksandr Solzhenitsyn
"До 1966, осумдесет и шест илјади германски нацисти беа процесирани во Западна Германија. Зошто на Германија и е дозволено да ги казни своите злосторници, а на Русија не?“
„Мора јавно да биде осудена идејата дека некои луѓе имаат право да вршат тортура врз други. Кога ова не се прави, ние ја саботираме основата на правниот систем и истата им ја ускратуваме на идните генерации.“
„Смртната казна има свои успони и падови во Русија. Во Законикот на Цар Алексеј Романов, смртна казна била предвидена за 50 дела. Од 1976 до 1904, 486 осуденици биле егзекутирани. Само за две години, 1937 и 1938, стрелани се половина милион политички затвореници и дополнителни 480.000 ситни криминалци.“
„Маркс и Енгелс учат дека за воспоставување на целосна диктатура на пролетеријатот, старата буржоаска машинерија на принуда мора да се уништи и веднаш мора да се создаде нова на нејзино место: судови (1917), полиција, Црвената Армија (1918) и затворите.“
„Во декември 1917, Ленин ги предлага следниве казни: конфискација на целиот имот, затвор, праќање на воениот фронт и принудна работа. Идејата за Гулаг-Архипелагот, принудна работа, е воспоставена уште во првиот месец по Октомвриската револуција.“
„Германската Волга Република (1918-1941) беше советска социјалистичка република со големина на Албанија, креирана за двата милиона советски Германци. Сталин ја укинува веднаш по германската инвазија на Русија и ги праќа, со возови, во прогон, сите Волга Германци во Казакстан, Сибир и гулазите.“
„Според пресметките на професорот по статистика, Курганов, а во недостаток на официјални податоци, оваа внатрешна репресија, од Октомвриската Револуција до 1959, ја чинела Русија шеесет и шест милиони -66.000.000- човечки животи.“
На половина сум од книгата и многу од сцените опишани од авторот се крајно вознемирувачки. Југославија го имала Голи Оток, но Русија во целина била еден огромен архипелаг на гулази.
На почетокот на книгата се опишани ужасните техники на измачување и изнуда на признанија, понатака, начините на транспорт и стотиците илјадници кои умирале при транспорт, условите во лагерите, гладувањето, мрзнењето, секојдневната психичка тортура, полудувањето, обидите за самоубиства, транспортот во други гулази...
Книгата е објавена во 1977 и е заснована на сведочења од над 200 преживеани и на спомените на самиот Солжењицин, кој поминал 11 години по гулази и егзил.
Добро четиво за отрезнување на симпатизерите на левичарските идеологии.