Моментално, читам книга од сосема за мене нов автор, Стив Бери, впрочем книгиве ги купив од саем, па еве сега стигнаа на ред да ги прочитам.
Првата која се вика Пророштвото на Романови, се занимава со кралското руско семејство кое завршува трагично, но во книгата, бидејќи е пишувана пред да излезат последните научни испитувања со кои се докажа дека сите членови на Романови се убиени, има дел во кој се кажува дека тие се живи, и на крај еден од нив го презема и престолот, бидејќи во Русија се враќа монархијата. Се на се добра книга, ми се допадна, измешано историја и малку фикција. Интересни моменти се раскажувањата на кратки делови на историјата на Русија, доста работи првпат слушнав, па затоа и ми го задржа вниманието.
Втората книга од истиот автор Венецијанско предавство, и истиот жанр, се раскажува за трагањето по гробот на Александар Македонски, и повторно малку историја, но и фикција воедно. Па така, одредени група на луѓе сите со различни интереси се тргнати во потрага, а воедно се кажува, т.е. се изнесува хипотеза дека моштите на Св. Марко кои се во Венеција, всушност биле тие на Александар. Уште ја читам, така да не знам точно што ќе биде понатаму.