Супер ти е темава,
ова ме врати пола век наназад,кога ние деца си имавме касички најчесто некои прасиња и си штедевме,поточно не штедевме ние,
бидеиќи и како деца немавме приходи, но кога ќе ни доаѓаа гости се разбира чекавме да ни речат; „каде ти е касичката“ и ние трчај носи ја, да тропне нешто внатре. А инаку сме биле штедливи,такво беше и времето се немаше голем избор. Точак само сме сонувале.
Но така не учеле и нашите родители. И кога би добиле повеќе пари некако не сме ги трошеле за глупости.
Јас досега во живот кредит не сум земал,тоа е мислам најлоша варијанта. На пример нешто чини 500 а со кредит треба да платиш 600.Не така кога ќе соберам 500 тогаш ќе го купам тоа што сум го намислил. Ќе издржам некое време без тоа,а тие 100 ќе ми требат за друго нешто не им ги давам на легачите.
Ама и многу работам,така да понекогаш поминува долго време да не сум извадил ни денар од платата,со месеци па и години, е тие пари ми останале заштедени,лоша навика ми е што и до сега не сум ги вложувал.т.с урочувал во банка,така стојат џабе.