Што со заштедените пари?

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Да ги чувам под перница ми е глупаво, барем за сега, малце да се фрикнам и отиде све на некоја глупост...Пари се чуваат до голема сума и се троши рационално односно економично и тоа да се префрла на генерации и генерации...Али кога ќе видим дека свака генерација гледа од 12 години цигарчето во уста да го пикне па ја да си ги потрошим пареве дур сум жив....Шала на страна, се треба да биде испланирано, и вашите деца утре треба да живеат ко луѓе.
 
Супер ти е темава,
ова ме врати пола век наназад,кога ние деца си имавме касички најчесто некои прасиња и си штедевме,поточно не штедевме ние,
бидеиќи и како деца немавме приходи, но кога ќе ни доаѓаа гости се разбира чекавме да ни речат; „каде ти е касичката“ и ние трчај носи ја, да тропне нешто внатре. А инаку сме биле штедливи,такво беше и времето се немаше голем избор. Точак само сме сонувале.
Но така не учеле и нашите родители. И кога би добиле повеќе пари некако не сме ги трошеле за глупости.
Јас досега во живот кредит не сум земал,тоа е мислам најлоша варијанта. На пример нешто чини 500 а со кредит треба да платиш 600.Не така кога ќе соберам 500 тогаш ќе го купам тоа што сум го намислил. Ќе издржам некое време без тоа,а тие 100 ќе ми требат за друго нешто не им ги давам на легачите.
Ама и многу работам,така да понекогаш поминува долго време да не сум извадил ни денар од платата,со месеци па и години, е тие пари ми останале заштедени,лоша навика ми е што и до сега не сум ги вложувал.т.с урочувал во банка,така стојат џабе.
 
Обично си ги чувам за купување на потрошен материјал. Како човек без приходи сум на мали суми. Али коа би имал стален приход обавезно би улагал. И у моментов имам неколку идеи ама ми фали економски покровител.
 
Да затоа сопствениците на дуќани ги менуваат за камиони :ROFLMAO:
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1209061
Затоа секој ден некој нови имиња излагаат, не за 500 за 200 возат да врти парата не за друго :D

На фирма го даде на лизинг без да се замараш со него со месечна рата или го мислиш и ти партнерски?
 
Ете како расте парата.

А вие под душек што ги чувате, мувла ќе ви фатат :D

Ама за да се купи камион прво треба добри години да се чуваат под перница.
 
Ама за да се купи камион прво треба добри години да се чуваат под перница.
Па немора да значи. Има и кредити, само треба храброст.

И прво и основно се вложува во нешто што го знаеш, разбираш и работиш. А во последно време што навалија сите камиони да купат ќе ја видиме математиката на крај. Јас сум човек кој често ризикува, али во пресметан ризик. Пари под перница не чувам никад. Ако штедам тие се во банка и си тече некоја пара плус. Затоа не сфаќам што ви прават дома парите?
 
Во банка, на штедна книшка.
Некој ден можеби ќе инвестирам на берза. :-)
 
Затоа секој ден некој нови имиња излагаат, не за 500 за 200 возат да врти парата не за друго :D

На фирма го даде на лизинг без да се замараш со него со месечна рата или го мислиш и ти партнерски?
На БГ фирма :D

si sobirav i jas paricinja za kamionce, i kamionceto mi go vozese drug i mi nosese paricinja, ama kamionceto preestana da go vozi drug pa prestana i voopsto da se vozi, pa vlegovme malku vo dupka...da go imas vo predvid i toa @Forza Milan!!!
Камион се дава на човек кој се одлучил тоа да го работи и да не се враќа наредни 5 години во Македонија. А не денес да му текне од утре не возам. Па и да ти кажам си ги вратив парите, а и во случај да престане да го вози ако не најдам друг некој ќе го продадам.
 
Според мене финансиската неедуцираност е голем проблем не само кај нас(Македонија) туку и пошироко.

Прво чување на пари под перница е глупаво на граница со ретардирано.

Неколку факти за парите :

1.Парите прават пари
2.Парите ја губат вредноста на долг рок(читај инфлација)
3.Поради еден и два решението е инвестирање на парите

Како да ги инвестирате парите?

  • Еден начин е орочување во банка и чекање камата(и камата на камата)
  • Втор начин е инвестирање во недвижнини
  • Трет е инвестирање на берза
  • Четврт започнување свој бизнис
  • Петти - Неконвенционален метод (пример биткоини или нешто сосем трето)
Секој од овие методи си има свои предности и негативности. Ставање на парите во банка или купување на недвижнини/злато е релативно сигурна ивестиција, но со помал профит.

Берза, свој бизнис или нешто трето вообичаено е висок ризик висока добивка(секако тука битен момент е колку се разбираш од она во што инвестираш т.е „ризик произлегува кога не знаеш што праиш“)

Следно нешто „Зошто е важно да се почне со штедење порано“?

http://www.fool.com/investing/gener...fett-reveals-the-biggest-mistake-we-make.aspx

- На кратко од линков кој го мрзи да чита, двајца луѓе почнуваат да штедат Дејвид на 25 години, Михаел на 40 на 73 години Дејвид има 10% повеќе пари иако има двојно помала плата од Михаел.(Дејвид 40 000 долари годишно, Михаел 80 000 долари годишно)

П.С Според мене со заштедени пари најдобра опција, ризик/добивка е започнување на сопствен бизнис е сега замката е што ова правило не важи за Македонија освен вујко ти ако не е министер.
 
Па немора да значи. Има и кредити, само треба храброст.

И прво и основно се вложува во нешто што го знаеш, разбираш и работиш. А во последно време што навалија сите камиони да купат ќе ја видиме математиката на крај. Јас сум човек кој често ризикува, али во пресметан ризик. Пари под перница не чувам никад. Ако штедам тие се во банка и си тече некоја пара плус. Затоа не сфаќам што ви прават дома парите?

Јас исто не чувам пари под перница. Она што го штедам ми седи во банка.
 
У банка дремат на сметка. Сакам ризици , па веројатно кога-тогаш ќе ги уложам у стил get rich or dye tryin'.

п.с. И уште една резервна сметка за недајбоже итни случаеви.:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom