Што со заштедените пари?

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Што правите со парите кои сте успеале да ги заштедите? Дали ги чувате во банка, ги чувате под перница, или ги вложувате во нешто? Дали би ризикувале со нив, на пример да отворите приватен бизнис или да тргувате на берза? Што е попаметно и побезбедно, чување или вложување?

Во еден филм имаше изрека во смисла "Банките се само места за чување на парите на луѓето на кои им е страв да ги вложат во нешто". Се сложувате ли со ова?

Значи, темава не е "што би правеле кога би имале пари", бидејќи сите знаеме дека со туѓи пари и со пари кои ги немаш е најлесно за раководење.

Ако е глупава темава - се извинувам.
 
Најчесто ги трошам на нешто трајно. Не сакам да собирам пари 6 месеци за да ги фрлам на алкохол или јадење. Сеа зборам за мали суми, максимум сто евра пошто сум студентченце и толку ми дозволува чергата, али еве со последните пари што ги собрав си купив магнетна табла и ја утепувам од пишување кога учам нешо.
 
И како се враќаат парите од магнетната табла?
Си ме изнасмеал со постов, оти темава е во економија и очекувам вложувања или банка да прочитам и гледам си купив магнетна табла :ROFLMAO:
 
И како се враќаат парите од магнетната табла?
Си ме изнасмеал со постов, оти темава е во економија и очекувам вложувања или банка да прочитам и гледам си купив магнетна табла :ROFLMAO:
Земаш таблата и одиш у WC. И пошто нели увек добрите идеи доаѓаат дур обавуваш магични дејности во WC, земаш магнетната табла и одма прајш план од идејата. И на крај си обавил две добри работи у исто време.
(добар биснисмен мора да е спремен во секое време)
 
Кога веќе си почнал/а да собираш пари, треба да ги собираш тие пари додека не собереш поголема сума на пари со која можеш да купиш нешто, но сепак дел од собраното да ти остане.
Ако мене ме прашуваш собраните пари во што би ги вложил тоа би било кола, земјиште, куќа.... нешто што е многу важно за човекот, а ако станува збор за многу поголема сума на пари, тогаш може и во некој бизнис.... кафана, дискотека...
А тоа каде ќе ги чувам, дали дома или во банка нешто многу многу не мења..... побитно е да ги имаш собрано парите :)
 
И како се враќаат парите од магнетната табла?
Си ме изнасмеал со постов, оти темава е во економија и очекувам вложувања или банка да прочитам и гледам си купив магнетна табла :ROFLMAO:

Абе муабетот беше што правам со заштедени пари. Како студент, тешко дека можам и бизнис со лимунади да почнам у државава, на тоа и алудирав со постот.
 
Абе муабетот беше што правам со заштедени пари. Како студент, тешко дека можам и бизнис со лимунади да почнам у државава, на тоа и алудирав со постот.
Те сфаќам, али ми дојде смешно:)
Имаш претприемачки дух тоа е најбитно, големите идеи идат сосем неочекувано.
 
За нова година ги чуваме со @Psyside
мада он некако послабо, јас секоја нова година преовладувам...
 
Бидејќи се раководам од максимата дека во туѓа рака само к*р расте, а сепак, совршено сум свесен дека банкарскиот систем ни е прекрасен во смисла заштита на заштедите, си ги чувам заштедените пари шо се вика под перница. :)
Засега не вложувам во ништо. Не сум хазардер. Планирам да си купам нова кола еден ден во блиска иднина.
Старомоден сум си... признавам. :)
 
искрено не ми останува од платата ништо а доколку би имал пари би ги потрошил на патување низ Азија
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom