Што со заштедените пари?

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 1380.jpg денес,како мал прст минијатурно ама јака машина, 4,5 кубика,немав ваков модел до сега во колекцијата.
 
Ф

Флеш

Гостин
Прегледај го приврзокот 87856 денес,како мал прст минијатурно ама јака машина, 4,5 кубика,немав ваков модел до сега во колекцијата.
колку троши ?! дали е можност плин да му убацам од Плимонт ?! знаеш оној за кај Стајковци коа одиш ...... ефтино е ,250 евра , боца :D
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.173
Поени од реакции
15.984
Анчо не ги сери темиве со глупости, има на форумов кои размислуваат потрезвено од тебе и чии мислења можат да бидат од корист.
Те молам.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 1378.jpg го прашав овој, и вели: со собраните купил лепак и лепенки, а штеди и за една резервна гума,внатрешна.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.094
Поени од реакции
9.016
Кое е вашето мислење за доверување на парите во инвестициски фонд? Пример инвестирање во индекс, не на конкретни акции на берза.

Пари во банка версус инвестирање во индекс на хартии од вредност? За разлика од инвестирање во акции, ова е посигурно бидеќи е инвестирање во индекс (микс на акции, обврзници и др.) па и една од акциите во тој микс да загуби привремено во вредност заштитен си од другите акции или обврзници (низок ризик). Потоа таа акција ќе биде сменета со друга или како тоа и да функционира, не знам детали. На долг рок вложување во индекс скоро секогаш носи оплодување на капиталот. Е сега прашањето е колку ќе добиеш после сите трошоци за менаџирање со капиталот од страна на фондот и како оваа добивка се споредува со каматата добиена од банка?

Има ли некој искуство со инвестициски фонд? Дали имаш трошоци само на почетокот на вложување или има додатни провизии за менаџирање на средствата? Ако фондот е врзан со процент на твоите средства, во негова полза ќе биде да раководи одговорно и да ги оплоди, нели?
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Заштедив пари купив систем, на врмето тоа беше нешто најдобро, потоа штедев купив компјутер, штедев купив телефон. Ова беше до пред 4 години, од тогаш до сега немам заштедено ни 1000 денари, ама имам план да заштедам за гитара една.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.794
Поени од реакции
21.204
Никогаш досега не сум се нашил во ситуација да заштедам од нигде никаде поголема сума на пари па да сум во дилема што да правам со нив, дали во банка, под перница или да ги инвестирам во нешто( тука мислам на суми над 10 000 евра). Обично и ако сум штедел тоа сум го правел со план и намера за да остварам некоја цел или замисла така да во тој момент воопшто сум немал дилема што да правам со заштедентите пари. Е сега ако добијам некое наследство од некој непознат роднина ( пошто од тие што ги знам тешко дека би добил нешто вредно за размислување) или лото, бинго, спортска тогаш ке му ја мислам.
Инаку секогаш имам одредена сума на пари која воопшто и не ја рачунам како заштеда туку нешто како фонд кој ми служи нешто како амортизер за непредвидени и непланирани ситуации, како ненадејно останување без работа, непредвидени трошоци и такви слични ситуации. Значи тие пари не ги трошам на тековни трошоци како сметки, одмори итн. Нити ми се за инвестирање или било што друго. Едноставно како да ги немам и воопшто не влегуваат во пресметаката на буџетот освен кога треба да се дополнат, а тоа обично е приоритет кога ке дојдам до прилив на средства , ако не целосно тогаш одреден дел, но во секој случај е примарно и дури тој фонд не го дополнам се друго што можам да одложам одложувам.
Знам дека овој економски систем кој јас си го имам усвоено не развоен и инвестициски ризично настроен но досега многу пати ме има извадено од многу непријатни ситуации така да неговото постоење и одржување барем за мене е повеќе од оправдано.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Имам наполнето со 1,2,5 денар три 2 литарски шишиња од кока кола.Со парите 6500 од шише им купив гардероба на децата.
Сега брзо до врв наполнив и 2 литарско шише од кока кола со метални 10 денарки.Со парите оклолу 950 евра ќе му купам кола за 18 роденден на најголемото дете
Моментално во 2 литарско шише ставам само метални 50.
 
F

FARANG

Гостин
Супер ти е темава,
ова ме врати пола век наназад,кога ние деца си имавме касички најчесто некои прасиња и си штедевме,поточно не штедевме ние,
бидеиќи и како деца немавме приходи, но кога ќе ни доаѓаа гости се разбира чекавме да ни речат; „каде ти е касичката“ и ние трчај носи ја, да тропне нешто внатре. А инаку сме биле штедливи,такво беше и времето се немаше голем избор. Точак само сме сонувале.
Но така не учеле и нашите родители. И кога би добиле повеќе пари некако не сме ги трошеле за глупости.
Јас досега во живот кредит не сум земал,тоа е мислам најлоша варијанта. На пример нешто чини 500 а со кредит треба да платиш 600.Не така кога ќе соберам 500 тогаш ќе го купам тоа што сум го намислил. Ќе издржам некое време без тоа,а тие 100 ќе ми требат за друго нешто не им ги давам на легачите.
Ама и многу работам,така да понекогаш поминува долго време да не сум извадил ни денар од платата,со месеци па и години, е тие пари ми останале заштедени,лоша навика ми е што и до сега не сум ги вложувал.т.с урочувал во банка,така стојат џабе.


Аххх таа ваша генерација со тие фикс идеи дека банките се злото и дека пари не треба да се давале на легачите... Не уништивте со тие глупи логики, ќе нема уште ДОЛГО ВРЕМЕ претпримнички дух во државата...[DOUBLEPOST=1395795806][/DOUBLEPOST]
Никогаш досега не сум се нашил во ситуација да заштедам од нигде никаде поголема сума на пари па да сум во дилема што да правам со нив, дали во банка, под перница или да ги инвестирам во нешто( тука мислам на суми над 10 000 евра). Обично и ако сум штедел тоа сум го правел со план и намера за да остварам некоја цел или замисла така да во тој момент воопшто сум немал дилема што да правам со заштедентите пари. Е сега ако добијам некое наследство од некој непознат роднина ( пошто од тие што ги знам тешко дека би добил нешто вредно за размислување) или лото, бинго, спортска тогаш ке му ја мислам.
Инаку секогаш имам одредена сума на пари која воопшто и не ја рачунам како заштеда туку нешто како фонд кој ми служи нешто како амортизер за непредвидени и непланирани ситуации, како ненадејно останување без работа, непредвидени трошоци и такви слични ситуации. Значи тие пари не ги трошам на тековни трошоци како сметки, одмори итн. Нити ми се за инвестирање или било што друго. Едноставно како да ги немам и воопшто не влегуваат во пресметаката на буџетот освен кога треба да се дополнат, а тоа обично е приоритет кога ке дојдам до прилив на средства , ако не целосно тогаш одреден дел, но во секој случај е примарно и дури тој фонд не го дополнам се друго што можам да одложам одложувам.
Знам дека овој економски систем кој јас си го имам усвоено не развоен и инвестициски ризично настроен но досега многу пати ме има извадено од многу непријатни ситуации така да неговото постоење и одржување барем за мене е повеќе од оправдано.

Системот ти е СУПЕР. Ти на еден начин си се самоосигуруваш... На запад тоа што го правиш си има опција да си платиш осигурање на пример ако ненадејно изгубиш работа и ти исплаќаат 70-80% од платата... Резервен фонд може да ти биде и кредитна картичка ако веќе испадне некоја инвестиција, па тоа да ја затвори дупката дур повторно собереш нешто за на страна[DOUBLEPOST=1395796351][/DOUBLEPOST]
Главнината на парите во банка, дел во Биткоини. Би сакал да играм на берза, ама немам доволно пари за голема игра, а и незнам баш како. :(
Кеширај го Битот со време.[DOUBLEPOST=1395797480][/DOUBLEPOST]
Кое е вашето мислење за доверување на парите во инвестициски фонд? Пример инвестирање во индекс, не на конкретни акции на берза.

Пари во банка версус инвестирање во индекс на хартии од вредност? За разлика од инвестирање во акции, ова е посигурно бидеќи е инвестирање во индекс (микс на акции, обврзници и др.) па и една од акциите во тој микс да загуби привремено во вредност заштитен си од другите акции или обврзници (низок ризик). Потоа таа акција ќе биде сменета со друга или како тоа и да функционира, не знам детали. На долг рок вложување во индекс скоро секогаш носи оплодување на капиталот. Е сега прашањето е колку ќе добиеш после сите трошоци за менаџирање со капиталот од страна на фондот и како оваа добивка се споредува со каматата добиена од банка?

Има ли некој искуство со инвестициски фонд? Дали имаш трошоци само на почетокот на вложување или има додатни провизии за менаџирање на средствата? Ако фондот е врзан со процент на твоите средства, во негова полза ќе биде да раководи одговорно и да ги оплоди, нели?

Инвестирање во индех ти е углавно ако сакаш да намалиш ризик. Колку повеќе ризик толку повеќе профит. Ако неќеш големи ризици индех е добра опција.[DOUBLEPOST=1395798567][/DOUBLEPOST]Јас не верувам во штедење. Едноставно го скокам тој дел и идам директ на инвестрање ако имам вишок пари. Парите кој ми остануваат може привремено да се во банка дур не најдам начин како да ги инвестирам или како да ги искористам да земам кредит. Пари прават пари, а туги пари со твојте заедно прават повеќе пари за тебе хахахаха... Инвестирам углавно во работи што можам да ги контролирам колку што е можно повеќе. Свој бизнис, недвижнина, во помала мера берза и валути мада порано доста инвестирав во тоа. Во Македонија гледам луге се плашат да земат кредит што до некаде е и разбирливо со оглед на тоа што немаат толку сигурна работа ама на запад тоа си е најнормална работа. Живееме цел живот со кредити, е сега ако правилно ги користиш, за бизнис а не за одмори и глупости секогаш ќе правиш пари...
 
Последно уредено од модератор:

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
едно време се запнав да штедам пари за кола да си купам па си купив... сеа сакам да запнам за на одмор ама потешко ми оди...
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.794
Поени од реакции
21.204
Системот ти е СУПЕР. Ти на еден начин си се самоосигуруваш... На запад тоа што го правиш си има опција да си платиш осигурање на пример ако ненадејно изгубиш работа и ти исплаќаат 70-80% од платата... Резервен фонд може да ти биде и кредитна картичка ако веќе испадне некоја инвестиција, па тоа да ја затвори дупката дур повторно собереш нешто за на страна
.
Системот е супер но како што реков мана му е што тие средства не се наменти за инвестирање и правење пари.
Повеќе е наменет за како што реков нешто во вид на амортизер , нешто како брана која не ги дозволува и ги пегла ненајдените економски шокови на краток период. Фонод е далеку од голем за да послужи за било каква инвестиција или стабилизрање и задржување на економскиот стандард на подолг временски период.
Предноста му е што кога еднаш ке се достигни вредноста што јас ја имам замислено, тој повеќе не се надополнува, не влијае на домашниот буџет и неговите пресметки. Се случувало со години воопшто да не го дополнам или сосем малце но тоа е и неговата ахилова пета. Тие средства едноставно седат како да ги нема, и воопшто не влегуваат во пресметките за било што, нити за домашен буџет, нити одмори, буквално за ништо.
Сите други планирања во домашниот буџет се прават на основа на средствата со кои располагам освем овие. Значи ако ми фали одредена сума на пари за да реализирам одреден план или идеја, не ги земам овие средства во пресметките, едноставно рачунам дека немам доволно пари( иако во фондот имам доволно да се покријам) и дека планот или што и да било ке одложувам за подобри времиња кога ке имам доволно средства. Значи има одредени услови под кои можам овие средства да ги користам и тоа само ако сите други опции се исцрпени, а под тие услови нити еден не спаѓа во инвестирање и обрт на пари. Ако можам да одделам или пренаменам средства од моменталниот буџет за да не земам од фондот ке го направам тоа.
Затоа реков дека покрај сите негови добри страни едноставно не е замислен како развоен и инвестиционен фонд, повеќе на кај социјален трга.
А во врска со штедењето пошто кажа дека не си по тоа туку одма ги инвестираш. Дали сакаш да кажиш дека ти воопшто немаш одредени средства на страна и дека скраја да е ако планот не ти испадни или од Х причини работата тргне на лошо утре ке немаш за сол да си купиш. Едноставно тешко веројатно е дека е баш тоа така и дека сигурно ги инвестираш парите кои по некоја твоја пресметка ти излегле вишок. Значи претпоставувам ти си ги покрил скоро сите тековни трошоци, можеби и неколку месеци однапред, најверојатно си додал уште нешто екстра во таа математика и сето останато што останало како вишок си го инвестирал. Сигурно нема да се доведиш во ситуација најмала криза или некој непредвиден трошок да те извади од колосек. Додуша очигледно имаме голема разлика на големината на буџетот и приливот на средства во тој буџет, но сепак основата и неговото планирање би требало да се ако не исти тогаш слични. Можеби кај мене годишниот буџет е само фракција од твојот месечен, но математиката во основа е таа. Да имав поголем прилив најверојатно и фондот би ми бил многу поголем, но сигурно би го имал, и на крај на памет би ми паднало сите јајца да ги ставам во иста кошница или со други зборови да ги вложам сите пари и да се надевам на најдоброто без притоа да имам безбедносна мрежа која колку толку ке го ублажи падот.
 
Член од
16 март 2014
Мислења
118
Поени од реакции
174
Парите се во банка. Не е некоја каква сума, сум на самиот почеток на штедачката кариера ама некако треба да се почне па ќе видиме што ќе се собере за 10 години на пример. Ми се чини дека има прилично сигурни банки во денешно време и покрај апокалипсите за кои не плашат медиумиве ми се чини не е до толку. Сакам да собирам по малку по малку за денот кога ќе бидам стар и изнамоштен и кога не ќе можам да заработувам или кога нема да ми се работи па да можам да уживам место да работам. Во нормални услови добиваш пензија, но знаејќи дека за нашата генерација нема да има пензиии, социјално, здравствено и слично осигурување е најпаметно секој сам да си се обезбеди.
Инаку можно е за некоја година да емигрирам во една друга држава али сега засега не е ништо конкретно само планови и желби се може и ништо да не испадне.
За бисниси и инвестирања не штедам пошо бизнис се почнува со кредит. Ако не можеш кредит да добиеш за бизнисот шансите се дека нема да ти успее.
За нешто друго ми се чини нема потреба да се штеди. Кола се купува на лизинг, стан на кредит и слично. Плаќаш камата ама подобро е да плаќаш камата отколку 20 години чајот да ти е мрсен.
Берзи и слични работи не ме интересираат прво бидејќи како прво е коцка, а како второ ми е јасно дека никогаш во животот нема да бидам толку богат за тоа да ми е исплатливо.
Значи да сумирам заштедените пари се за во банка.
 
Последно уредено:
F

FARANG

Гостин
Системот е супер но како што реков мана му е што тие средства не се наменти за инвестирање и правење пари.
Повеќе е наменет за како што реков нешто во вид на амортизер , нешто како брана која не ги дозволува и ги пегла ненајдените економски шокови на краток период. Фонод е далеку од голем за да послужи за било каква инвестиција или стабилизрање и задржување на економскиот стандард на подолг временски период.
Предноста му е што кога еднаш ке се достигни вредноста што јас ја имам замислено, тој повеќе не се надополнува, не влијае на домашниот буџет и неговите пресметки. Се случувало со години воопшто да не го дополнам или сосем малце но тоа е и неговата ахилова пета. Тие средства едноставно седат како да ги нема, и воопшто не влегуваат во пресметките за било што, нити за домашен буџет, нити одмори, буквално за ништо.
Сите други планирања во домашниот буџет се прават на основа на средствата со кои располагам освем овие. Значи ако ми фали одредена сума на пари за да реализирам одреден план или идеја, не ги земам овие средства во пресметките, едноставно рачунам дека немам доволно пари( иако во фондот имам доволно да се покријам) и дека планот или што и да било ке одложувам за подобри времиња кога ке имам доволно средства. Значи има одредени услови под кои можам овие средства да ги користам и тоа само ако сите други опции се исцрпени, а под тие услови нити еден не спаѓа во инвестирање и обрт на пари. Ако можам да одделам или пренаменам средства од моменталниот буџет за да не земам од фондот ке го направам тоа.
Затоа реков дека покрај сите негови добри страни едноставно не е замислен како развоен и инвестиционен фонд, повеќе на кај социјален трга.
А во врска со штедењето пошто кажа дека не си по тоа туку одма ги инвестираш. Дали сакаш да кажиш дека ти воопшто немаш одредени средства на страна и дека скраја да е ако планот не ти испадни или од Х причини работата тргне на лошо утре ке немаш за сол да си купиш. Едноставно тешко веројатно е дека е баш тоа така и дека сигурно ги инвестираш парите кои по некоја твоја пресметка ти излегле вишок. Значи претпоставувам ти си ги покрил скоро сите тековни трошоци, можеби и неколку месеци однапред, најверојатно си додал уште нешто екстра во таа математика и сето останато што останало како вишок си го инвестирал. Сигурно нема да се доведиш во ситуација најмала криза или некој непредвиден трошок да те извади од колосек. Додуша очигледно имаме голема разлика на големината на буџетот и приливот на средства во тој буџет, но сепак основата и неговото планирање би требало да се ако не исти тогаш слични. Можеби кај мене годишниот буџет е само фракција од твојот месечен, но математиката во основа е таа. Да имав поголем прилив најверојатно и фондот би ми бил многу поголем, но сигурно би го имал, и на крај на памет би ми паднало сите јајца да ги ставам во иста кошница или со други зборови да ги вложам сите пари и да се надевам на најдоброто без притоа да имам безбедносна мрежа која колку толку ке го ублажи падот.



Те сфатив како работиш, не знам колку ти ме сфати мене... Значи тие средства што ти се на страна ако испадне шанса за бизнис јас би ги користел со тоа што кредитни картици би ми биле бек ап систем за недај боже дур не се сврти зделката. Сега незнам што пари збориме, јас се водам од тоа дека секоја зделка во која сум сигурен (значи после анализи) дека ќе работи сакам да влезам. Многу пати е комично да ме гледаш хахаха, ама тоа ти е она банкарското во мене...

Во принцип несакам да држам кеш, ама реално стално има нешто кеш. Ако дојде зорт можам да ликвидирам акции, тој процес овде е 4 дена а за 4 дена имам кредитни картици ако веќе ептен затреба. Тоа ти е замена за кеш на еден начин.

Далеку од тоа дека сите јајаца ми се во една кошница имам повеќе извори на средства а и кога инвестирам како што напишав погоре углавно тоа го правам со туги пари (кредити). Мојот капитал си е релативно добро искористен углавно како влог за поголем кредити со тоа и поголеми вложувања. Ако вложувам во некретнина обично 80% ми се банкови средства, ако е бизнис зделка 50% мада некогаш и 100% ми се банкарски или туѓи пари, зависно од зделката. Изворите на средства ми се исто диверсифицирани, дури и изворите на валути (бизнисот во азија работи претежно во амерички долари, тајландски бат, индонезиски рупии и поретко јен а во австралија австралиски долари).
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Анчо не ги сери темиве со глупости, има на форумов кои размислуваат потрезвено од тебе и чии мислења можат да бидат од корист.
Те молам.
па и муабетот со курвине е серење ама таму не им викаш истото,не се осмелуваш,твоја генерација...
со првата фотка - леб и сол, само кажувам дел од вистината во Македонија каде доста лица едвај имат и за тоа а не за ШТЕДЕЊЕ.
втората е пак мојата вистина,вчера тоа го купив, и ги имам неколку сандаци полни со такви,што за мене пак е одговор на прашањево,
а и тоа еден ден ќе бидат пари, за некои друг се разбира, инаку пари не штедам,ама и не ги трошам,имам затоа што работам,
а имам и акции од многу компании,на кои и не мислам туку еден ден ќе ги префрлам на првиот внук сите.(девидента земам само од 1)
е третата слика,можеби не требаше,но таа е откога го прочитав твојот одговор,е овој е од тие кои е прашање дали и имаат нешто да остават за штедење од својата тешка заработувачка,треба да се праша,јас и ова сум го работел.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom