Tegla
Interista
- Член од
- 20 февруари 2012
- Мислења
- 5.095
- Поени од реакции
- 9.016
За свои потреби или за издавање?Јас ќе ги инвестирам во курви. Кој последен се смее најслатко се смее.
За свои потреби или за издавање?Јас ќе ги инвестирам во курви. Кој последен се смее најслатко се смее.
колку троши ?! дали е можност плин да му убацам од Плимонт ?! знаеш оној за кај Стајковци коа одиш ...... ефтино е ,250 евра , боцаПрегледај го приврзокот 87856 денес,како мал прст минијатурно ама јака машина, 4,5 кубика,немав ваков модел до сега во колекцијата.
Супер ти е темава,
ова ме врати пола век наназад,кога ние деца си имавме касички најчесто некои прасиња и си штедевме,поточно не штедевме ние,
бидеиќи и како деца немавме приходи, но кога ќе ни доаѓаа гости се разбира чекавме да ни речат; „каде ти е касичката“ и ние трчај носи ја, да тропне нешто внатре. А инаку сме биле штедливи,такво беше и времето се немаше голем избор. Точак само сме сонувале.
Но така не учеле и нашите родители. И кога би добиле повеќе пари некако не сме ги трошеле за глупости.
Јас досега во живот кредит не сум земал,тоа е мислам најлоша варијанта. На пример нешто чини 500 а со кредит треба да платиш 600.Не така кога ќе соберам 500 тогаш ќе го купам тоа што сум го намислил. Ќе издржам некое време без тоа,а тие 100 ќе ми требат за друго нешто не им ги давам на легачите.
Ама и многу работам,така да понекогаш поминува долго време да не сум извадил ни денар од платата,со месеци па и години, е тие пари ми останале заштедени,лоша навика ми е што и до сега не сум ги вложувал.т.с урочувал во банка,така стојат џабе.
Никогаш досега не сум се нашил во ситуација да заштедам од нигде никаде поголема сума на пари па да сум во дилема што да правам со нив, дали во банка, под перница или да ги инвестирам во нешто( тука мислам на суми над 10 000 евра). Обично и ако сум штедел тоа сум го правел со план и намера за да остварам некоја цел или замисла така да во тој момент воопшто сум немал дилема што да правам со заштедентите пари. Е сега ако добијам некое наследство од некој непознат роднина ( пошто од тие што ги знам тешко дека би добил нешто вредно за размислување) или лото, бинго, спортска тогаш ке му ја мислам.
Инаку секогаш имам одредена сума на пари која воопшто и не ја рачунам како заштеда туку нешто како фонд кој ми служи нешто како амортизер за непредвидени и непланирани ситуации, како ненадејно останување без работа, непредвидени трошоци и такви слични ситуации. Значи тие пари не ги трошам на тековни трошоци како сметки, одмори итн. Нити ми се за инвестирање или било што друго. Едноставно како да ги немам и воопшто не влегуваат во пресметаката на буџетот освен кога треба да се дополнат, а тоа обично е приоритет кога ке дојдам до прилив на средства , ако не целосно тогаш одреден дел, но во секој случај е примарно и дури тој фонд не го дополнам се друго што можам да одложам одложувам.
Знам дека овој економски систем кој јас си го имам усвоено не развоен и инвестициски ризично настроен но досега многу пати ме има извадено од многу непријатни ситуации така да неговото постоење и одржување барем за мене е повеќе од оправдано.
Кеширај го Битот со време.[DOUBLEPOST=1395797480][/DOUBLEPOST]Главнината на парите во банка, дел во Биткоини. Би сакал да играм на берза, ама немам доволно пари за голема игра, а и незнам баш како.
Кое е вашето мислење за доверување на парите во инвестициски фонд? Пример инвестирање во индекс, не на конкретни акции на берза.
Пари во банка версус инвестирање во индекс на хартии од вредност? За разлика од инвестирање во акции, ова е посигурно бидеќи е инвестирање во индекс (микс на акции, обврзници и др.) па и една од акциите во тој микс да загуби привремено во вредност заштитен си од другите акции или обврзници (низок ризик). Потоа таа акција ќе биде сменета со друга или како тоа и да функционира, не знам детали. На долг рок вложување во индекс скоро секогаш носи оплодување на капиталот. Е сега прашањето е колку ќе добиеш после сите трошоци за менаџирање со капиталот од страна на фондот и како оваа добивка се споредува со каматата добиена од банка?
Има ли некој искуство со инвестициски фонд? Дали имаш трошоци само на почетокот на вложување или има додатни провизии за менаџирање на средствата? Ако фондот е врзан со процент на твоите средства, во негова полза ќе биде да раководи одговорно и да ги оплоди, нели?
Системот е супер но како што реков мана му е што тие средства не се наменти за инвестирање и правење пари.Системот ти е СУПЕР. Ти на еден начин си се самоосигуруваш... На запад тоа што го правиш си има опција да си платиш осигурање на пример ако ненадејно изгубиш работа и ти исплаќаат 70-80% од платата... Резервен фонд може да ти биде и кредитна картичка ако веќе испадне некоја инвестиција, па тоа да ја затвори дупката дур повторно собереш нешто за на страна
.
Системот е супер но како што реков мана му е што тие средства не се наменти за инвестирање и правење пари.
Повеќе е наменет за како што реков нешто во вид на амортизер , нешто како брана која не ги дозволува и ги пегла ненајдените економски шокови на краток период. Фонод е далеку од голем за да послужи за било каква инвестиција или стабилизрање и задржување на економскиот стандард на подолг временски период.
Предноста му е што кога еднаш ке се достигни вредноста што јас ја имам замислено, тој повеќе не се надополнува, не влијае на домашниот буџет и неговите пресметки. Се случувало со години воопшто да не го дополнам или сосем малце но тоа е и неговата ахилова пета. Тие средства едноставно седат како да ги нема, и воопшто не влегуваат во пресметките за било што, нити за домашен буџет, нити одмори, буквално за ништо.
Сите други планирања во домашниот буџет се прават на основа на средствата со кои располагам освем овие. Значи ако ми фали одредена сума на пари за да реализирам одреден план или идеја, не ги земам овие средства во пресметките, едноставно рачунам дека немам доволно пари( иако во фондот имам доволно да се покријам) и дека планот или што и да било ке одложувам за подобри времиња кога ке имам доволно средства. Значи има одредени услови под кои можам овие средства да ги користам и тоа само ако сите други опции се исцрпени, а под тие услови нити еден не спаѓа во инвестирање и обрт на пари. Ако можам да одделам или пренаменам средства од моменталниот буџет за да не земам од фондот ке го направам тоа.
Затоа реков дека покрај сите негови добри страни едноставно не е замислен како развоен и инвестиционен фонд, повеќе на кај социјален трга.
А во врска со штедењето пошто кажа дека не си по тоа туку одма ги инвестираш. Дали сакаш да кажиш дека ти воопшто немаш одредени средства на страна и дека скраја да е ако планот не ти испадни или од Х причини работата тргне на лошо утре ке немаш за сол да си купиш. Едноставно тешко веројатно е дека е баш тоа така и дека сигурно ги инвестираш парите кои по некоја твоја пресметка ти излегле вишок. Значи претпоставувам ти си ги покрил скоро сите тековни трошоци, можеби и неколку месеци однапред, најверојатно си додал уште нешто екстра во таа математика и сето останато што останало како вишок си го инвестирал. Сигурно нема да се доведиш во ситуација најмала криза или некој непредвиден трошок да те извади од колосек. Додуша очигледно имаме голема разлика на големината на буџетот и приливот на средства во тој буџет, но сепак основата и неговото планирање би требало да се ако не исти тогаш слични. Можеби кај мене годишниот буџет е само фракција од твојот месечен, но математиката во основа е таа. Да имав поголем прилив најверојатно и фондот би ми бил многу поголем, но сигурно би го имал, и на крај на памет би ми паднало сите јајца да ги ставам во иста кошница или со други зборови да ги вложам сите пари и да се надевам на најдоброто без притоа да имам безбедносна мрежа која колку толку ке го ублажи падот.
па и муабетот со курвине е серење ама таму не им викаш истото,не се осмелуваш,твоја генерација...Анчо не ги сери темиве со глупости, има на форумов кои размислуваат потрезвено од тебе и чии мислења можат да бидат од корист.
Те молам.