повеќето викате дека потребно е време за да се заборави бившиот/та, колку е тоа време дали може некој да ми каже пошо ја го веќе една година помина а нема ден да не мисла на неа
Инаку, мое мислење на темава:
Бившите може само да ги преболиш, не и да ги заборавиш. Посебно кога се во прашање долги врски, не можеш да очекуваш дека еден ден ќе се разбудиш и ќе се чувствуваш како таа личност никогаш да не постоела во твојот живот. Нормално е да помислуваш на неа, на почетокот често, а потоа се поретко и поретко, додека не стигнеш до степен кога помислата на неа нема да ти задава болка, односно постепено да ја преболуваш.
Во врска со времетраењето на тој процес, никој не може да ти даде одговор на прашањето. Преболувањето зависи од многу фактори. Зависи од самиот човек, карактерот, начинот на кој функционирала врската, начинот на кој прекинала, во какви односи останале партнерите итн итн. Понекогаш трае само неколку дена, понекогаш со години. Според мене, најбитен чекор кон преболувањето на бившата љубов е да САКАШ да ја преболиш. Да престанеш да живееш во минатото, да сфатиш дека таа личност веќе не е дел од твојот живот и да продолжиш понатаму. Откако сам себе ќе се убедиш дека е време да го оставиш минатото зад себе, иднината сама ќе ти дојде.