Што по раскинување на долга врска?

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
После долга врска следи ..... УРЛАЊЕ!!! :))))))
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
А ако за време на долга врска си го имал сето тоа, шо е следно по неа? Повеќе секс, дрога и рокендрол? :)
Се префрлаш на турбо фолк и ракија.
 
P

puppete dolly

Гостин
Помина доста долго време од последниот пат кога пишував на форумот... И помина повеќе од месец од денот кога последно го видов него... Секој ден се празнам на другарките ама изгледа не ми е доста, ќе пишувам овде, можеби некој ќе продолжи да ја чита мојата приказна...Го запознав кога имав 17 години, трета за четврта средно.. Се затрескав..Па кога почнавме да излегуваме бев на седмо небо, му ги обожавав очите, клепките, рацете, погледот... Кога прв пат ме гушна конечно почуствував дека припаѓам некаде... Чувствував толку многу љубов, среќа... Сега имам 23 години...Во ноември ќе бидат 24. Бев матурантка-тој ме испрати на матура, бев апсолвентка-тој ме испрати на апсолвентска. Моите другарки за време на факултетските денови постојано запознаваа машки, имаа секс со нив, се журкаа, а јас бев горда што го имам него, што вечер ќе заспијам кај него в соба, па ќе ме разбуди да ме донеси дома. Бев толку сигурна. Растев, се менував, созревав, а во него и понатаму бев сигурна, верував дека ќе останам со него. Толку бев скромна, толку малку ми требаше за да сум задоволна. Можам да пишувам до утре и да набројувам што се ми беше тој мене...Ќе издвојам: најдобар другар, ебач, дечко, поткрепа. Скоро секој ден од последната година, од овие 6, не поминуваше без кавга. Нервозен, незадоволен, несреќен. Никогаш не ми ја кажуваше причината. Колку вечери со ред се гушев во перницата плачејќи силно... Се прашував зошто, што сум згрешила, зар јас повеќе не сум доволна причина и мотив за да го живее животот, да си најде работа, да не спие до 5 поручек...Се прашував зошто не сака дење да излеземе надвор, да пиеме кафе, да разговараме за се и сешто и секој. Постојано се окривував себеси дека не сум доволно добра, дека не го правам среќен како порано. Навика ко навика, секоја вечер заедно...Вечери без љубов, без гушкање, полни со кавги, со солзи...Ми викаше, јас плачев, па се смирувавме...Па пак викотници...Ме пцуеше...Ме навредуваше..Јас повторно и повторно се обвинував.. Имаше моќ да ме убеди дека е тој во право. Дојде и таа вечер. Почеток на лето, после полноќ следуваше нашата годишнина- 6 години врска. Влеговме во неговата соба, турско кафе, цигари, немир, сомнеж...Се трудев да разговараме нормално..И разговаравме...Пробував да не зборувам за парите кои ми ги земаше а никогаш не добив јасно објаснување за што ги троши се до оваа вечер... Зборувавме и наеднаш го снема..Изгуби свест...Почна да се треси...Да се грчи...Да умира...Личеше на епилептичен напад.. Јас почнав да врискам-не ме слушаше...Не можеше... Мислев дека ќе си замини на оној свет... Се грчеше а јас бев беспомошна...Само го молев Господ да не ми го зема... Додека да стигне брзата помош се освести.. Се врати..Не се сеќаваше што се случи. Стигнавме на болница. Ова беше втор пат како добива ваков напад, на првиот не бев присутна и никој не ми кажа се до таа вечер. Кога првиот пат доби напад му направија секакви тестирања, дали е епилептичар и слично. Пошто нападот се повтори, докторите беа зачудени и го нападнаа со прашања. Призна дека пие трамадоли. Тогаш сватија дека нападите се резултат на тоа. Кога го кажа тоа, цела зграда се урна врз мене... Ме уби...Ме уништи... Ме гледал во очи и ме лажел долго долго време. Моето се ме уби на нашата годишнина. Сакав да ме снема, да умрам, да не постојам...Ме обвинуваше дека јас сум го оставила кога му требало помош, кога му било тешко...Како може да е толку себичен? Ме лажел, ме крадел, ме обвинуваше дека не знам да го направам среќен, го нервирав без причина, ме испраќаше дома насолзена и уништена..А тој всушност бил зависник...Сега се ми е јасно. Секоја вечер ми пишува, ме моли, ми кажува како ме сака, како јас сум неговото се...Не сака да прифати дека е крај, дека таа што го сакаше безусловно ја уби и ја отфрли лажејќи. Таа што сакаше да му роди деца, да остари со него. Тој не го доживеа ова што го доживеав јас. Тој не беше излажан. И вечерва е една од тие мачни вечери во кои ми фали и во кои повторно ја преживувам милион пати страшната глетка... Истовремено е и вечер во која сфаќам дека немам на кој да му се вратам...Врска без доверба е едно огромно ништо. Тој ме направи ништо. Некој можеби ова го дочита до крај, а јас одам да палам уште една цигара, иако си ги измив забите. Ама ми гори душата. Ако го дочита ова до крај, да пoставам едно наивно прашање: зошто ни кога душата ќе му ја подариш на човек не е доволно?
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.342
Поени од реакции
11.756
Prasanjevo na krajot si go imaat site barem po ednas vo zivotot postaveno, i nema odgovor.

Sovet okolu ova,blokiraj go i izgubi sekakov kontakt so nego.Tebe ti e teshko i si tolku zatreskana vo nego zatoa sto si go zapoznalan a mladi godini i celata tvoja mladost e vrzana so nego.Ako si pametna,ke trpis nekolku meseci i ke go zaboravis, a seto ova proprateno so nov decko.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438

Во глобала, на врската си и` ставила крај ти, иако негов бил изборот по погрешниот пат. Се поставува прашањето дали ти лично сакаш да е вратите во врска. Иако викаш дека довербата е доста битна работа, се има разнишано оној момент кога дозна за неговиот погрешен пат, сепак длабоко во себе сакаш да му се вратиш, но бараш некаква гаранција за тоа да не продолжи понатака по истиот пат.
Љубовта секогаш е ризик фактор. Иако ти се имаш заљубено во некогашната слика на него (кога сте биле помлади), тој (а со тоа и ти) се имате променето. Колку таа промена ќе ве прави компатибилна за понатака, толку љубовта ќе трпи трансформации а со тоа и ќе се зацврснува. Но никогаш не треба да силиш нешто, само затоа што некогаш било толку убаво. Можеби само треба да се обидеш.
Како да се обидеш, тоа можеме само да ти дадеме совет, два, се` е до тебе како ќе прифатиш и направиш. Дали после инцидентов имате седнато на сериозен муабет? Или ти се имаш само повлечено откако дозна? Ако е второво, твојата причина за крај е ништо повеќе шокот кој го имаш доживеано но не и тоа дека работите не можат да се поправат. Пошо веќе откако знаете за проблемот, можеш многу да му помогнеш ако имаш желба да го вратиш. Но пак ќе повторам, ризик фактор е сево ова. Изискува труд и посветување, пребродливо е и откако ќе се среди треба да се негува. И секогаш ќе бара доза на резерва во случај работите пак да не скренат по погрешен пат. Но по сето она што го прочитав погоре, зарем не вреди да се обидеш? Нема многу што да загубиш, ако повторно го направи истото, имаш голема причина да ставиш крај. Вака работите се се`уште недефинирани, се кладам у себе се јадеш што го имаш оставено иако тој те има повредено. Барем пробај со некаков разговор со него, голема е шансата да го одвратиш.
 
Член од
23 август 2013
Мислења
296
Поени од реакции
640
Што по раскинување на долга врска?
Од искуство, обавезно еден период скроз сами. Без авантури, без врски без обврски, баш сами и така све додека не се научите пак да бидете сингл и да почнете да верувате дека ви е убаво како што ви било пред врската.
 
C

Castiel

Пошто луѓето се само луѓе и ништо повеќе. Едноставно имаме самоуништлива природа. Воопшто не знаеме да го цениме убавото и повеќе сакаме да бидеме тие што се трудат него ли тие за кој се трудат. Од која причина е тоа така нема некое објаснување ама така ево 90% од случаите. Мазохисти сме. И после ќе поминат месеци, годинии па и децении и ќе почнеме страшно да жалиме што сме изгубиле прекрасни личности во младоста поради нашата себичност и его. Сме имале нешто убаво и се било ок но поради некои глупости и ситници што и самите не знаеме да ги објасниме сме ги оставиле тие луѓе што не сакале и биле тука покрај нас.

Ти не се секирај тешко ти е сега ама со тек на време ќе се навикнеш. Се е навика. Глеј да научиш нешто од врската која си ја имала и остави си простор и време да си ја излечиш душата. Ќе ти се случи и нешто поубаво од тоа што си го имала до сеа. Ќе најдеш и подобар човек што ќе биде како мелем на раните само кога ќе се случи во иднина треба да му дадеш шанса и да не се плашиш дека ќе бидеш повторно повредена. Само постапувај паметно. А кога треба ќе ти се случи баш она што ќе биде за до крајот на животот. Трпение и ништо повеќе.
 
P

puppete dolly

Гостин
Во глобала, на врската си и` ставила крај ти, иако негов бил изборот по погрешниот пат. Се поставува прашањето дали ти лично сакаш да е вратите во врска. Иако викаш дека довербата е доста битна работа, се има разнишано оној момент кога дозна за неговиот погрешен пат, сепак длабоко во себе сакаш да му се вратиш, но бараш некаква гаранција за тоа да не продолжи понатака по истиот пат.
Љубовта секогаш е ризик фактор. Иако ти се имаш заљубено во некогашната слика на него (кога сте биле помлади), тој (а со тоа и ти) се имате променето. Колку таа промена ќе ве прави компатибилна за понатака, толку љубовта ќе трпи трансформации а со тоа и ќе се зацврснува. Но никогаш не треба да силиш нешто, само затоа што некогаш било толку убаво. Можеби само треба да се обидеш.
Како да се обидеш, тоа можеме само да ти дадеме совет, два, се` е до тебе како ќе прифатиш и направиш. Дали после инцидентов имате седнато на сериозен муабет? Или ти се имаш само повлечено откако дозна? Ако е второво, твојата причина за крај е ништо повеќе шокот кој го имаш доживеано но не и тоа дека работите не можат да се поправат. Пошо веќе откако знаете за проблемот, можеш многу да му помогнеш ако имаш желба да го вратиш. Но пак ќе повторам, ризик фактор е сево ова. Изискува труд и посветување, пребродливо е и откако ќе се среди треба да се негува. И секогаш ќе бара доза на резерва во случај работите пак да не скренат по погрешен пат. Но по сето она што го прочитав погоре, зарем не вреди да се обидеш? Нема многу што да загубиш, ако повторно го направи истото, имаш голема причина да ставиш крај. Вака работите се се`уште недефинирани, се кладам у себе се јадеш што го имаш оставено иако тој те има повредено. Барем пробај со некаков разговор со него, голема е шансата да го одвратиш.
Како што кажав, ова беше втор напад. Првиот беше два месеци пред вториот. Исто и тој резултат на трамадолите, само што тогаш не призна, правеа секакви испитувања, дали е епилептичар, проблеми со срце итн итн. Само тој си знаеше што го предизвика нападот, а сепак не прекина со пиење трамадоли. Јас бев со него, можеше да ми кажи дека има проблем, а не да ми бара скоро секој ден пари, да ме лажи дека му требаат за поправка на колата и сл. Кога одбивав да му дадам, стануваше агресивен. Само јас работев, тој не. Се чудев на неговата заинтересираност за се околу него. Постојано му отварав огласи за работа ама не сакаше никаде да проба. По цел ден спиеше нормално... И целоо време јас се обвинував за се. Не е дека не се трудев. Многу се трудев и трпев многу испади да, во името на она што поминало и бев заљубена во неговата верзија која ме правеше среќна. После нападот на кој јас присуствував, иако бев преплашена, се видовме пак, пробав да разговарам, го прашував од кога зема, му реков да оди на психолог дека не е можно сам да си помогне. Тој одбиваше да разговара отворено, викаше дека нема проблем, не е зависен, а докторите кажаа дека добивање два напади во толку кратко време е резултат на конзумирање трамадоли долг временски период. Тој одби да се отвори и да кажи се. А секој пат кога ќе се видевме чувствував неизмерен страв дека пак ќе му се случи нешто. Кога и да зборуваше со некој на телефон и да одеше некаде јас мислев дека оди да земи трамадоли. Тој страв и недоверба никако не можев да ги потиснам. Не е дека не пробав... И да се смирам со него свесна сум дека можеби месец, два, година, пет, десет ќе биде океј, колку да ја стекнам повторно довербата. Што ако пак почне да се дрогира? Што ако сме во брак и имам деца? Не гледам начин да ја вратам довербата. Кога тој бил способен да ме гледа во очи секој ден и да ме лажи и причината за незадоволство од животот да ја наоѓа во мене, значи не сум му значела и не бил толку заљубен колку што сега вика дека е. Најжално е што ако не му се случеше нападот пред мене немаше никогаш да дознаам за неговиот проблем. Немаше никогаш да ми кажи. Неговото оправдување беше- Не кажував никому затоа што ова не е нешто што планирам да го правам цел живот.... Убеден беше дека нема проблем и дека е нешто што може сам да го контролира.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom