Што (не) Ви нуди православието, а што (не) Ви нудат другите религии?

Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Се надевам бев доволно јасен.
Не.

Прашањето ни беше: што е, а не што не е Христовата Црква. Било која организирана христијанска деноминација денес тврди дека стриктно се држи до Христовите учења запишани во библијата (па дури и муслиманите го тврдат за себе истото). Дали кога зборуваш за Христова Црква мислиш на некоја организирана групација, како на пример протестантската Church of Christ, или нешто друго?

Православната и католичката црква го базираат свооето првенство врз доктрината на директно апостолско наследство. Христос ги овластил своите ученици да бидат апостоли преку полагање рака врз нив, и директно предавање на Светиот Дух. Апостолите ги поставувале христијанските свештеници повторно со полагање рака. Процедурата на поставување свештеник се вика токму така - хиротонија.

Теоријата е: само оние свештеници чие ракоположение може да биде следено наназад во непрекината линија до времето на апостолите, припаѓаат на вистинската Христова црква. Оттука, според оваа доктрина, повеќеѕо протестантски деноминации не се вистински христијански цркви, зашто ја немаат директната наследна линија од апостолско време.

Коментар?
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9

УБАВО И НА МЕСТО ПРАШАЊЕ. Па последно време неколку членови од овој форум ни наметнувате некоие движење христијанско(како ние православните да сне некоја секта).Кои се тие ,,вистински,,христијани?Од кога сте? Или кој е вашиот основач?Од кога датирате? Или сте отпадници од нас што ,,свативте дека православието е секта,, па се одкажавте од него. Бидете појасни,нешто овде се мати...или пак само мене така ми се чини. Изјаснете се,Кои сте вие тие христијани? Зашто за христијанин се сметам и јас и тоа докажан 2000год. но православен, како и моите предци. Нешто овде смрди! Христијани! Нешто многу ме интересира кој сум јас а кои сте вие?:wink:
 
Член од
24 февруари 2008
Мислења
22
Поени од реакции
1
Не знам што ви смрди и што не ви е јасно. Јас во својот коментар точно напишав кои се христијаните и која е правата Христова Црква. Еве ќе повторам уште еднаш, но овој пат прочитајте повнимателно.

Христова Црква е онаа Црква која Христос ја формира во 1век, чии први членови беа апостолите.
Христова и апостолска Црква е онаа која се води исклучиво по учењето на Христос и апостолите, запишано и канонизирано во Божјиот Збор - Библијата.
Христова Црква се сите верници (живи и мртви) кои стрикно се држеле до Христовите учења запишани во Библијата.

Во Христовата Црква не спаѓаат оние кои веруваат и практикуваат работи кои се спротивни на учењето на Светото Писмо.
Во Христовата Црква не спаѓаат оние кои си прават икони, кои се молат пред икони, кои ја обожаваат Марија, кои се молат на светци, кои крштеваат бебиња, кои се клањаат пред мртви лешеви (мошти), кои се улизуваат со световната власт итн. од ЕДНОСТАВНА ПРИЧИНА затоа што Христос и апостолите не правеле вакви работи и воедно и не ги поучувале.
Се надевам бев доволно јасен.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Христова Црква е онаа Црква која Христос ја формира во 1век, чии први членови беа апостолите.
Христова и апостолска Црква е онаа која се води исклучиво по учењето на Христос и апостолите, запишано и канонизирано во Божјиот Збор - Библијата.
Христова Црква се сите верници (живи и мртви) кои стриктно се држеле до Христовите учења запишани во Библијата.
Во официјалната библија е запишан дел од учењето на Христос и апостолите. Евангелијата по Тома, Филип, Јуда и Марија Магдалена се отфрлени од православната католичка христијанска црква. Односно, Светото Писмо, онакво какво што ни е познато денес, е канонизирано од институцијата што ти ја нарекуваш еретичка. Тоа претставува спој на јудејската религија (Стариот Завет) и дел од Христовото учење (Новиот Завет).

Па така, ако официјалната библија е изделкана и пропишана од еретици, тогаш, верниците кои стриктно се придржуваат до таа библија се исто така еретици, зашто не го познаваат во целост Христовото учење, а и го мешаат со противречни искази од јудејската вероисповест.

Ако пак си согласен дека библијата е целосна вистина и ништо друго освен Божји збор, тогаш нема потреба да се осудува официјалната православна црква која ја составила оваа библија како синтеза на поранешните јудејски религиозни записи и дел од апостолските документи.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Овие еванеглеија кои ти ги наброја се гностички ...немат врска со вистинските евангелија..тие се напишани подоцна од псевдо христијански секти..кои истите евангелија ги напишале по 140 години..така да не можеш да ги наречеш верницити еретици..
Целата проблематика околу оваа тема е во насловот..Што (не) Ви нуди православието а што (не) Ви нудат другите религии?
Од кога тоа православието е религија..јас мислев дека христијанството е религија..а православието заедно со католицизмот протенстантизмот и некои други се само поделби во истото..Освен ако не отишло на повисоко ниво...!?!?
Ниту една од тие три не нуди ништо за спас на нашите души само Бог...треба да се збори за живата црква на Исус..таа го нуди тоа што на сите други им недостасува оти ниедна не е совршена(и не зборам за некоја секта ..туку за црквата која ја градат верниците )..
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
--------------------------------------------------
Аууу, по досега кажаното Аврам бил институчија за себе, така е кога ке собереш се на купче (со други зборови кога сакаме да ја искажеме човечката мудрост - колку сме ние обазовани наместо да ја истакнеме Божјата.
Религија е релација кон Бог. Прашањето ми е кој е постаро кокошката или јајцето. ?:baeh:
Јас колку што знам ( извинете ако грешам) ама религијата ја создале луѓето.Библијата ја напишале обични смртници како мене и тебе а не Бог.Токму поради тоа ја истакнуваме човечката мудрост ,а не Божјата зашто за постоењето на човекот сме сигурни ама...
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
Не знам што ви смрди и што не ви е јасно. Јас во својот коментар точно напишав кои се христијаните и која е правата Христова Црква. Еве ќе повторам уште еднаш, но овој пат прочитајте повнимателно.
Ne interesira broj na clenovi vo svetot(pribli\no), broj ovde vo Makedonija..I kakvi ste vie hristijani koga ne gi priznavate onie sto so krv platile da se ocuva hristijanstvoto? Kade bevte do sega zasto nemame slusnato za novi hristijani.Ona sto vredi e plateno so krv i nasite gi znaat koi se tie(Pogolem broj)macenici. Kade e vasata istorija posle apostolite? Nisto ne ni spomnavte.Kade se krievte pa sega izlegovte da ne vratite na ,,vistinskiot pat,,?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Христијаните никаде не се криеле и цели 2000 години јавно и храбро си ја проповедаат својата вера. Мачениците што ги спомнуваш, ако мислиш на оние од првите векови кога христијаните биле прогонувани, тоа не биле православци, туку христијани. Православците се појавуваат на сцената многу покасно, дури после 11 век и тие не биле маченици, туку најчесто тие мачеле други (зборувам за инквизицијата).
Ако Библијата т.е. Божјиот Збор не може да ве врати на вистинскиот пат, јас најмалку можам тоа да го сторам.
Поздрав!
 
Член од
3 февруари 2006
Мислења
131
Поени од реакции
7
Не е точно дека такво нешто проповеда протестантизмот. Но нема да коментирам за него и ќе оставам протестантите да се произнесат по ова прашање.
Христијанството проповеда дека човекот не може да се спаси преку своите обиди да биде совршено добар, туку се спасува единствено преку вера во Христос и прифаќање на Божјата љубов и милост која се излеа на Голготскиот крст. Секако христијаните веруваат дека нивната искрена вера мора да произведе и соодветни плодови (љубов, радост, мир, трпение, љубезност, добрина, верност, кротост, самоконтрола) и дека верата без дела е мртва вера која не спасува.

"Така и верата: ако нема дела, мртва е сама по себе."
(Јаков 2:17)

Goddess, христијанството и исламот не се толку слични колку што мислиш. Чорбаџија наведе околу 20 Кyрански ајети кои повикуваат на вооружена борба, за разлика од Христос и апостолите кои велеле да ги благословуваме нашите непријатели, да не се одмаздуваме, да го вртиме другиот образ и сл.
Колку е само јасно дека ти си тој. Откако беше баниран одново отвори нов јузер. Иначе за Куранските ајети јас ти одговорив и јасно се гледа нивната цел, прочитај една страна наназад.
Само се потврди тоа што го реков јас. Сам себе го цитирал. :)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Бре бре америка ја откривте. Треба човек да има мозок на мравка за да не увиди дека јас и Тајсон бевме ист ник. Јас по дифолт мислев дека сите ќе ме препознаете и затоа не се претставив, туку едноставно продолжив со дискусиите во ист тон, ист стил и од иста точка. Затоа не се правете многу паметни за нешто што беше очигледно дури и од врв на водно.
Го користев тој ник привремено затоа што овој ми беше баниран. А се цитирав самиот себе за да не дојде до забуна кај оние што не ги прочитале предходните мои постови и би се збуниле.

извинете ако грешам
Извинето :)
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
Христијаните никаде не се криеле и цели 2000 години јавно и храбро си ја проповедаат својата вера. Мачениците што ги спомнуваш, ако мислиш на оние од првите векови кога христијаните биле прогонувани, тоа не биле православци, туку христијани. Православците се појавуваат на сцената многу покасно, дури после 11 век и тие не биле маченици, туку најчесто тие мачеле други (зборувам за инквизицијата).
Ако Библијата т.е. Божјиот Збор не може да ве врати на вистинскиот пат, јас најмалку можам тоа да го сторам.
Поздрав!
Зборуваме и за покасно не само за првите векови. Да наброиме и наши:Св.Кирил и Методиј,Св.Климент,Св.Јоаким осоговски,Св.Гаврил Лесновски,Св.Никодим тисмански и прилепски и др.кои според мои а и на други мислења во никој случај не биле мачители. А маченици исто ги имаме по доста: Св.Димитрија, Св.Злата мегленска,Св.Ѓорѓи кратовски,Св.Роман македонски...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Кои тоа ваши бе? Да не сакаш да кажеш дека Кирил и Методиј биле православци? :)
Православието настанува со расколот во 1054 кога православците се одвоиле од мајката црква во Рим (при што добиле и АНАТЕМА од папата)
Значи православието започнува во 11 век, а Кирил и Методиј се од 9 век, што значи дека кога они живееле сеуште немало православие.
На пример, нивната мисија во Моравија, биле подржана од папата Николај 1ви, а подоцна и од папата Адријан 2ри.

Бре бре сте имале и маченици, па и муслиманите имаат маченци, и будистите имаат маченици, па и христијаните имаат маченици и што докажува тоа?
Абе гледајте вие да си ги прештимате вашите догми согласно Божјото Слово, а не да се фалите кој колку бил мачен. Еден ден Бог ќе суди за послушност, а не за тоа кој колку маченици имал во својата деноминација и религија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom