Што (не) Ви нуди православието, а што (не) Ви нудат другите религии?

Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
Најпрво, добро утро на сите.
А потоа-прво па критика. Православието не е религија. Тоа е вера.
И доста веќе со тие протестантски паламудии. Како да не сте доволно агресивни со оние трактати, реклами за разноразни предавања у стилу па ова е исто, дојдете во нашаат црква, се е исто, незначи нова вера но изворно христијанство..Доста веќе, па сега и на форумиве ли ќе ја тупите? Се знае која е Христовата црква...Неможе некојси таму Лутер и Вејсли од пред 200 години мене да ми бидат солат памет. Туууу, да неможе човек форум да отвори од вас.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Се знае која е Христовата црква...
Е која е де? Ајде доискажи се.
Онаа што црта икони? Што се клања пред икони? Што се моли на свети овој свети оној? Што се моли на Марија? Што ја нарекува Марија спасителка, вечна девица, пресвета итн?
Онаа што прави бизнис со верниците? Што продава икони, свеќи, бројаници, свети водички, крстови, ланчиња и еден куп други амајли? Што крштева бебиња, што се улижува на власта, што врши етнофилетизам, тоа ли е Христовата Црква?
Ајде покажи ми ти во Библијата каде тоа Христос или апостолите го поучувале или практикувале она што погоре го наведов?
Чекам... се надевам дека ќе ми го докажеш спротивното со библиски аргументи. :)
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Чорбаџи,

Повеќе пати те прашуваме, а од тебе, никако одговор. Која е таа вистинска Христова Црква? Зошто ја криеш во тајност?

Да беше Исус жив, ќе ти речеше: “Ги зедовте клучевите од Царството, и ниту самите влегувате, ниту некого пуштате да влезе“. (Матеј 23:13)
 
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
Да биле црквите безгрешни, немало и Павле да ги “кара“ во своите посланија. Совршена црква нема. Како ни совршен верник. Наше е да се држиме до Словото.А на тие што го прават Домот Божји во разбојниочка пештера ќе им суди Бог.
Ај, кажи ти која е твојата црква, толку безгрешна, па да одам таму...пошто до сега на таква не сум наишла?
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060

Се согласувам.И мене ме интересира за таа црква.Што знам можеби и вера би сменила ако налетам на таква.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Чорбаџи,

Повеќе пати те прашуваме, а од тебе, никако одговор. Која е таа вистинска Христова Црква? Зошто ја криеш во тајност?
Не ја кријам во тајност. Веќе три пати одговорив на ова прашање. Ајде еве за тебе уште еднаш ќе одговорам:

Христова Црква е онаа Црква која Христос ја формира во 1век, чии први членови беа апостолите.
Христова и апостолска Црква е онаа која се води исклучиво по учењето на Христос и апостолите, запишано и канонизирано во Божјиот Збор - Библијата.
Христова Црква се сите верници (живи и мртви) кои стрикно се држеле и држат до Христовите учења запишани во Библијата.

Се согласувам.И мене ме интересира за таа црква.Што знам можеби и вера би сменила ако налетам на таква.
Таква црква немало ни во Христовото време, ни во апостолското време, ни во ранохристијанскиот период, ни потоа итн. таква црква нема ни денес ОД ЕДНОСТАВНА ПРИЧИНА што Христовата Црква е заедница на грешници, грешници кои се кајат за своите гревови, бараат прошка од Христос, веруваат во Него и максимално се трудат да не грешат.
Има една интересна поговорка која вели:

Црквата не е музеј на светци, туку болница за грешници.
 
CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
eve edna narodna pesna slusnete ja i ke vidite
elaj se mare poturci
na visok cardak da sediiis
zolti zoltici da broiis
na belo grlo da redis
.................
pusta ti bila selim gamija
pusta ti bila aja sofija
jas si ja sakam verata
nasata vera risjanska
seka nedela velvden
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
Не ја кријам во тајност. Веќе три пати одговорив на ова прашање. Ајде еве за тебе уште еднаш ќе одговорам:

Христова Црква е онаа Црква која Христос ја формира во 1век, чии први членови беа апостолите.
Христова и апостолска Црква е онаа која се води исклучиво по учењето на Христос и апостолите, запишано и канонизирано во Божјиот Збор - Библијата.
Христова Црква се сите верници (живи и мртви) кои стрикно се држеле и држат до Христовите учења запишани во Библијата.
Аман бре! Ќе не полудиш,толку ли ти е тешко да одговориш? Христијани од апостолско време.. А бе прашањето е јасно,каде има храм или збиралиште каде упатувате молитви спрема Бог? Еве пример каде се збирате во Скопје,во Струмица,Гевгелија ,Тетово... Мада јас мислам дека прво сте се појавиле во Струмица,зашто од таму почнуваат многу секти со својот добар старт. И кажи вејќе еднаш ако си во Скопје речи таму и таму и готово...Толку е лесно.Или се страмиш од она што си?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Кои тоа ваши бе? Да не сакаш да кажеш дека Кирил и Методиј биле православци? :)
Православието настанува со расколот во 1054 кога православците се одвоиле од мајката црква во Рим (при што добиле и АНАТЕМА од папата)
Значи православието започнува во 11 век, а Кирил и Методиј се од 9 век, што значи дека кога они живееле сеуште немало православие.
На пример, нивната мисија во Моравија, биле подржана од папата Николај 1ви, а подоцна и од папата Адријан 2ри.

Бре бре сте имале и маченици, па и муслиманите имаат маченци, и будистите имаат маченици, па и христијаните имаат маченици и што докажува тоа?
Абе гледајте вие да си ги прештимате вашите догми согласно Божјото Слово, а не да се фалите кој колку бил мачен. Еден ден Бог ќе суди за послушност, а не за тоа кој колку маченици имал во својата деноминација и религија.
Чорбаџија, ај сеа, штом толку љубиш цитати, да потсетам на еден Христов, кој вели„..Ќе бидете намразени од сите заради Моето име..а некои од вас ќе бидат убиени...„ Па сега, јасно ли е кои се тие маченици, почувајќи од Стефан, архиѓаконот и првомаченикот ради Христа? Тоа што православната Црква има маченици е доказ дека таму, ви Црквата е Вистината, која многумина во овој свет ја мразат, итоа како ја мразат! Затоа и беа прогоните на раната Црква од римските цареви и кралеви се до 313 г со Миланскиот едикт од царот Констанитн, но прогоните продложија и понатаму. Само Сталин, во негивиот обид да ја збрише Црквата Христова, има испратено/убиено 180 000 руски свештеници по сибирските логори. Целото семејство Романови е збришано од „Ленин енд компани„ во името од „убавата иднина„, но тоа семејство пред 8 г. е прогласено за маченичко.
П.С: Чорбаџија, заради кого постојат маченици во Исламот и Будизмот?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
MIKI1, зошто ги мешаш раните христијани со православците?
Што има заедничко помеѓу христијаните од 1ви до 4век со православието кое е создадено во 11 век?
Колку се "намразени" православците денес може многу добро да се види денес. Може многу добро да се види како денешната власт го "мрази" и "прогонува" православието притоа подарувајќи му преку 2000 храмови во земјата (додека сите други деноминации немаат НИТУ ЕДНА добиено како подарок од власта)
Многу добро може да се види денес како власта ги "прогонува" и "мрази" православците со тоа што Груевски никаде не мрда без попоите, без бодигардот г.г.г.г.г. Стефан.
Многу добро може да се види денес како власта ги "прогонува" и "мрази" православците со сите привилегии што им ги има дадено де јуре и де факто кршејќи го при тоа и уставот, и секуларноста на државата и верската рамноправност, за што Европа веќе неколку години ја опоменува власта да не ги "мрази" и "прогонува" толку многу православците, туку барем малку да ги "замрази" и "прогони" и другите верски заедници.

Абе како не ти е срам да кажеш дека православците се намразени и прогобувани кога тие се рака под рака со власта и и се улижуваат на секоја власт што ќе дојде (кога СДСМ беа на власт, православните водачи беа СДСМ-овци, а сега се ВМРО-овци)
Свесен ли си по колку христијани гинат годишно проповедајќи по на пример исламските земји, заради ХРИСТА животите си ги даваат.
А што прават православците? Си уживаат во својата удобност, покрај сите привилегии, покрај целото богатство што го имаат измолкнато и сеуште го молкнат од полупразните џебови на граѓаните, си се возат со скапи коли, градат куќи на 3-5 ката, хотели итн.
Ц ц ц православите биле "намразени" и "прогонети" :)
 
Па и во твојов пост веќе се насетува омраза кон православните, а омразата, како особина е мноооогу „христијанска„. Така?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Од кога кажувањето на вистината е "омраза"?
Зарем е омраза ако кажеш дека црното е црно, само заради тоа што некој си мисли дека црното е бело? :)
Зарем Христос "мразеше" кога велеше "Горко вам книжници и фарисеи, лицемери, кои..." ?
Така и јас велам сега:
"Горко вам православци и идолопоклонци, лицемери, кои ја заборавивте Библијата и се придржувате до човечки преданија.. се клањате на икони, на мртви коски, се молите на свети овој свети оној, во вашите храмови продавате свети водички, икони, крстови, бројаници, ланчиња и еден куп други амајлии и фетиши, правите бизнис од она што го нарекувате црква, заработувате од човечки души, од гладта на сиромавиот си градите огромни куќи, хотели, си купувате скапи автомобили, блудничите со секоја власт итн итн" :)
 
Ееееееееееее, Чорбаџија, Чорбаџија...едно е сигурно: судот Христов е конечен, суров, но и праведен. Работата е во тоа што тоа е Суд, после кој ќе нема време за покајание...нема назад..нема „анду„ команда....

Од кога кажувањето на вистината е "омраза"?
Зарем е омраза ако кажеш дека црното е црно, само заради тоа што некој си мисли дека црното е бело? :)
Зарем Христос "мразеше" кога велеше "Горко вам книжници и фарисеи, лицемери, кои..." ?
Така и јас велам сега:
"Горко вам православци и идолопоклонци, лицемери, кои ја заборавивте Библијата и се придржувате до човечки преданија.. се клањате на икони, на мртви коски, се молите на свети овој свети оној, во вашите храмови продавате свети водички, икони, крстови, бројаници, ланчиња и еден куп други амајлии и фетиши, правите бизнис од она што го нарекувате црква, заработувате од човечки души, од гладта на сиромавиот си градите огромни куќи, хотели, си купувате скапи автомобили, блудничите со секоја власт итн итн" :)
И осудувањето е „христијанска„ особина, зарем не?

Значи ти, кој многу се повикуваш на Писмото и кој си заборавил на Христовата забрана за осудување, се ставаш во позиција на Судија, па велиш: „Горко вам православци..„ и тн...
 
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
И пак не кажа Чорбаџијата во која црква оди, со што само се потврдуваат моите зборови дека ниедна црква не е совршена. Која е таа христова црква денес толку безгрешна, ќе ни кажеш или не. Ако да-ок, да видам, да чујам, ако пак не ти се кажува-не куди.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Чорбаџијата е најмалку битен за темава.
Во оваа тема битно е што ви нуди православието и дали тоа што го нуди е богоугодно или не.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom