- Член од
- 14 јули 2005
- Мислења
- 1.428
- Поени од реакции
- 43
Не.Се надевам бев доволно јасен.
Прашањето ни беше: што е, а не што не е Христовата Црква. Било која организирана христијанска деноминација денес тврди дека стриктно се држи до Христовите учења запишани во библијата (па дури и муслиманите го тврдат за себе истото). Дали кога зборуваш за Христова Црква мислиш на некоја организирана групација, како на пример протестантската Church of Christ, или нешто друго?
Православната и католичката црква го базираат свооето првенство врз доктрината на директно апостолско наследство. Христос ги овластил своите ученици да бидат апостоли преку полагање рака врз нив, и директно предавање на Светиот Дух. Апостолите ги поставувале христијанските свештеници повторно со полагање рака. Процедурата на поставување свештеник се вика токму така - хиротонија.
Теоријата е: само оние свештеници чие ракоположение може да биде следено наназад во непрекината линија до времето на апостолите, припаѓаат на вистинската Христова црква. Оттука, според оваа доктрина, повеќеѕо протестантски деноминации не се вистински христијански цркви, зашто ја немаат директната наследна линија од апостолско време.
Коментар?