Потполно си во право Павел и се сложувам со тебе. За жал, тоа било и сеуште е учењето на православните (и католиците) дека толкување надвор од црковната хиерархија - НЕМА!
Мора да се признае оваа догма е најпогодна за манипулирање со рајата.
Учењето вели:
- Библијата е кодирана за обичниот човек и тој не е способен да ја разбере (небаре е пишувана од марсовци, а не од обични луѓе, на народен секојдневен јазик).
- Ние, великодостојниците од црквата, сме тие што ќе ти ја објаснуваме Библијата. Ти, обичен смртнику, немаш доволно јаки заби за духовната храна и затоа ние ќе ти ја џвакаме за тебе и ти само отвори уста и ние ќе ти плукаме внатре.
- Не не, таму не пишува така, туку таму (меѓу редови) пишува дека ти на нас треба да ни дадеш пари, да ни платиш данок, а ние за возврат ќе ти испееме неколку стиха од Библијата, ќе ти дадеме дрво, конец, водичка и сл.
- Ти немора да ја читаш Библијата, ние ќе ти кажуваме што и како да правиш. (Ние сме Бог за тебе)
Но дали Светото Писмо треба да ни ја толкува некој бизнисмен или пак тоа се толкува самото себе со помош на Духот на Вистината (Светиот Дух)?
Дали е потребно да го преместуваме нашиот поглед од Светото Писмо кон преданијата, кон разните "толкувачи", кон традицијата, кон авторитетот на ткн. црква или пак треба нашиот поглед силно да го фокусираме кон Божјиот Збор и да дозволиме тој да ни ја каже вистината?
Бидејќи православните ги земаат пишувањата на старите "отци" како Божји зборови, тогаш еве им еден цитат од нивниот светец Јован Златоуст:
Јован Златоуст: Велат дека нештата околу рајот треба да ги разбереме НЕ КАКО ШТО ПИШУВА, туку на друг начин. Но кога Светото Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ, И НЕ ДОЗВОЛУВА ЧИТАТЕЛОТ ДА ПОГРЕШИ! Затоа ве молам и преколнувам, ДА ГИ ЗАТВОРИМЕ НАШИТЕ ОЧИ ЗА СЕ ДРУГО, И ИСКЛУЧИВО ДА ГО СЛЕДИМЕ КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО.
(13 Хомилија на Битие).
Чорбаџија, кога се напрегаш да им обајсниш некоја работа и на православните, биди доследен до крај. Постојано нешто прескокаш како тоа да е небитно. Во твојов пост, ја прескокна состојбата во која се наоѓаат луѓето од Црквата пред својот Бог. Ај некоја реченица и за тоа.
Црквата е создадена на денот кој православните го инемуваат како Духовден, т.е. денот кога Светиот Дух, во облик од пламени јазици слегува врз главите и рамената од Апостолите и тие ги стекнуваат даровите од Духот (способност да пророкуваат, лекуваат болни, воксреснуваат мртви, говорат туѓи јазици...). Тој ден. да бидам попрецизен, формиран е свештеничкиот дел од Црквата. Кога Апостолот Петар, некое време по слегувањето од Светито Дух, покрстил 5000 евреи во новата вера, формиран е верничкиот дел од Црквата. Така, Црквата Христова е формирана од два дела: свештенство и верници. Тие, свештениците и верниците, се
една целина (Црква=заедница, собор од поедници) кои исповедаат
иста вера и
ист Бог и се
еднакви пред Бога во својата
грешност и во својата
одговорност. А грешноста и одговорноста пред Бога се она кое ти упорно го прескокнуваш па напоменуваш само парцијални работи кои ги поткрепуваат само твоите тврдења!
Грешни се свештениците како шти се
грешни и верниците.
Улогата/
должноста од свештенците е да ја чуваат Христовата вистина непроменета и да ги поучуваат верните, а верните се
должни да послушаат што им е кажано. На судот Христов, свештенството ќе одговара и за себе и за тоа ако погрешно ги
учело верните, оти, како што вели Сам Христос, „На кого му многу дадено, многу и ќе се бара од него„. На свештенството навистина му е многу дадено ( во вид на дарови од Светиот Дух). Верните ќе одговараат ако биле
непослушни на вистината или пак ако ја
искривувале истата.
Јасно ли ти е сега дека ексклузивитетот да се биде свештеник, да се чува вистината и да се поучуваат верните не е зафрканција, туку итоа како сериозна работа, оти свештенството ќе оговара и само засебе но и за верните, доколку ги учеле погрешно?
П.С: Библијата
не е кодирана! Таа се
толкува само со прочистен ум, а не „како кому ќе му дојде„!