Што (не) Ви нуди православието, а што (не) Ви нудат другите религии?

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
А, бе Чорбаџи!!! Фино што си ги извадил тие одломки од Куранот, али сигурно знаеш и сам дека и во Библијата, во Стариот Завет, во петтата книга на Мојсие има исти такво заповеди.
Со таа разлика што тоа се старозаветни заповеди, кога беше на сила Законот. Со Христовата жртва завршува Стариот Завет и започнува Новиот Завет - заветот на Милоста.
Ние христијаните живееме во Новозаветно време и во Новиот Завет нема да најдеш ниту една заповед која повикува на насилство, а ќе најдеш заповеди од овој тип:

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Љубете ги своите непријатели и молете се за оние кои ве прогонуваат.[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif](Христос во Матеј 5:44)[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Не противете му се на злото, туку ако некој те плесне по твојот десен образ, сврти му го и другиот. Ако некој сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, остави му ја и наметката..[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif](Христос во Матеј 5:39,40)[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Никому не враќајте зло за зло.[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif](1 Солунјаните 5:14)[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Ако е можно, доколку зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе![/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif](Римјаните 12:18)[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Не одмаздувајте се, туку дајте му место на Божјиот гнев.[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif](Римјаните 12:19)[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Ако твојот непријател е гладен, нахрани го, ако е жеден, напој го.[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif](Римјаните 12:20)[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Не оставај да те победи злото, туку победи го злото со добро.[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif](Римјаните 12:21)[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Тогаш Исус му рече: Врати го мечот на своето место, зашто сите што се фаќаат за меч - од меч ќе загинат. [/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Христос во Матеј 26:52)[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Синот Човечки не дојде да погубува човечки души, туку да ги спаси [/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif](Лука 9:56)[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Јас ве испраќам како овци меѓу волци. Затоа бидете мудри како змии и безопасни како гулаби[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif](Христос во Матеј 10:16)[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Љуби го својот ближен како себеси![/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif](Христос во Марко 12:31)[/FONT]
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
jenny, не е така како што велиш. Се сомневам дека имаш прочитано барем една света книга и искрено ме чуди како тоа, непознавајќи ги, си даваш за право да ги споредуваш демек сите тие биле исти, џихадот ова џихадон она :)
А јас се сомневам дека ги имаш протолкувано на вистински начин светите книги (доколку ги имаш прочитано) :smir: Јас се согласувам со
Jenny бидејќи навистина така е.

Христијанската религија е монотеистичка религија.По потекло сродна е со јудеизмот со кој дели доста религиозни текстови вклучувајќи ја и својата рана историја или пак со други зборови кажано заедничка за нив е Хебрејската Библија, нам добро позната под името Стар Завет. Додека пак сите три религии: Христијанството, Исламот и Јудеизмот потекнуваат од една иста религија т.е. Аврамската Религија, од што произлегува дека воопшто не се далечни една со друга туку напротив имаат доста заеднички нешта.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Протестантството проповеда спас благодарејќи на искрено покајание и спремност да се прифати Божјата милост, а не со правење на добри дела. Наизглед звучи поубаво, но тоа може и многу повеќе да се злоупотреби. Во секој случај добрите дела без вера немаат основа, а вера без добри дела е празна.
 
Член од
24 февруари 2008
Мислења
22
Поени од реакции
1
Не е точно дека такво нешто проповеда протестантизмот. Но нема да коментирам за него и ќе оставам протестантите да се произнесат по ова прашање.
Христијанството проповеда дека човекот не може да се спаси преку своите обиди да биде совршено добар, туку се спасува единствено преку вера во Христос и прифаќање на Божјата љубов и милост која се излеа на Голготскиот крст. Секако христијаните веруваат дека нивната искрена вера мора да произведе и соодветни плодови (љубов, радост, мир, трпение, љубезност, добрина, верност, кротост, самоконтрола) и дека верата без дела е мртва вера која не спасува.

"Така и верата: ако нема дела, мртва е сама по себе."
(Јаков 2:17)

Goddess, христијанството и исламот не се толку слични колку што мислиш. Чорбаџија наведе околу 20 Кyрански ајети кои повикуваат на вооружена борба, за разлика од Христос и апостолите кои велеле да ги благословуваме нашите непријатели, да не се одмаздуваме, да го вртиме другиот образ и сл.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Православието исповеда:

1. Еден Бог, во личностите од Отецот, Синот и Светиот Дух,
2. Бог кој Сам му се објави на родот човечки,
3. Бог кој Сам им се јави и сеуште им се јавува на достојните,
4. Бог кој Сам ни понуди спасоносно учење за влез во Царството Небесно,
5. Бог кој Го испрати Својот Единороден Син за Свој посредник меѓу Него и човечкиот род: „Ова е мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја! Него слушајте Го!„
6. Бог кој ја формира земната Црква, во која е спасението и која содејствува со Небесната,
7. Бог кој беше распнат, умре и воскресна за гревовите од сите,
8. Бог кој го понуди својот начин на живење за пример за родот човечки,
9. Бог кој не повика да бидеме Негови синови и богови по благодат,
10. Бог кој пак ќе дојде, со слава, за да им суди на живите и на мртвите и Неговото Царство не ќе има крај.
 
Член од
3 февруари 2006
Мислења
131
Поени од реакции
7
Не е точно дека такво нешто проповеда протестантизмот. Но нема да коментирам за него и ќе оставам протестантите да се произнесат по ова прашање.
Христијанството проповеда дека човекот не може да се спаси преку своите обиди да биде совршено добар, туку се спасува единствено преку вера во Христос и прифаќање на Божјата љубов и милост која се излеа на Голготскиот крст. Секако христијаните веруваат дека нивната искрена вера мора да произведе и соодветни плодови (љубов, радост, мир, трпение, љубезност, добрина, верност, кротост, самоконтрола) и дека верата без дела е мртва вера која не спасува.

"Така и верата: ако нема дела, мртва е сама по себе."
(Јаков 2:17)

Goddess, христијанството и исламот не се толку слични колку што мислиш. Чорбаџија наведе околу 20 Кyрански ајети кои повикуваат на вооружена борба, за разлика од Христос и апостолите кои велеле да ги благословуваме нашите непријатели, да не се одмаздуваме, да го вртиме другиот образ и сл.
Колку е само јасно дека ти си тој. Откако беше баниран одново отвори нов јузер. Иначе за Куранските ајети јас ти одговорив и јасно се гледа нивната цел, прочитај една страна наназад.
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
А бе уште се расправате за оваа банална тема и не свативте дека сето лошо е во религијата? Има секакви!
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
33
Поени од реакции
0
Ниту православието ниту другите религии не ми нудат ништо освен интересна литература од која може да се извлече поука. Инаку, дармичките религии и таоизмот ми се најблиски до моите сфаќања за устројството на светот, иако и нив не ги прифаќам целосно. Секоја религија ако ја соголите до нејзината срж ќе видите дека има иста порака и е подеднакво вредна како и секоја друга.

Прашањето е, дали ни е потребна религија? На некои луѓе религијата им е потребен медиум како би дошле во контакт со самите себе или би се заштитиле од несакани влијанија. Или едноставно нешто што им е потребно за да бидат подобри луѓе. Всушност, според мене религиозните луѓе (онатаму ќе ги нарекувам теисти) имаат потреба од некое битие кое ќе биде многу посилно од нив, своевидна татковска фигура, која ќе ги води и заштитува. Да се разбереме нема ништо погрешно во тоа, убаво е да имате една глорифицирана фигура која ја земате за пример и се трудите и самите да се доближите до тој идеал, што функционира во многу случаи.

Неверниците (атеистите) немаат потреба од религија. Тие иако се движат по истите норми и начела кои се пропагираат во религијата немаат потреба од фигура-заштитник ниту фигура за пример, самите се доволно свесни за да знаат како треба ја вајаат својаат личност. Тоа што не веруваат во Бог не значи дека се неморални, нивниот морал произлегува од вербата во самите себеси а со тоа од вербата во човекот и човечкиот род.

И теистите и атеистите тежнеат кон подобрување на суштествувањето на човекот, само претставуваат два различни пристапа. Проблемот настанува кај фундаменталистите, кои за жал ја промашуваат целта и се фаќаат за небитни работи притоа тотално уништувајќи ја главната идеа. Фундаменталистите се преокупирани со друга идеа односно кај нив центарот е Бог, ритуалите, списите а не пораката. Е тука веќе имаме судир деизам и хуманизам. Секако, не ја оправдувам ни другата страна на медаљонот, односно прогонот ии подсмевот на атеистите кон верниците.

Секој со своето, тоа што функционира за вас и ви доведува рамнотежа во животот не значи дека исто ќе му влијае и на друг.

За жал, православната и католичката црква а и грото од другите христијански цркви се против мирна коегзистенција и како такви се деградираат самите себе си.

Македонската православна црква ја почитувам поради богатата традиција и културното наследство и покрај тоа што самите презилотни верници под маската на праведност ја поткопуваат одвнатре (иако ни самите не се свесни зад тоа). Не верувам во нејзините доктрини, но ги почитувам оние што веруваат, тоа си е нивно право, а мое право е да верувам во самиот себе.
--------------------------------------------------------------
Зошто немаш оправдание човеку ти кој судуш бидејќи Бог не гледа кој е кој. Но поради закоравеноста на твоето срце самиот си собираш врз себе за денот на гневот кога ќе се открие Божиот праведен суд. Неволја и мака ќе ја снајде секоја човечка душа која чини зло. А Злото во случајот е неверување на Господ Исус Христос нашиот Бог, и Негово негирање. А на оние кои мислат само за себе и не и се покоруваат на вистината (Светото Писмо - Библијата) , туку и се покоруваат непокарноста - гневот и јарост .
 
Член од
24 февруари 2008
Мислења
22
Поени од реакции
1
Да се вратиме на темата.
Православието нуди удобност и благонаклоност од страна на власта, додека на пример христијанството не го нуди тоа. Согласно Христовата изјава, христијаните треба да очекуваат прогонство..

"Ако светот ве мрази, знајте дека Мене Ме мразеше пред вас! Ако бевте од овој свет, светот би ги љубел своите (православните?); но бидејќи не сте од светов - туку Јас ве избрав од светот - затоа светот ве мрази. Помнете го зборот што ви го реков: ‘Слугата не е поголем од својот господар!’ Ако Ме гонеа Мене, ќе ве гонат и вас; ако го пазеа Моето Слово, ќе го пазат и вашето. Туку, си ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го познават Оној, Кој Ме пратил."
(Јован 15:18-21)
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
33
Поени од реакции
0
А јас се сомневам дека ги имаш протолкувано на вистински начин светите книги (доколку ги имаш прочитано) :smir: Јас се согласувам со
Jenny бидејќи навистина така е.

Христијанската религија е монотеистичка религија.По потекло сродна е со јудеизмот со кој дели доста религиозни текстови вклучувајќи ја и својата рана историја или пак со други зборови кажано заедничка за нив е Хебрејската Библија, нам добро позната под името Стар Завет. Додека пак сите три религии: Христијанството, Исламот и Јудеизмот потекнуваат од една иста религија т.е. Аврамската Религија, од што произлегува дека воопшто не се далечни една со друга туку напротив имаат доста заеднички нешта.
--------------------------------------------------
Аууу, по досега кажаното Аврам бил институчија за себе, така е кога ке собереш се на купче (со други зборови кога сакаме да ја искажеме човечката мудрост - колку сме ние обазовани наместо да ја истакнеме Божјата.
Религија е релација кон Бог. Прашањето ми е кој е постаро кокошката или јајцето. ?:baeh:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Да се вратиме на темата.
Православието нуди удобност и благонаклоност од страна на власта, додека на пример христијанството не го нуди тоа. Согласно Христовата изјава, христијаните треба да очекуваат прогонство..

"Ако светот ве мрази, знајте дека Мене Ме мразеше пред вас! Ако бевте од овој свет, светот би ги љубел своите (православните?); но бидејќи не сте од светов - туку Јас ве избрав од светот - затоа светот ве мрази. Помнете го зборот што ви го реков: ‘Слугата не е поголем од својот господар!’ Ако Ме гонеа Мене, ќе ве гонат и вас; ако го пазеа Моето Слово, ќе го пазат и вашето. Туку, си ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го познават Оној, Кој Ме пратил."
(Јован 15:18-21)
Кон болтуваното:
Православието не нуди удобност, туку преферира умереност во своето материјално живеење и максималност во духовното. Затоа богословите го препорачуваат т.н. царски или среден пат во материјалното живеење, слично на „златната среднина„ од Аристотел, каде се избегнува немаштијата и се избегнува претерувањето. Исклучот од тоа правило е монашкото живеење, каде монасите/монахињите живеат: без имот, безбрачно и во послушност.
Власта е од Бога дадена. Тоа сам Христос му го кажува на својот судија Пилат:„ И ти немаше да бидеш овде ако тоа не ти беше дадено одозгора„. Затоа православнта Црква прифаќа било која власт која Бог ја допушта, а самата Црква, секако , преферира царска власт на Земјата/државата, како што е еден Цар на Небесата.
Под поимот „оној кој задржува„, богословите ја подразбираат токму власта, која со совите закони воведува каков-таков ред во општеството и на одреден начин, го спречува прераното доаѓање на антихристот.
Во византискиот период, Царот и Црквата биле паралена власт (световна за Царот и духовна за Црквата) каде Царот е помазуван од Цркватам за да биде неговата властодржечка позиција праведна и благословена и Царот да владее во името Божјо а не по својата глава.
 
Член од
24 февруари 2008
Мислења
22
Поени од реакции
1
Во византискиот период, Царот и Црквата биле паралена власт (световна за Царот и духовна за Црквата) каде Царот е помазуван од Цркватам за да биде неговата властодржечка позиција праведна и благословена и Царот да владее во името Божјо а не по својата глава.
Токму тука се случил најголоемиот раскол, при кој официјалната црква се одвоила од Христовата Црква. Во моментот кога официјалната црква се здружила со световната власт таа отпаднала од Христовата Црква и во неа почнале да навлегуваат еден куп ереси, перверзии, криви учења итн.

Христос не се мешал во политика. Апостолите исто така. Но затоа пак овие наши попови (МПЦ агенти) се улижуваат на секоја власт што ќе дојде. Ах тие пусти пари :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Токму тука се случил најголоемиот раскол, при кој официјалната црква се одвоила од Христовата Црква. Во моментот кога официјалната црква се здружила со световната власт таа отпаднала од Христовата Црква и во неа почнале да навлегуваат еден куп ереси, перверзии, криви учења итн.

Христос не се мешал во политика. Апостолите исто така. Но затоа пак овие наши попови (МПЦ агенти) се улижуваат на секоја власт што ќе дојде. Ах тие пусти пари :)
Православната Црква , која е „Една, Света, Соборна и Апостолска„ , која исповедан дека Христос е нејзина Глава а членовите од Црквата се тело Христово , токму таа е Црквата Христова. Неми е познато која е таа Црква која се одовила и од што се одвоила. Нема ништо лошо и погрешно во тоа што Црквата е/била блиска со световната власт! Соседна Грција е добар пример за тоа! Претседателот Путин, кое е православен верник, е добар пример за тоа! Поделбата/одвојувањето на власта од црквата го промовираа американските протестанти во нивниот прв Устав со Џорџ Вашингтон и Бенџамин Френклин, а сите други тоа папагалски го повторија во/со своите држави, за жал!
Наведи ми/ни кои се тие ереси кои православието ги произведе? Мене не мие позната ниедна, оти тие ересеи отпаѓаа и сеуште отпаѓаат од Вистината, што е повеќе од очигледен процес и појава во нашево време.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Токму тука се случил најголоемиот раскол, при кој официјалната црква се одвоила од Христовата Црква.
Повеќе пати го нагласувасуваш ова, “христијанската црква“ наспроти православната црква.

Можеш ли да објасниш, што подразбираш под “христијанска црква“?
 
Член од
24 февруари 2008
Мислења
22
Поени од реакции
1
Повеќе пати го нагласувасуваш ова, “христијанската црква“ наспроти православната црква.

Можеш ли да објасниш, што подразбираш под “христијанска црква“?
Христова Црква е онаа Црква која Христос ја формира во 1век, чии први членови беа апостолите.
Христова и апостолска Црква е онаа која се води исклучиво по учењето на Христос и апостолите, запишано и канонизирано во Божјиот Збор - Библијата.
Христова Црква се сите верници (живи и мртви) кои стрикно се држеле до Христовите учења запишани во Библијата.

Во Христовата Црква не спаѓаат оние кои веруваат и практикуваат работи кои се спротивни на учењето на Светото Писмо.
Во Христовата Црква не спаѓаат оние кои си прават икони, кои се молат пред икони, кои ја обожаваат Марија, кои се молат на светци, кои крштеваат бебиња, кои се клањаат пред мртви лешеви (мошти), кои се улизуваат со световната власт итн. од ЕДНОСТАВНА ПРИЧИНА затоа што Христос и апостолите не правеле вакви работи и воедно и не ги поучувале.
Се надевам бев доволно јасен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom