Доста со тоа сивило у нашите филмови... Мислам ок , да, јес да е дел од нашето секојдневие, али добивање поени на социјална патетика е нешто шо му стана навика на секој наш режисер и нешто што стварно ме курчи. Дајте луѓе не сме некоја руска провинција и доста не преставувате така. Друга ствар шо ми смета е шо се во сенка на српската кинематографија ( рани од некое минато време, лузни од војни, пцовки, експлицитен секс со задолжително 5 минутно држење на раката на грудестиот дел на цурата...), или како сакаш наречи ја еве нека не е српска, таа источно европска нишка диши на големо у нашиве филмови. Некогаш и си мислам да не е било " пусто турско " Македонија ќе немаше и своја кинематографија. Да и со тоа претераа. Секој народ, своја приказна , своја историја, ок е и тоа, ама нашиве го надркаа - ама ептен. Ми фали бе урбана приказна, доста веќе со тие етно социјално патетични призвуци. Сценаристите мислиш ги увезуваат од време комунизма, хуморот уличарски али онаков беден у стил " Ај речи два... Да те **** ја ". Да не биде дека само плукам , морам да кажам дека секогаш имаме маестрална глума и неверојатна музика у нашиве филмови, али нели го имате онај dejavu предосечај ( чуство) кога ќе седнете да гледате македонски филм ? И мејби е до парите не викам не, али повеќе е до креативноста.