Што недостасува во македонските филмови?

Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Има добри филмчиња како на пр. балкан-кан, викенд на мртовци и овој новиот панкот не е мртов, ова се стварно многу добри филмови со интересна содржина, па кај нас има само еден филм со жанр акција и тоа е балканкан другово се е штама, треба малку да има филмови со секакви жанрови...како тргнала работава...:(
--- надополнето: 4 јануари 2012 во 02:02 ---
Во Македонија во моментот нема никакви шанси да се направи филм од Холивудски или било каков друг калибар. Ги немаме тие финансиски средства! Филмови од следниве жанрови, секако од поголем калибар: акционен, научно - фантастичен, тинејџерски, трилер (добро за трилер баш и не сум многу сигурен) или сл. нема уште многу години да видиме на нашите "испокинати" филмски платна. (под калибар се подразбира: кршење на коли, бркање со полиција, правење на невидени анимации, пишување на добри сценарија итн... што во суштина се -> ПАРИТЕ).

Иако имаме мнооогу позната фирма за анимирање на сцени од такви некои научно - фантастични/акциони филмови FX3X http://www.fx3x.com/, сепак ПАРИТЕ се тие што кажуваат што ќе се снима. За талентот на нашите актери нема да дискутирам (има мноогу добри, но малку се). Од мала држава што се' уште не може да се опорави од војните, окупаторите и секојдневните пропаганди (од истите окупатори), не може да се очекува да направи ЧУДА. Го имаме скоро секој потенцијал за добар филм: место за снимање, талентирани актери, техничка поддршка, сценаристи, режисери и се' што е потребно за добар филм..... освен ПАРИ.
Не бато нема имагинација за пари има, нема фантазија они наоѓаат имагинација во тоа колку е тежок животот мислат ќе добијат гледаност, но треба да се има идеја а идејата може да кошта и 10милиони а може и 1милион...:)
 
Член од
6 септември 2011
Мислења
10
Поени од реакции
7
Не можеш да очекуваш некој успех од филм во кој нема разменето 2 асални дијалози. У главно сите балкански филмови го имаат истиот синдром на недостиг на добри дијалози или пак некоја мисла која ќе те остави замислен и воодушевен, макар тоа да се и крадени цитати од познати поети, филозофи, уметници, политичари... Типичен Македонски филм има голема празнина, дел кој би требало да те натажи и повторно голема празнина, типичен српски филм има само многу пцуење и ебење. Кога да видиш такви филмови правеа уште од 70тите, такви прават и денес, ништо нема мрднато напред.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не можеш да очекуваш некој успех од филм во кој нема разменето 2 асални дијалози. У главно сите балкански филмови го имаат истиот синдром на недостиг на добри дијалози или пак некоја мисла која ќе те остави замислен и воодушевен, макар тоа да се и крадени цитати од познати поети, филозофи, уметници, политичари... Типичен Македонски филм има голема празнина, дел кој би требало да те натажи и повторно голема празнина, типичен српски филм има само многу пцуење и ебење. Кога да видиш такви филмови правеа уште од 70тите, такви прават и денес, ништо нема мрднато напред.
Браво, дојдов во темава баш ова да го напишам.
Нема дијалози, ниту квалитетни реплики. Најупотребувана реплика што ми текнува е “Ово нема ни у Београду“ и “Сите ќе умрете, некои сега, некои после“ од Викенд на мртовци. Ретки се оние реплики кои ќе те замислат, тераат да размислуваш. Кај нас репликите се сведени на пцуење и цела публика се гази од смеење кога некој ќе каже пизда ти матер. Не знам, изгледа јас немам смисла за хумор.

Отворив и тема за македонски реплики и повеќето се онака... тоа се наши најдобри реплики, а сепак се некако празни (поголемиот дел).

Вокерка во темата убаво нашла некоја колумна и еве извадок (иако е општо):

Дали тоа е затоа што во мојата меморија нема повеќе место или затоа што за да биде запаметена една реплика од филм е потребно да помине извесно време во кое таа ќе биде консумирана од пошироката јавност? Лично помнам повеќе реченици и изрази од филмови што сум ги гледал пред две, три, пет, па дури и десет и повеќе години, отколку од филмови што сум ги гледал последниов период. Верувам дека ваквите „catch“-фрази се една од стратегиите за зголемување на популарноста на филмот, како и за доделувањето култен статус од страна на повеќе генерации филмофили - вели Дамјановски.
Приказните се монотони, рамни, дијалозите празни. Има филмови каде по 5-10 минути нема ни реплика, на моменти викам, јас нем филм ли гледам. Исклучоци има, ама ретки се.

Се надевам само дека “Трето полувреме“ ќе го обели образот.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Во поновите македонски филмови неизбежно е да има магаре, фичо, :гомце:, ѓубре, натуралистички секс... И да. ВО секој втор филм, главна улога има Лабина Митевска.

Информирајте се подобро пред да почнете да зборувае за српската кинематографија која има и подолга традиција и неспоредливо поголем број филмови.

Еве еден македонски филм од дамнина. Да ти е милина да слушаша макдонски јазик.
--- надополнето: 26 септември 2012 во 22:44 ---
А овој, да ти текне за војводи :love:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.818
Поени од реакции
12.308
Затоа ако сакам да гледам македонски филм, гледам да е некој од постарите. Мирно Лето барем за мене е пример на едноставна приказна со интересни дијалози и без усилено извештачено глумење.
Еве еден македонски филм од дамнина. Да ти е милина да слушаша макдонски јазик.
како по договор :)
ќе ги споменам и Солунските Атентатори, Фросина и други да не ги набројувам постари дела од кои дефинитивно треба да учат нашите помлади режисери, сценаристи и актери.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Малку дообјасни се, не ти кажува ова ништо конкретно...
Што сакаш да кажеш?
Дека фали комедија?

Те прашувам пошто не те сфатив, од едно видео не може да се сфати, затоа постојат зборовите...:)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.166
Поени од реакции
18.212
Малку дообјасни се, не ти кажува ова ништо конкретно...
Што сакаш да кажеш?
Дека фали комедија?

Те прашувам пошто не те сфатив, од едно видео не може да се сфати, затоа постојат зборовите...:)
Од видеото...премногу здрвеност, вештачко, премногу литературен јазик до степен на одбивност ...
плус додаток несодржајни дијалози и секс ‘ради реда‘ во секој втор филм.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Според мене има два проблеми, зошто е толку тешко да се направи добар филм во македонија.
Прво, ние не сме македонци туку македончиња, 5 века под турско ропство, и после тоа се заебаваат соседите со нас и се сме ние кутричките. Затоа добар дел од филмовите ни се некои депресивни срања за тоа колку ни е лошо на нас, или колку ни било лошо во некој период од нашата историја, од тука добиваш голем репертоар на историско-воени филмови. Реалноста ни е ваква, зошто би сакал да гледам филм кој ми го прикажува тоа што го гледам секој ден низ прозорецот.
Другата половина од филмовите се од некои уфилмани режисери/сценаристи кои прават филмови со "артистичка вредност", со долги сцени без збор дијалог и пробуваат да те отепат психички, со "пораката на сцената/филмот".

Затоа филмови како Балканкан се одвојуваат од другите. Оригинално сценарио и одлично изведено.

Вториот проблем е што многумина мислат дека треба многу пари да имаш за да направиш добар филм. Bullshit, и овие филмови сега што ги прават не се ефтини, можеби не се полни со специјални ефекти ама пак не се ефтини. Проблемот со ваквото размислување е што ликовите се ставаат во заден план. Режисерот/сценаристот си има некоја идеја која што сака да ја пренесе и после набрзина креира неколку ликови кои ќе ја прикажат таа идеја. Специјални ефекти и огромен буџет не се предуслов за добар филм, ликовите се, треба да бидат колку толку реални и поважно да бидат ликови со кои можеш да се поврзеш. Крајно идеализирани ликови, клише/стереотипни ликови со платичен извешатечен дијалог се практично вонземјански ликови со кои во никој случај неможеш да се поврзеш. Кога последен пат на кафе муабет ти требало речник за да знаеш што сакал да каже соговорникот.

Има еден куп инди филмови низ америка и светот кои се снимени со мал буџет, па биле голем хит.
Sunset Limited е пример за филм движен исклучиво од дијалог, само два актери во една сцена, цел филм. Но сценариото е премногу добро напишано за да биде досаден. Има и уште многу вакви(мислам дека има и тема за вакви филмови тука на кајгана)
Ако разгледаш поубаво не ти треба ни дијалог, и одличен монолог може да го движи целиот филм. Bronson е добар пример за ова, нема специјални ефекти нити комплицирани сцени, а 98% од филмот е монолог.

Ни требаат добри сценарија од свежа крв, од млади и амбициозни луѓе, не сценарија од иситите луѓе секоја година. Ни треба сценарио кое ќе не оттргне од реалноста за некои саат-два да ни го раведри денот и по можност инспирира кон нешто. А не кога ќе излезеш од киното да сакаш да купиш два метра цврсто јаже и да ја бараш најблиската греда.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Еве еден филм на режисерката Билјана Гарванлиева. Филмот е документарен, ама многу добро направен. Веројатно повеќето од вас го имаат гледано.
Филм без патетика, полнокрвен, а без крв, филм за еден живот кој е многу поинаков и потежок, а сепак толку ист со нашиов.

 
Член од
3 март 2009
Мислења
8
Поени од реакции
16
Има квалитетни филмови и во Македонија, само проблемот е што се македонски.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Има квалитетни филмови и во Македонија, само проблемот е што се македонски.
Темава е за тоа што недостасува во нив, односно што треба да се направи за да бидат подобри и поквалитетни. Тука е поентата да се даваат сугестии од перспектива на гледач што би можело да се подобри.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
8
Поени од реакции
16
Темава е за тоа што недостасува во нив, односно што треба да се направи за да бидат подобри и поквалитетни. Тука е поентата да се даваат сугестии од перспектива на гледач што би можело да се подобри.
оф топик: Поентата е да си го почитуваме своето. Има квалитетни филмови, не е дека нема.

он топик: Недостасува оптимизам и комедија. Сите се со мрачни и депресивни содржини, исполнети со насилство и еден куп голотија.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Што ли му се случи на Кирил Ценевски?

Да, де, режисерот на „Црно семе“, во времето сметан за еден од најнадежните и најталентираните режисери на македонската и југословенската кинематографија...
Па, некој си го „препознал“ својот Голи Оток во филмот и одеднаш, колку што знам, на Ценевски суптилно му е препорачано да не режира повеќе....

Мене Манчевски ми се допаѓа исклучително многу... има толку многу поттекст во филмовите, а нелинеарноста во неговите приказни е исклучително загадочна на моменти....
Да не зборувам за историските предвидувања, чии сведоци, за жал, бевме и самите...

„Тетовирање“, пак, е приказна за себе... и ден денес се чудам дали е ненамерно направен така добро - исто така филм со поттекст, кој носи храбри пораки за времето во кое е снимен, па дури и малку визионерски, исто така....

Не знам дали има нешто што не ми се допаѓа.... мислам, сигурно има, ама дури и во време на СФРЈ, македонската кинематографија не беше исклучително богата во квантитет, така што, допрва треба да се развива (ако се сака) карактеристичен филмски јазик...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom