T
Torchyrus
Гостин
Пари , актери , секс , акција и комедија
Секс и не верувам баш дека недостасува, па во секој македонски филм неизбежно има секс сцени кои ретко се направени од уметнички аспект, туку го вулгаризираат сексот на некој начин. А многу често секс сцената, не соодветствува воопшто со претходната сцена или приказната како целина.Пари , актери , секс , акција и комедија
Колку пари се потребни за да некој напише неизвештачени реплики кои нема да го направат филмот да изгледа тенденциозно односно да посакува на сила да ја постигне целта или поентата или атмосферата односно поентата да му се наметнува на гледачот а не да му се дозволи тој самиот да ја открие или доживее (иако и не секој е способен за тоа)? Јебига уметноста е суптилна ствар а нејзината суптилност уште повеќе зависи и од кој тоа ја пренесува до реципиентите.Во Македонија во моментот нема никакви шанси да се направи филм од Холивудски или било каков друг калибар. Ги немаме тие финансиски средства! Филмови од следниве жанрови, секако од поголем калибар: акционен, научно - фантастичен, тинејџерски, трилер (добро за трилер баш и не сум многу сигурен) или сл. нема уште многу години да видиме на нашите "испокинати" филмски платна. (под калибар се подразбира: кршење на коли, бркање со полиција, правење на невидени анимации, пишување на добри сценарија итн... што во суштина се -> ПАРИТЕ).
Иако имаме мнооогу позната фирма за анимирање на сцени од такви некои научно - фантастични/акциони филмови FX3X http://www.fx3x.com/, сепак ПАРИТЕ се тие што кажуваат што ќе се снима. За талентот на нашите актери нема да дискутирам (има мноогу добри, но малку се). Од мала држава што се' уште не може да се опорави од војните, окупаторите и секојдневните пропаганди (од истите окупатори), не може да се очекува да направи ЧУДА. Го имаме скоро секој потенцијал за добар филм: место за снимање, талентирани актери, техничка поддршка, сценаристи, режисери и се' што е потребно за добар филм..... освен ПАРИ.