Што недостасува во македонските филмови?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
И она што е исто значајно, е немањето на филмска култура кај народот, едноставно ја нема... ни филмска, ни драмска... или ај еве ја има, али ко нинџа е, се губи...

Што сакаш да кажеш со тоа немање филмска култура кај народот, во која смисла ?
 
Што сакаш да кажеш со тоа немање филмска култура кај народот, во која смисла ?

Муабетот ми е дека, како прво, во пола македонски градови нема кино или театар. Преслаб интерес за филмови и драма. Нема добра промоција на филм. Знам живееме у модерно време на ДВД-ја и торенти, но постариве се заглавени у тие филмови од СФРЈ (у кои секако има неколку добри филмови), кои исто ко кај нашиве се врти истата приказна, секс, пцуење. И по gazilion пати се вртат истите филмови... а новите слабо се промовираат...

Второ, на повиско ниво, кај нас нема асални филмски критичари. ИоСоно и Џимеј ги сметам за поголеми критичари од оние што се појавуваат кај нас на тв. Дури и таквите па ги има малце. Нема филмска критика кај нас која ќе им укаже дека не треба да се повторуваат исти приказни и критика која ќе биде релевантна за тоа да го промени...
 
кај играните филмови? тоа што излегува еден добар на неколку години (тука фактор за малиот број би ги ставил финансиските и човечките ресурси)
кај сериските филмови (сериите): се нешто транзиција...тежок живот....
 
Мислам дека скоро сите сум ги гледал и бидејќи поголемиот дел се драма со хорор, му фали напнатост во моментите на кои треба да бидат напнати, актерите треба да бидат малку поотпуштени и да се соживеат повеќе со ликот зошто актерите глумат како да им е тоа работа (еве ќе одам да го одглумам Гоцета Делчев, и ќе се вратам почекај ме ќе одиме после на кафе, нешто во овој стил), јас колку што сум ги гледал репортажите за тоа како се снима филм, на пример кога Расел Крол глумел цајкан кој го апси еден од првите црни кумови, и тоа што е според вистинско случување на филмот, вистинскиот цајкан кажуваше дека комплетно се внел во улогата дури и го имитирал како оди.
За се друго мислам дека е одлично, се е друго многу повеќе од што треба, е сега на некој не му се допаѓале темни филмови и слично тоа е прашање на вкус, ама тоа што ќе се направи е прав уметнички филм.
 
Највеќе ни фали ХУМОР, значи не знаат да напраат добар хумор. Они само знаат да опцујат и да навредат и сметаат дека тоа е хумор, ноо!! мене лично тоа воопшто не ми е смешно.
 
Имаме одлични глумци така да за глумата немам зборови, а иначе стварно незнам што недостасува. Многу се разочарав од филмот на Милчо Манчевски "Сенки", идејата е добра но од почеток на филмот го сватив крајот, незнам чива е таа грешка, а ова е филм во кој крајот не треба да се знае се до самиот крај, едноставно треба да ме шокира и помести од место самиот крај
 
Доста со тоа сивило у нашите филмови... Мислам ок , да, јес да е дел од нашето секојдневие, али добивање поени на социјална патетика е нешто шо му стана навика на секој наш режисер и нешто што стварно ме курчи. Дајте луѓе не сме некоја руска провинција и доста не преставувате така. Друга ствар шо ми смета е шо се во сенка на српската кинематографија ( рани од некое минато време, лузни од војни, пцовки, експлицитен секс со задолжително 5 минутно држење на раката на грудестиот дел на цурата...), или како сакаш наречи ја еве нека не е српска, таа источно европска нишка диши на големо у нашиве филмови. Некогаш и си мислам да не е било " пусто турско " Македонија ќе немаше и своја кинематографија. Да и со тоа претераа. Секој народ, своја приказна , своја историја, ок е и тоа, ама нашиве го надркаа - ама ептен. Ми фали бе урбана приказна, доста веќе со тие етно социјално патетични призвуци. Сценаристите мислиш ги увезуваат од време комунизма, хуморот уличарски али онаков беден у стил " Ај речи два... Да те **** ја ". Да не биде дека само плукам , морам да кажам дека секогаш имаме маестрална глума и неверојатна музика у нашиве филмови, али нели го имате онај dejavu предосечај ( чуство) кога ќе седнете да гледате македонски филм ? И мејби е до парите не викам не, али повеќе е до креативноста.
 
Најдобар мак филм од нашата независност ми е дефинитивно Збогум на 20 век.Многу трипозен,надреален,многу луд,извртен.Me gusta.Балканкан ме разочара.Беше црна комедија за на крај да се претвори во srs business.Ајде Дарко,можеш ти подобро.

Милчо беше добар со првите два филма.Со Сенки ја утна работата.Морам ли да го гледам The sixth sence во наше руво?

Како последен добар филм би го издвоил Големата вода.Камерата,музиката,актерите,ма се беше одлично.Се прашувам каде ни исчезна Иво Трајков.

Мислам дека ни требаат повеќе филмови од типот на Збогум на 20 век.Надреализмот е потенцијал кој треба да се искористи.
 
Помалце пцуење и курви што се чепатат.
И да, подобри глумци.
На полу-идиотон Сашко Коцев му даваш главна улога ејјј............. дај сите заедно колективно да се отепаме.
 
давање слика на еден или друг начин дека сме тотална бедотија - прикажување на една искривена реалност за нас... народот сака да гледа глеа раскош, фантазии, интересни приказни, не мрачни сценарија, кози по улици, како што пишаа погоре секс сцени-голотија без "топлина" да ти се згади.. Треба според мене во поинаква насока да почнат да размислууваат :) Како што гледам ова го имаат одамна сватено режисерите во поблиските земји: Бугарија, Хрватска, Србија итн.
 
Муабетот ми е дека, како прво, во пола македонски градови нема кино или театар.

Да, баш и јас помислив на тоа. Кино и театар треба да има во секој град , културата треба да се развива и негува, овој недостаток ни е голем хендикеп. Се тоа е верижен систем: има кино, има театар, има уште нешто и автоматски има живот во тој град, секој ќе си живее во својот град... ама тоа е друга тематика, да не навлагаме. Важно е да се истакне дека на македонските градови им треба кина и театри.
--- надополнето: Nov 2, 2011 11:27 PM ---
Доста со тоа сивило у нашите филмови... Мислам ок , да, јес да е дел од нашето секојдневие, али добивање поени на социјална патетика е нешто шо му стана навика на секој наш режисер и нешто што стварно ме курчи. .

Баш така, точно дека отсликано е нашето секојдневие ама мајка му не е до толку црна ситуација, ние колку и да мрчиме тука сепак во Македонија животот е убав, нема потреба да оддаваме лоша слика за нас преку филмовите.
 
Одлична тема, промовирана е на почетната страна на Кајгана.
 
Недостига нов концепт и напуштање на социјалистичките тематики.Мора веќе конечно да се отцепиме од тоа пусто турско и како се тепаме и бориме за држава.Зашто мора во секој филм да има тематика за УДБА и КОС .Зашто нема филмче кое ќе обработи некој теми од секојдневние .Впечаток ми оставиле Сенки,Превртено и Боли ли првата балканска догма
 
Промена на жанр. Како што рекоа повеќето.
Квалитетна камера.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom