Научив дека женските се курви. Дека и ние машките сме курви. Дека женските не знаат што сакаат. Дека и машките не знаат што сакаат. Всушност, најголемиот дел од луѓето не знаат што сакаат, а останатите често забораваат.
Научив дека животот не е фер. Дека секад добрите го добиваат џганот, а џганот добрите. Среќни лубовни приказни има само таму, во приказните.
Научив дека заради гореспоменатите курви + малограѓанштина, сплеткари, завидливци и секакви други паразити, довербата во денешно време е апстрактен поим, па ја нема ни каде што е заслужена. Научив дека најголемиот дел од луѓето не знаат да препознаат лојален карактер, бидејќи и самите тоа не се. Зашто да се биде таков, лојален, значи свесно да ризикуваш да ти биде зариен нож во срцето. Треба многу ХРАБРОСТ.
Научив дека "Amores Perros". Може да те сјебе до максимум. Дека не сум толку силен колку што мислев. Дека сум пак долу. Дека немам друг мотив за живот освен љубовта. И нема да имам.
Научив дека не постојат "грешки" кога постапуваш од срце, од душа. Но, можеби грешам.
Научив дека сум способен во секоја да го најдам она макар и скриено парче добро и во него да се заљубам. А можеби сум само наивен и затоа ќе го јадам и во иднина.
Научив дека не постои ни такво нешто како "преболување". Љубовта е давање, а не земање. Секој крај отцепува дел од тебе, неповратно. Нема назад.
И сега знам, дека да сакаш некого искрено и вистински, е како слободен пад од висина која нема да те убие, но ќе ти ги скрши сите коски. Ќе боли страшно многу, ама чувството додека паѓаш е неописливо прекрасно и неповторливо. Еднаш го направив. И ќе го направам пак. Свесно. И токму тоа ме прави ГОЛЕМ.
PS. Remember people, ХРАБРОСТА Е ДОБЛЕСТ!