Што мислите за Жан Митрев?

Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
кога отишле да проверат споредбено во државна установа дека воопшто не била направена операцијата...итн, сега се на суд
За каков тип на операција станува збор штом можело да не е направена, а да му речат на пациентот дека е направена?
Многу „мириса“ дека некој се намерачил да ја купи, па затоа емисијава, ништо чудно.
Емисијата е затоа што имало неправилности, во тоа верувам. Е сега ако некој се намерачил да ја купи, тоа си е башка работа
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Добро прашање. Многу „мириса“ дека некој се намерачил да ја купи, па затоа емисијава, ништо чудно.
Зошто некој би сакал да купи болница (или клиника) со нарушен углед и интегритет? Пологично е нарушување на углед и интегритет за стекнување на конкурентска предност. Нели? :)
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.499
Поени од реакции
2.407
Зошто некој би сакал да купи болница (или клиника) со нарушен углед и интегритет? Пологично е нарушување на углед и интегритет за стекнување на конкурентска предност. Нели? :)
Не баш. Не сум некој познавач на маркетинг и сл., но сигурно си постојат и начини на преземање на однапред изградена, со сите стандарди, болница со нарушен углед (ребрендирање, менување боја, менување име итн., си има начини).
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
Не дај боже да бидеш пациент во јавното здравство и да стекнеш многу подрагоцено искуство од другата страна.
Тоа ''драгоцено искуство'' е прикажано во документарниот филм, само во приватно здравство. Се прашувам зошто се правиш слеп за истото?

Приватно или државно, не е дозволиво да постојат такви искуства. Хуманост, човечност, транспареност е она што треба да преовладува во медицината.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Не баш. Не сум некој познавач на маркетинг и сл., но сигурно си постојат и начини на преземање на однапред изградена, со сите стандарди, болница со нарушен углед (ребрендирање, менување боја, менување итн., си има начини).
Сакаш да разгледаме неколку примери како завршуваат болниците со нарушен углед? И не, да имаше акции на берза, истите, по оваа сторија, ќе го допреа самото дно.

Никој не би сакал, во овој момент, да инвестира во таа клиника, инвеститор или пациент (пари за лекување), додека не се истера судската постапка која ќе трае со години. Изгледни се и колективните тужби. Новиот сопственик ќе мора да се носи и со притисокот од јавноста и со тој нов финансиски товар.

Пологично е, ако веќе се води хајка, да се води за конкурентска предност. :)
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.876
Поени од реакции
4.580
...ако пациентот сам со свои средства обезбедува терапијата која му е потребна, а тоа не се малку пари да се купи, тогаш што е толку проклето скапо да пациент да се оперира или лежи треба да уплати уште во почетокот 12 000 евра? од каде однапред се знае што испитување или што интервенција ќе се направи да толку скапо му наплатуваат?

...дали тоа значи дека во позадина се присутни и други кардиохирурзи кои со своето доаѓање и интервенција си го наплатуваат однапред својот труд со фиксна цена, па затоа ,,Жан Митрев,, веднаш ги исплатува?
тоа само моја претпоставка.

...често пати ќе се пофалат за некоја успешна интервенција или операција и ќе го кажат со име и презиме хирургот од дотичната болница, па човек ќе помисли колку напредна присутниот медицински кадар, оти не само хирургот е заслужен туку цела екипа, па и инструментарки, ама ако поупорно се заинтересира човек релната слика е друга, па поканети надворешни хирурзи со свој тим, а нам од другата страна ни се сервира за главни оператори се вработените на болницата, а тие само што ги повикале другиве надворешни хирурзи, а ,,домашниве хирурзи,, повеќе од асистенција при операција ништо посебно не направиле, зашто се кријат главните оператори кои се токму тие кои се исплатени со високи суми да го оперираат пациентот, а тие суми се дадени веднаш при прием на пациентот, а никој тоа не го кажува така?
ако ти е скапо оди на клиника брат, никој не те тера на приватно да одиш
Кој е тој што би сакал да му ја земе клиниката на Жан?
Поред толку многу руинирани здравствени објекти, со долгови и извршители на врата, тој некој може да ги земе за ич пари, а приватна болница не се зема тек така.
никој нејќе клиниката да ја земе, зградата си е зграда.
Персоналот е најобучен во Северџанија и можеби пошироко. Проминентни доктори работат таму не само Жан. Тие доктори имаат кариери кои што не сакаат да си ги оцрнуваат за туѓи интереси.
Ако Жан пропадне тие доктори ќе бараат работа на друго место за помалку пари.
Платите во ЖМК се дупло поголеми од платите од Систина и Ремедика. И 4 до 8 пати од државни болници.
Филипче ја откупи Ремедика, Заев пола Систина, што мислиш, кој има интерес од овие настани?

Зошто некој би сакал да купи болница (или клиника) со нарушен углед и интегритет? Пологично е нарушување на углед и интегритет за стекнување на конкурентска предност. Нели? :)
болница не, ама опрема и кадар да
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.947
Поени од реакции
1.498
Заев и Филипче ја купија Ремедика и сега се ослободуваат од конкуренцијата преку вакви навидум објективни новинари, пази, објавувано од страна на Власта на МТВ1.

Не сакам да го бранам Митрев, сигурен сум дека има ужасна вистина во приказните, ама се гледа дека оваа акција е само против него, со цел нарушување само на неговиот углед, додека објективно се занемарува грозната некомпетентност на останатите на пазарот, вклучувајќи го и јавното здравство, за кои што верувам и повеќе од има што да се каже.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.634
Поени од реакции
37.593
За каков тип на операција станува збор штом можело да не е направена, а да му речат на пациентот дека е направена?
... гинеколошки проблем со дополнително бениген тумор кој притискал на бубрег со не баш добра прогноза дека може да се изгуби функцијата на бубрегот и други попратни здравствени проблеми, препорака оперативно хистероктомија - остранување на матката и целосно остранување на туморот, со што пациентката подигала кредит - хипотека на куќата, се одвивало цел процес без никакви компликации, дури претходно била извесен период на дадена цитостатска терапија, па све тоа успешно поминат здравствен проблем со редовни контроли кај докторот дека све е во најдобар ред, само по 6 месеци мирен период пациентката почувствувала слични слошувања и симптоми и повторно имала проблеми со изразени болки, па пак контрола, па пак дека тоа била постоперативна реакција и било нормално, дека ги чувствувала органите иако ги немала, давајќи и споредба со човек со ампутирана нога, а ја чувствувал. :facepalm:

...дадено и' е совет од Х особа, да иде на државна нефролошка клиника на преглед, ама без препорака, дијагноза и стари резултати, ниту да каже било што, онака како прв преглед да и' бил, за да не влијае на мислењето на тој што ќе и направи испитување и ултразвук.

...си легнала на кревет, сондата со размачкан гел на неа и нефрологот почнал ...тумор огромен притиска на бубрег, формација на јајник ваква таква здебелена матка,

...WTF, пациентката не и' се верувало, ,,..па докторе јас немам матка, јајници, туморот исто све тоа оперативно извадено еве документи со опис.
... докторот, читал читал...пак со сондата на неа, видно изнервиран, повторно го повторил истото при што тој и' рекол ,,јас госпоѓо не знам кај сте биле што сте направиле, јас ќе напишам тоа што гледам и ќе дадам мислење на тоа што гледам тука на мониторот, вие понатаму си знаете,, :shok2:

...од таму со новото мислење искуцано и парафирано званичен документ за прегледот, се вратила кај нејзиниот хирург кај ,,Жан Митрев" приватна болница, каде тој не само што не бил изненаден, туку ја искарал зошто тоа го направила, дека докторите во државните болници ништо не знаеле, а најмалку да гледале на ехо.

...жално и греота, па дури и од примената ,,пост оперативна онколошка терапија" дадена несооветно, не можам да пишувам, не ми се верува уште дека е можно таква работа, веќе се по судски врати со уште кредити подигнати за добивање судска правдина, барем да и' се вратат парите од неизвршена здравствена услуга, не знам дали со овие јавни видеа нешто ќе превземе за излегување на виделина на нејзината вистина, со тоа што побарала помош од МЗ, одбиена нит ја сослушале нит ја примиле.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.336
Поени од реакции
7.701
Мислењето дека нема потреба за репортажа од тоа колку е гнило државното здравство, ќе го смениш во моментов кога ќе треба да лежиш во јавното здравство и ќе видиш дека ќе те умрат од глупост. За покомплицирано муабет не правам.

Јас митрев не го бранам да се разбереме!

Јас се нервирам што кога ќе ми ја затворат вратата во јавното здравство морам да одам да се молам во приватните клиники и да ме колат финансиски.
Многу добро знам и сум осетил лично колку е труло државното здравство, а исто и дел од приватните. Што ќе смени репортажата... Малку ли случаеви сме имале... Случајот со девојчето Тамара, Тетово болницата живи луѓе изгореа, десетици други случаеви што стигнале до медиумите и што? Народ излезе ли да се истера правдата, да се среди нешто, одговараше некој....

Напоменав, јас многу пати сум го бранел суртуков, баш дека е приватник, посебно за цените, т.е. кој смета дека се високи нека си бара чарето на друго место, а најпрвин нека се запраша зашто цела фамилија со децении плаќале здравство, а 0 (нула) добиваме за возврат.
Но суртуков излезе дека цел живот лажел, манипулирал и крадел, баш со помош на вработени во јавното здравство.
Темава е за него, па ако може, постапките брани ги или потврди ги, а државното јбг, народ не го интересира. Од 2020 до сега, тоа се 3 државни буџети, значи 12 милијарди евра. Народ не го интересира, колку се потрошени да се реновираат, средат болниците низ државава, ниту бара да се средат. Најавуваат нови бранови, а сигурен сум дека пак ќе има проблеми со инсталација за кислород, со распаднати тавани, вц итн, итн.

Администрацијата е одговорна за касата што се полни од народот, има полиција и служби кои се платени да ја чуваат таа каса, па ниту еден приватник без нивен амин и соработка, 1 денар не може да му биде исплатено. Затоа ако приватник е казнет или осуден за малверзации, мора бар уште неколку од администрација исто да ги снајде, оти без нивна соработка, нема шанси малверзација да се направи и оштети буџетот.

Не го знам законот, но ако е точно тоа дека доколку настанат компликации, болницата е должна да ги обезбеди лековите за санирање, тогаш на жената што и побарале сама да ги купи лековите 500.000 денари, уште утре треба да и ги вратат, а и за тоа да се казни.

Биди малце реален....Жан дојде да работи на кардиолошко одделение во Воената болница, под државна капа, вработен како и сите останати таму и со месечна плата како и сите доктори.
Зарем ти ако се запослуваш негде, треба сам да си купиш алати за работа?
После распадот на ВБ, откако се приватизира, он си плаќаше кирија за просторот и сите трошоци за вода, струја, одржување идр.
И така баш Жан добил можност се тоа на тацна да добие, други немало заинтересирани... Државата на други претходно не им правеше милион проблеми за да не успеат.
Кој му дозволува со децении на лажни документи и неосновано да добива милиони од фондот....
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Приватно е здравството речиси секаде во западниот свет. Туку наместо да се занимавате со проблематиката ЗОШТО САМО ВО СЕВЕРЏАНИСТАН фондот не го плаќа лекувањето на своите осигуреници во приватните болници. Абе во една Бугарија секој што е здравствено осигуран може да си бира кај ќе се лечи, сакал приватно, сакал државно, бугатскиот фонд секаде плаќа.

Што народ што ***** гази во северџанија бе.
Проблем е што е уништено државното здравство и затоа сите трчаат на приватно.
Или уште поголем проблем е ако имаш забележано барањето да се прават операции надвор од земјата, за голем дел од донациите што се собираат има услови операцијата да се направи во мкд, али довербата е на нула...

Клиниката Жан Митрев не е само хирургот со истото име... јас имам двајца многу блиски кои таму на ортопедија правеа операција, и двајцата се презадоволни. Сега не ми е јасно, ако „падне“ човекот Жан Митрев, дали со него во вода оди цела болница, сите одделенија? Или може некој да ја преземе клиниката, па другите доктори да си останат да работат?
Процесот во вакви работи оди вака: го дискредитираш/компромитираш газдата, болницата почнува да губи сериозен профит, докторите се веќе во паника и ќе почнат интензивно да си бараат друга работа, конкурентската клиника која е сега купена од Зоќета ќе ги прибери најдобрите, во меѓувреме Митрев губи уште толку левериџ во пазарењето со нив и ќе има три опции: да ја отстапи болницата на друг за неколку пати помала сума од тоа што вредеше до пред 2 недели, ќе мора да им го бацува дупето и да им излезе во пресрет за се што ќе побараат од него т.е само на хартија ќе биде газда и ќе мора се повлече на одреден период додека да стивне фамата, да изгуби се и банката да му ја собере со оглед на тоа што нема да има обрт и помош од фондот.

За жал целата приказна ќе заврши пак со ќар само за некој од тајкуните/мафијата, а народот пак ќе остане со прстот во уста.
Повторно ќе го празнат фондот, само од друга страна, народот ќе се задолжува за да се лекува, а државното здравство ќе тоне.

Инаку за споредба тука за здравствени услуги месечно плаќам нешто ситно повеќе од тоа што плаќав во МКД, а државното здравство е светлосни години подобро од тоа таму, што значи на тие плати таму фондот би имал доволно финансии ако некој не ги испумпува за лично богатење.
Автоматски споено мислење:

Зошто некој би сакал да купи болница (или клиника) со нарушен углед и интегритет? Пологично е нарушување на углед и интегритет за стекнување на конкурентска предност. Нели? :)
Затоа што кога ќе промениш менаџмент, и удриш маркетинг дека има нов сопственик/ребрендираш, довербата се враќа назад.
Ова е секојдневна практика во корпорацискиот свет.
Автоматски споено мислење:

Не баш. Не сум некој познавач на маркетинг и сл., но сигурно си постојат и начини на преземање на однапред изградена, со сите стандарди, болница со нарушен углед (ребрендирање, менување боја, менување име итн., си има начини).
Секогаш е поефтино да купиш разработен и функционален бизнис, отколку да го градиш од ново, ова е бај да бук.
Истото важи и за вработените, далеку поефтино е да му дадеш покачување на постоен вработен, отколку да го отпуштиш и да учиш нов на истата позиција, особено ако станува збор за комплексна работа каде ќе потроши недели/месеци да се ухода.
Автоматски споено мислење:

Сакаш да разгледаме неколку примери како завршуваат болниците со нарушен углед? И не, да имаше акции на берза, истите, по оваа сторија, ќе го допреа самото дно.

Никој не би сакал, во овој момент, да инвестира во таа клиника, инвеститор или пациент (пари за лекување), додека не се истера судската постапка која ќе трае со години. Изгледни се и колективните тужби. Новиот сопственик ќе мора да се носи и со притисокот од јавноста и со тој нов финансиски товар.

Пологично е, ако веќе се води хајка, да се води за конкурентска предност. :)
НЕ! Една опција е да се платат медиумите и ботовите на интернет да почнат да го фалат новиот сопственик, па ќе имаш постови како работите се промениле и сега имаш одговорен и совесен менаџмент, а втората е пуштање во стечај на тековната и ребрендирање т.е отворање на нова компанија, а користење на инфраструктурата/луѓето од старата. Тешко е да изградиш и да обучиш кадар, се друго е ствар на документација и маркетинг.
 
Последно уредено:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.277
Поени од реакции
30.602
ќе мора да им го бацува дупето и да им излезе во пресрет за се што ќе побараат од него т.е само на хартија ќе биде газда и ќе мора се повлече на одреден период додека да стивне фамата, да изгуби се и банката да му ја собере со оглед на тоа што нема да има обрт и помош од фондот.
Ne deka dosega ne bese taka.
Sekoj sho dozvolil da bide koruptibilen ke dozivee ista sudbina.
Od tolku gordost i kompleks, ne mozese da predvidi deka e samo asset na vlasta. Bilo koja.
Mislese deka so nego pravat dogovori so fondot oti e unikaten lol. Sam si se nasedna.
Ubavo e i ovie so kompleks na gospod da se potsetat oti se samo "plakatolepachi"

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.364
Поени од реакции
10.262
Многу добро знам и сум осетил лично колку е труло државното здравство, а исто и дел од приватните. Што ќе смени репортажата... Малку ли случаеви сме имале... Случајот со девојчето Тамара, Тетово болницата живи луѓе изгореа, десетици други случаеви што стигнале до медиумите и што? Народ излезе ли да се истера правдата, да се среди нешто, одговараше некој....

Напоменав, јас многу пати сум го бранел суртуков, баш дека е приватник, посебно за цените, т.е. кој смета дека се високи нека си бара чарето на друго место, а најпрвин нека се запраша зашто цела фамилија со децении плаќале здравство, а 0 (нула) добиваме за возврат.
Но суртуков излезе дека цел живот лажел, манипулирал и крадел, баш со помош на вработени во јавното здравство.
Темава е за него, па ако може, постапките брани ги или потврди ги, а државното јбг, народ не го интересира. Од 2020 до сега, тоа се 3 државни буџети, значи 12 милијарди евра. Народ не го интересира, колку се потрошени да се реновираат, средат болниците низ државава, ниту бара да се средат. Најавуваат нови бранови, а сигурен сум дека пак ќе има проблеми со инсталација за кислород, со распаднати тавани, вц итн, итн.

Администрацијата е одговорна за касата што се полни од народот, има полиција и служби кои се платени да ја чуваат таа каса, па ниту еден приватник без нивен амин и соработка, 1 денар не може да му биде исплатено. Затоа ако приватник е казнет или осуден за малверзации, мора бар уште неколку од администрација исто да ги снајде, оти без нивна соработка, нема шанси малверзација да се направи и оштети буџетот.

Не го знам законот, но ако е точно тоа дека доколку настанат компликации, болницата е должна да ги обезбеди лековите за санирање, тогаш на жената што и побарале сама да ги купи лековите 500.000 денари, уште утре треба да и ги вратат, а и за тоа да се казни.

И така баш Жан добил можност се тоа на тацна да добие, други немало заинтересирани... Државата на други претходно не им правеше милион проблеми за да не успеат.
Кој му дозволува со децении на лажни документи и неосновано да добива милиони од фондот....
Во многу работи се согласувам со тебе, така е, но ниту ти, ниту некој друг, колку и да му вадите триста мани, колку и да го правите мафијаш, ваков таков, онаков...Жан Митрев се докажа дека е врвен кардиохирург со илјадници успешни операции кои тоа го потврдуваат.
Само јас лично познавам неколку оперирани пациенти кои секојдневно го благословуваат.
Така да, нека поработи комисијата, нека направат контроли, нека го казнат ако навистина има грешки во работата, за тоа не се бунам.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.970
Поени од реакции
8.634
Тоа ''драгоцено искуство'' е прикажано во документарниот филм, само во приватно здравство. Се прашувам зошто се правиш слеп за истото?

Приватно или државно, не е дозволиво да постојат такви искуства. Хуманост, човечност, транспареност е она што треба да преовладува во медицината.
Можеме да го дискутираме на медицинска основа тие искуства во приватното здравство кои се многу по бенигни во споредба со јавното, мада немам и за тоа многу желба да дискутирам пошто не сакам и тие да ги оправдувам. Приватни пораки ти се исклучени.

Објасни ми ја хуманоста со исклучената топла вода во државна болница на 40 степени надвор. И не те пуштаат да излезеш надвор од клиниката да се истушираш иако лежиш "скапан" 10 дена. Не бе нема интрахоспитални бактерии тука.
 
Свекрва ми почина од бактерија, од мрса, која ја доби во болница после операција.....така ја отпуштија дома, месо и се распаѓаше
 
Kajgana Shop

На врв Bottom