За каков тип на операција станува збор штом можело да не е направена, а да му речат на пациентот дека е направена?
... гинеколошки проблем со дополнително бениген тумор кој притискал на бубрег со не баш добра прогноза дека може да се изгуби функцијата на бубрегот и други попратни здравствени проблеми, препорака оперативно хистероктомија - остранување на матката и целосно остранување на туморот, со што пациентката подигала кредит - хипотека на куќата, се одвивало цел процес без никакви компликации, дури претходно била извесен период на дадена цитостатска терапија, па све тоа успешно поминат здравствен проблем со редовни контроли кај докторот дека све е во најдобар ред, само по 6 месеци мирен период пациентката почувствувала слични слошувања и симптоми и повторно имала проблеми со изразени болки, па пак контрола, па пак дека тоа била постоперативна реакција и било нормално, дека ги чувствувала органите иако ги немала, давајќи и споредба со човек со ампутирана нога, а ја чувствувал.
...дадено и' е совет од Х особа, да иде на државна нефролошка клиника на преглед, ама без препорака, дијагноза и стари резултати, ниту да каже било што, онака како прв преглед да и' бил, за да не влијае на мислењето на тој што ќе и направи испитување и ултразвук.
...си легнала на кревет, сондата со размачкан гел на неа и нефрологот почнал ...тумор огромен притиска на бубрег, формација на јајник ваква таква здебелена матка,
...WTF, пациентката не и' се верувало, ,,..па докторе јас немам матка, јајници, туморот исто све тоа оперативно извадено еве документи со опис.
... докторот, читал читал...пак со сондата на неа, видно изнервиран, повторно го повторил истото при што тој и' рекол ,,јас госпоѓо не знам кај сте биле што сте направиле, јас ќе напишам тоа што гледам и ќе дадам мислење на тоа што гледам тука на мониторот, вие понатаму си знаете,,
...од таму со новото мислење искуцано и парафирано званичен документ за прегледот, се вратила кај нејзиниот хирург кај ,,Жан Митрев" приватна болница, каде тој не само што не бил изненаден, туку ја искарал зошто тоа го направила, дека докторите во државните болници ништо не знаеле, а најмалку да гледале на ехо.
...жално и греота, па дури и од примената ,,пост оперативна онколошка терапија" дадена несооветно, не можам да пишувам, не ми се верува уште дека е можно таква работа, веќе се по судски врати со уште кредити подигнати за добивање судска правдина, барем да и' се вратат парите од неизвршена здравствена услуга, не знам дали со овие јавни видеа нешто ќе превземе за излегување на виделина на нејзината вистина, со тоа што побарала помош од МЗ, одбиена нит ја сослушале нит ја примиле.