Ако има девојка...
па шо ако има девојка, не му е жена ебате
Башка ако јас имам шанса со него, зашто да не се смувам ?
Плус он сигурно свесен е што праи, значи свесен е дека ја вара, и дека она би можела да дознае, што секако мене не ме интересира, тоа е само негов проблем, али барам од него да не му збори устата за тоа шо се десило поради двете страни.
И за он да биде со мене, треба да бидам подобра од моменталната женска, затоа што кога вараш некој, го вараш со некој шо е у нешто подобар од твојот дечко/девојка.
Ако он ја вара, мене ми покажува дека не е сериозен тип за врска, така што мувањето е сосема доволно и би останала на мување, не би почнала со него врска.
И секако сигурна сум у себе и знам дека нити сум грда, нити глупава па да барам од него да раскинува со женската ради мене, ко јас да не можам да си најдам дечко, па сеа ќе и го зимам на некоја друга. Нека си продужи со неа. Ќе се смувам со него, и онака ништо сериозно не е, а за врска ќе си најдам некој
слободен, со кој ќе си имам убава врска и ќе си бидеме посветени еден на друг, и нема да има потреба од некој трет.