Што кога сакаш и знаеш дека не те сакаат?

Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
abe glej, da ne go drvam mnogu, ama moj stav e deka ako vekje doshlo do raskinuvanje, togash dokolku bilo vistinska ljubov, pricinata za raskinuvanje moralo da bide nekoja golema prichina, a vo vistinska ljubov nema ogromni greshki, barem ne od tipot za nekoj da raskine, i kolku i da se borish i da bidete zaedno, pak neshto kje te jade vnatre vo tebe za toa koga ste si raskinale (dokolku se spoite pak). Poradi toa ne vredi , sho znam...moja nekoja si filozofija na razmisluvanje
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Си во право. Лепените работи тешко функционираат.

Ама овде зборуваме за невозвратена љубов. Не за судир на карактери, или за избледнети емоции, есен во животот, содома и гомора итн итн :)

Да не го дрвам и јас - Пак ќе кажам: Бори се за она што го сакаш.

Ама, за тоа треба да знаеш што сакаш, нели? А тоа не е лесно.
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
Serpico напиша:

If you love it, FIGHT for it!
Serpico напиша:
Да не го дрвам и јас - Пак ќе кажам: Бори се за она што го сакаш.
стави се во обратна ситуација, каде што ти ја одбиваш нудената љубов. девојчево трча по тебе, а ти неќеш ништо со неа. ќе и препорачаш да се бори за тебе или да се олади?
ако првото, сакаш да те замара? со се` можно?!
вел, нот ми. што неќам да ми прават, не го правам на други -))) (зависи од случај)
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Да невозвратена љубов боли...Но кога е невозвратена(колку и да умираш од желба да бидеш со личноста) не гледам дека може да направиш нешто многу за да го промениш тоа...Емоциите не се нешто што може да се изнуди, или предизвика доколку ги нема. Ако некој не осеќа ништо за тебе, колку и да се трудиш е залудно. Дури, ако премногу се трудиш може да и створиш поголем отпор на личноста која ја сакаш. Не звучи убаво, но за жал така е. Едноставно, кога се работи за љубов, нештата треба да се случуваат сами од себе. Да ќе покажеш директно или индиректно, сеедно дека дечкото/девојката ти значи, но доколку нема повратен одговор од негова/нејзина страна најдобро е да продолжиш понатаму и да се надеваш дека можеби нештата ќе тргнат на подобро. Затоа што сум забележала дека тркалото секогаш се врти(колку и да звучи ова прозаично). После извесно време или ќе се појави нова личност, или оној што сме го сакале ќе пројави интерес(а во најдобар случај и нашите чувства ќе го задржат интензитетот, т.е сеуште ќе сакаме да бидеме со таа особа).
Така да, колку и да е тешко на почетокот, треба да пуштиме нештата да се одвиваат без претерано усилување од наша страна.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
kpbKENGUR напиша:
стави се во обратна ситуација, каде што ти ја одбиваш нудената љубов. девојчево трча по тебе, а ти неќеш ништо со неа. ќе и препорачаш да се бори за тебе или да се олади?
ако првото, сакаш да те замара? со се` можно?!
вел, нот ми. што неќам да ми прават, не го правам на други
Кенгуре, треба да се покаже став. Не се повлекувај. Кажи и во лице на девојката дека таа е она што сакаш - ама дека нема да умреш без неа. Покажи дека знаеш што сакаш, без патетики и сечења вени.

Ако девојка која не сум ја забележал се постави така према мене... нема да ми е сеедно :)
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
Serpico напиша:
Кенгуре, треба да се покаже став. Не се повлекувај. Кажи и во лице на девојката дека таа е она што сакаш - ама дека нема да умреш без неа. Покажи дека знаеш што сакаш, без патетики и сечења вени.

Ако девојка која не сум ја забележал се постави така према мене... нема да ми е сеедно :)
мојот прв пост на темава:
kpbKENGUR напиша:
ми се случило, секако. можда не било љубов, ама фатална привлечност. сум правел се` до одредени граници, а потоа сум прекинал. зашто? па не сакам некој да замарам кога е јасно се`, и несакам тоа истото на мене да ми се случи. не сум сакал да имам врска под присилба, притисок или штознам. како и да е, не е добро искуство, но искуство е -)) не е битно тоа што јас мислам дека ќе го поминеме животот во вистинска хармонија, доколку таа не е моја истомисленичка. Life goes on...
значи, да. ќе се борам и покажувам став до одредени граници. убавина со сила не бива(народна поговорка). If you love it, FIGHT for it! (филмска поговорка, која е вистинита во секој љубовен филм, и каде дечкото и девојката секогаш завршуваат заедно)
животот не е филм. life goes on.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Serpico напиша:
Кенгуре, треба да се покаже став. Не се повлекувај. Кажи и во лице на девојката дека таа е она што сакаш - ама дека нема да умреш без неа. Покажи дека знаеш што сакаш, без патетики и сечења вени.

Ако девојка која не сум ја забележал се постави така према мене... нема да ми е сеедно :)
Да, без патетики..Затоа што мелодраматичноста може да направи да изгледаш очајно..А, очајните луѓе не се најпривлечни.
Треба да ставиш до знаење дека ти значи и дека сакаш да бидеш со неа. Но, не и да и ја наметнуваш својата љубов.Затоа што тоа може да делува како опсесивност, која е одбивна.
Значи покажување на наклоност со граница. Ако ти даде "ладен туш", директно или индиректно, онда треба да ја пуштиш.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
kpbKENGUR напиша:
значи, да. ќе се борам и покажувам став до одредени граници. убавина со сила не бива(народна поговорка). If you love it, FIGHT for it! (филмска поговорка, која е вистинита во секој љубовен филм, и каде дечкото и девојката секогаш завршуваат заедно)
животот не е филм. life goes on.
Oкеј. Се разбираме :)
Нормално - не по секоја цена. Да не се повторувам, погоре пишав за што се противам.

А многу по филмска поговорка е - Ако нешто сакаш, пушти го нека оди..... Патетична е кога ќе помислам двапати.
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
If you love it, put a bag on its head, fuck it, kill it and leave no evidence.
 

rich_bitch1

~DARLING~
Член од
15 март 2007
Мислења
744
Поени од реакции
5
normalno deka mi se ima slucano da sakam nekoja licnost a da ne bidam sakana od istata.i sekako deka boli no kako i se i toa so tekot na vremeto pominuva.osobeno me bolese toa sto jas bev stvarno uporna se borev za nego,toj bese svesen za toa mi davase lazna nadez za da na kraj celosno me otfrli.ama ete veke e minato toa...
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Бев мал и заљубен до бесконечнст... Девојчето единствено сакаше да биде моја „пријателка”. Се обидов се... изгубен по неа ... додека сфатив дека не е единствената....

Сега.. дури ми е смешно кога некој ќе ми рече заљубен сум а никогаш не бил со типката.

Ова ми е решение за се... не се заљубувам пред да почнам врска... премногу ми е сега детско... оставам да ги учам маните и добрите страни на девојката со која сум во врска... времето само ќе ми покаже дали таа е онаа за која би можел да речам: Ја сакам.

Значи, и да знам дека не ме сака (не сака да има ништо со мене) некоја на која и се пуштам (ме привлекува) се обидувам уште еднаш-двапати... ако и после тоа не успеам да ја придобијам... продолжувам без никакви последици понатаму
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Или ќе се обидам еднаш, или ќе се обидам да проценам дали е заинтересиран за мене на друг начин (ко сто начини да има :pos:). Ако наидам на разидување, ако заклучам дека не е загреан за мене или ако ме одбие директно- после прв обид се откажувам. Гордост уклучувам и возам напред. Па мајку му, не е ни прв ни последен.:wink:
 

Ghost

Universe Is My Limit
Член од
21 октомври 2005
Мислења
94
Поени од реакции
0
ако ја сакам а таа мене не ме сака, идам у кафана, добро се начукувам, а кога сум начукан убаво, многу гооолема желба иам за авантури, па барам маси кај што има само девојки на нив :zlo:
 

For_My_Love_o-0

...Morsko Prase...
Член од
25 мај 2007
Мислења
80
Поени од реакции
0
PSYtisfaction напиша:
Или ќе се обидам еднаш, или ќе се обидам да проценам дали е заинтересиран за мене на друг начин (ко сто начини да има :pos:). Ако наидам на разидување, ако заклучам дека не е загреан за мене или ако ме одбие директно- после прв обид се откажувам. Гордост уклучувам и возам напред. Па мајку му, не е ни прв ни последен.:wink:
Da ne e ni prv a ne e ni posleden ama ako sakas nekoj ne znam !!!
 

Fluffy

Hellraiser
Член од
6 мај 2007
Мислења
1.373
Поени од реакции
16
Чувството да сакаш,е најубавото чувство на светот.Тоа е што те прави човек,што ти дава причина да се разбудиш наутро,да заборавиш на многу проблеми.Меѓутоа,кога љубовта е невозвратена,тешко е.Разумот ти вели,ма дај,откачи го/ја,што си го арчиш времето за бадијала,додека срцето ти вели,ајде,дај му/и уште малку време,можеби ќе те засака.Не сакам да звучам студено или без чувства,ама мене секогаш ме води разумот прво,па потоа правам место во срцето.Знам,не можат сите да бидат исти,секој со своето си е,ама боли...кога некој не те сака,дефинитивно боли!
Затоа,во таква ситуација,мојот совет е:Не губете време на некој што не ве сака,има многу љубов во светот и што си е ваше,ќе си дојде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom