Себегратификацијата е инфинитивен поим.
Значи,како прво,нема логика темава бидејќи суштински е невозможно "да имаш се."
Елаборејшн:
Амбициозноста е променлива материја.
Ако ги тргнеме настрана желбите на мало дете и се сконцентрираме на возрасен човек,тогаш тој човек има целосно право да го одржува активен гладот за повеќе од тоа што е и тоа што има,било духовно или материјално.
Движечка сила е на секој човек да не се задоволува со поимот доволно,туку да бара повеќе од тоа.Значи,под тоа "се",мора,ама мора да се подразбере она кое зборот го налага.
Од најниската форма на материјално постоење која ја имаме во општеството,а тоа е бездомникот кој сака десет денара да си купи баничка,преку сиромавиот семеен човек,кој работи по цел ден,а навечер сонува како на децата им купува здрави патики и неискината облека,до мегабогаташот,која абе мора да ја купи таа јахта со базен,кино и дванаесет спални.....сите тие луѓе сакаат повеќе.А тоа повеќе го носи човек напред.
Брат ми игра World of Warcraft.
Го прашувам:
"Добро бе,дебел,која е поентата на играта?
-Поентата е да стасаш до 70ти левл.
-ОК,а кога ќе стасаш?
-Па после одиш во инстанци,тепаш босови,собираш Epic облека и стануваш многу јак.
-А кога тоа ќе го завршиш?
-Напаѓаш градови на Алијансата?
-А после?
-После гледаш да собереш уште појака облека,Legendary.
-И кога се тоа ќе направиш?
-Секогаш ќе се најде нешто ново..."
Исто е и со сите нас.Гладот не држи во живот.Кога си гладен,тогаш знаеш дека животниот импулс бара нешто од тебе.Како паралела на тоа,кога не си задоволен од доволно,значи животот сеуште ти е интересен.
You never leave World of Warcraft.And it will never ever leave you