Што кога имаш се, а сепак нешто недостасува?

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
Da znam deka ne postoi covek koj ima se.Sekogas nesto nedostasuva(vo parvo si) problemot e vo toa sto jas nemozem da procenam sto mi nedostasuva (barem sega za sega, pocnav da baram solucija i mislam deka ke bidam ok, barem se nadevam, neli nadesta posledna se gubi).:smir:
tebe ti fali ljubov:back:
 

joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
Имотот (матерјален, духовен, секаков) и недостатокот секогаш се правопропорционални. Колку повеќе имаш, толку повеќе нешта ти недостасуваат.
 
Член од
17 декември 2007
Мислења
178
Поени од реакции
7
Секогаш ќе има нешто што недостасува.Мора да има.Зашто без соништа не се живее.Без нив и оптимизмот не би постоел. Голем поздрав!
 
Член од
13 август 2007
Мислења
672
Поени од реакции
19
после све што прочитав мислам дека тебе ти фали неколку дооообри журки да се издуваш! еден мал совет пошо и јас сум била во депресивни моменти... ако имаш роднини од други градови...(мислам на братучедки) иди им на гости некој викенд и ќе видиш ќе запознаеш нови луѓе/. Па животот не е само твојот град, и твоите пријатели. Смени нешто во животот, оттргни се од шаблонот по кој шпарташ секојдневно, направи промени без разлика на туѓо мислење, а уште поубаво штом си финансиски обезбедена. Овозмжи си забава! барем викендите, ќе видиш ако го примениш тоа едвај ќе чекаш да има следен пат бидејќи тоа ќе ти ги оттрга мислите од секојдневната монотонија. Така јас си помагам себе!

знаеш како викаат: Прво помогни си сам, за да ти помогне и тој одозгора! А не све четири у вис и да чекаме да ни падне од озгора :)
 
K

kat.<3

Гостин
mozes da imas se, a na dnoto sepak da nemas nisto. ti si patuvala celiot zivot so zlatni kocii po tvojot pat, a poveketo luge toj pat go pominuvaat vo kocii od drvo, ne tolku ubavi, ne tolku silni kako tvoite, a iskreni. toa se lugeto koi ja sfatile sustinata na zivotot, zasto za da ja razberes taa, tokmu treba da nemas nisto, ili da imas malku, no nikogas ne e docna, vo vistinskoto vreme sekoe parce od tvojot mozaik ke si dojde na mesto, i ke si ja pogodi bojata. mozebi tokmu toa ti nedostasuva, da go vidis zivotot so drugi oci, ne so onie so koi si go gledala do sega, da poglednes okolu sebe i da gi vidis lugeto pokraj tebe koi patuvaat so kocii razlicni na tvoite, onie drvenite.
 

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Вака , морам ова што го чувствувам да го споделам со некого и решив да го направам тоа на овој начин.

Во мојот живот секогаш имав се што ќе посакав како и до ден денес.
Но постојано во мене се јавува чувство како еден дел од мене да недостасува.
Незнам што се случува со мене !!

Јас не бегам од реалноста, мислам дека ќе бидам добро.
Од сега ќе пробам да бидам оптимист.
Фала ви на коментарите , какви такви
Се согласувам со kat.<3 дека треба да го погледнеш животот со поинакви очи..Како што кажуваш тебе животот ти е розов,,и отсекогаш ти бил,,така да ти си затворена во тој свет и знаеш дека ќе го добиеш она што го сакаш на многу лесен и брз начин,,без самата да се потрудиш околу тоа..Навистина треба да имаш некоја цел во животот за чие остварување ќе се стремиш и ќе ја прифатиш како предизвик..И погледни малку околу себе,,и сфати го животот малку посериозно,,научи да го сакаш и да се задоволиш со она што го имаш,,зошто ако погледнеш наоколу ќе сфатиш дека постојат многу луѓе кои за некои работи кои ти ги имаш(не мислам само на материјалните) некои др за тоа можат само да сонуваат..Мислам дека малку повеќе треба да се посветиш на нештата кои ги сакаш и секако многу повеќе дружење и забава но и цел во животот која ќе те води низ него,,е она што би ти помогнало да сфатиш колку животот е убав,,а посебно твојот,,но ти можеби не си била доволно свесна за тоа,,па ја бараш среќата на друго место,,наместо да и се посветиш на онаа што веќе ја уживаш..И да,,материјалните работи се важни во животот,, но таа важност не може ни да се спореди со чувството да си духовно исполнет..А тебе дефинитивно ти фали ова второто..:pipi:
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Епа во овој случај немаш се. :vozbud:
Немаш се. И не можеш никогаш да имаш се. Ете тоа е проблемот-што не си ја искусила таа вобуда и тој адреналин,лутина,бес,гнев,солзи радосници и крокодилски,чувството дека не си добила се што ќе посакаш,како мало девојче можеби ќе им фрлиш неколку погледи на бес на твоите,но подоцна можеби и ќе им се заблагодариш за тоа.Тоа го прави човек тоа што е. Како што си рече самата-животот ти бил монотон.
А инаку не се грижи и на таквите како тебе и на нас што треба повеќе да се намачиме нешто ни недостасува секогаш. Ако не ни недостасува тогаш за што се будиме секое утре? Токму така,за да го добиеме тоа што ни недостасува. Ако се избориш да го добиеш,чувството потоа е незаменливо. Не е секогаш вкусно се што е сервирано веднаш во секундата штом ќе го посакаш.
Со една реченица-кога ќе сфатиш дека не можеш да имаш се,ќе почувствуваш промени :)
 

bella

*HOT*
Член од
8 јуни 2008
Мислења
407
Поени од реакции
27
Вака , морам ова што го чувствувам да го споделам со некого и решив да го направам тоа на овој начин.

Во мојот живот секогаш имав се што ќе посакав како и до ден денес.
Но постојано во мене се јавува чувство како еден дел од мене да недостасува.
Незнам што се случува со мене !!

Јас не бегам од реалноста, мислам дека ќе бидам добро.
Од сега ќе пробам да бидам оптимист.
Фала ви на коментарите , какви такви
Сигурно си сфатила дека со пари некои работи не се купуваат!излегувај повеке,најди си некој шо ке те сака и ке биде со тебе,САМО ПОРАДИ ТЕБЕ,ПРАДИ ТОА ШТО ГО ИМАШ ВО ДУШАТА,А НЕ ВО ЏЕБОТ!Кога ке ја сретнеш таа особа,се ке се смени,ке ти ја исполни празнината шо ја чуствуваш!А,сепак незнам ни во какви односи си со родителите,бидејки они ОсвеН ПАРИ;НЕТРЕБА ДА ЗАБОРАВААТ ДА ТИ ДАВААТ НЕЗМЕРНО ЉУБОВ;СЕКОЈ ДЕН!Да бидат тука за тебе,да те ислушаат и да те посоветуваат!Иако имаш 19г,сепак на секој му треба понекогаш родителска прегратка и бакнеш!
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Форумов заликува на селф хелп прирачник. Бидете свои при нафрлањето совети - земете у предвид свое лично искуство.
Мислам дека секој човек го има(л) овој проблем. И јас пред извесно време. Но се` е во личното перцепирање на работите - ете зошто некој и кога има се` чувствува дека пак нешто му фали и тоа го депресира.

Едно е сигурно, не е работата да размислуваш дали си среќен(и што фали) туку да дејствуваш, да правиш работи што ги сакаш. Мислам дека ова објаснува се`: Happiness is like a butterfly. The more you chase it, the more it will elude you. But if you turn your attention to other things it will come and sit softly on your shoulder.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Реченицава е контрадикторна. :) Ако нешто недостасува, значи немаш се`. И тоа е добро. Никој нема се`. Која е поентата да немаш соништа што сакаш да ги оствариш и амбиции што сакаш да ги постигнеш?
Додека немаш се`, значи дека си нормална, дека си човек. Ако мислиш дека имаш се`, треба серизно да се уплашиш од себеси и одма да поработиш на тоа да немаш се`. :)

Тоа „нешто“ што недостасува е всушност тоа што ти треба за да ти го направи животот исполнет и да ти даде цел, некаде кај што ќе си ја усмериш енергијата и мислите. Да го постигнеш тоа нешто. Може да бидат и повеќе нешта, важно е да имаш нешто што ќе ти го квари совршениот круг и ќе те прави обична, нормална, човек. :)
 
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
Незнам можеби и си во право,можеби во мојот живот преовладува монотонија?
Да,дефинитивно го најде правиот збор.Во твојот живот преовладува монотонија.ИСтото се случува со мене баш токму сега се пронајдов во темава.Имам најсупер родители,најсупер врска од две години,најсупер другарки... и сепак си помислувам дека нешто ми фали... ама ми текнува дека имам се и се трудам максимално да уживам во тоа што сега го имам.Зашто многу мина сакаат да се на мое место.Научи се и ти да уживаш во тоа што го имаш и чувството на монотонија наеднаш го снемува.И истовремено додека уживаш работи малце на своите амбиции и пробај да ги насочиш некаде.Сигурно не сакаш да застанеш тука.Поставувај си различни цели самата себеси и труди се да ги постигнеш...ете така животот би ти бил интересен.Пробај,навистина фукнционира. ;)

 
С

Сатори

Гостин
Девојката само минува низ одредени периоди во животот, почнува да расте и разбира дека сепак никогаш не можеш да ја наполниш чинијата до крај со туѓо овошје.
Темата е фантастична за дискутирање, но сите се концентирате на нејзиниот „проблем“ со што дебатата е изоставена.Убаво ви посочи Натурал, ова личи на селф хелп прирачник.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Реченицава е контрадикторна. :) Ако нешто недостасува, значи немаш се`.
Не мора да е контрадикторна.
Ти може да имаш се,и баш заради тоа да ти е криво,и да ти недостига тоа што ништо не ти фали.
Човекот е чудно програмиран,секогаш мора да бара проблеми,како да е зависен од нив.
Ако нема,ќе си ги создаде сам.
Инаку,генерално и се сложувам со постот на Natural-Girl.

Другата страна пак е релативноста на проблемите,која ја определува нашиот ум,и општеството...
Некој што на пример паднал на факс 1 предмет,ќе се нервира исто како и некој што се отпишал од факс,дијаметрално различни проблеми,но исто влијаат врз индивидуите.
Затоа,мора и претпазливо да го дефинираме тоа "да имаш се",зависи од човек до човек.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
99
Od iskustvo tvrdam najlosi se zenite posle duge veze ... a ja zapoznaete fakate u svet:salut:

Ispravanje na tugi greski e najtesko ... no vo slucajot nisto strasno ne i se desilo na tipkava...

Aj da ja ostail trudna , aj da se ebel so sestra i takvi raboti da ova e nekako preterano...mada na nikoj ne mu e lesno koga navistina saka

No vo slucajot ti devojce ne go sakas nego , nego ti e povredeno EGOTO i sea drz ne daj ... ete dosta vishe tapsh tapsh ... sea sljus sljus po gazeto i ke ti pomine :wink:
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Себегратификацијата е инфинитивен поим.
Значи,како прво,нема логика темава бидејќи суштински е невозможно "да имаш се."

Елаборејшн:

Амбициозноста е променлива материја.
Ако ги тргнеме настрана желбите на мало дете и се сконцентрираме на возрасен човек,тогаш тој човек има целосно право да го одржува активен гладот за повеќе од тоа што е и тоа што има,било духовно или материјално.

Движечка сила е на секој човек да не се задоволува со поимот доволно,туку да бара повеќе од тоа.Значи,под тоа "се",мора,ама мора да се подразбере она кое зборот го налага.
Од најниската форма на материјално постоење која ја имаме во општеството,а тоа е бездомникот кој сака десет денара да си купи баничка,преку сиромавиот семеен човек,кој работи по цел ден,а навечер сонува како на децата им купува здрави патики и неискината облека,до мегабогаташот,која абе мора да ја купи таа јахта со базен,кино и дванаесет спални.....сите тие луѓе сакаат повеќе.А тоа повеќе го носи човек напред.

Брат ми игра World of Warcraft.
Го прашувам:
"Добро бе,дебел,која е поентата на играта?
-Поентата е да стасаш до 70ти левл.
-ОК,а кога ќе стасаш?
-Па после одиш во инстанци,тепаш босови,собираш Epic облека и стануваш многу јак.
-А кога тоа ќе го завршиш?
-Напаѓаш градови на Алијансата?
-А после?
-После гледаш да собереш уште појака облека,Legendary.
-И кога се тоа ќе направиш?
-Секогаш ќе се најде нешто ново..."

:)
Исто е и со сите нас.Гладот не држи во живот.Кога си гладен,тогаш знаеш дека животниот импулс бара нешто од тебе.Како паралела на тоа,кога не си задоволен од доволно,значи животот сеуште ти е интересен.

You never leave World of Warcraft.And it will never ever leave you :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom