Од ова прочитаново, ми изгледа дека ти е едноставно досадно и ништо повеќе. Си западнала во одредена шема на живеење, вечином нешта ти се обезбедени и сигурни, па се ти е монотоно и веќе видено. А монотонијата и рутината водат до депресивни расположенија.
Ти треба промена. Нешто што ќе те "здрма", нешто што ќе биде различно од досегашните околности кои ти се итекако познати. Инаку би западнала во стагнација и апатија.
Без разлика што навидум живееш живот кој многу други го посакуваат, предвидливоста на истиот прави тебе да не те задоволува. Затоа смени нешто. Оди на курс, најди си некое хоби, смени место на искачање..Колку и да ти изгледаат мали промениве, верувај дека се ефективни.
Пиша дека ќе студираш во Германија...Убедена сум дека тоа итекако позитивно ќе ти влијае. Ќе се судриш со толку нови нешта, ќе треба да се прилагодиш на толку поинакви ситуации, што едноставно нема да имаш време за да се осеќаш празно и неисполнето.
Немај гајле, ова твојава меланхолија нема да трае долго.
А ако се наврати запамети дека клучот е во промената. Затоа што и омилената песна ни станува здодевна, па дури и одбивна после 100-то слушање, па си бараме нова, и се така во недоглед.
Животот го прават вреден само предизвиците. Инаку станува неподносливо здодевен.