Што кога имаш се, а сепак нешто недостасува?

  • Креатор на темата Креатор на темата SlaGjana Gv
  • Време на започнување Време на започнување
Ако нешто ти недостасува, фактички немаш се.
Не возможно е да се има се, па затоа би предложила, задоволни сме од тоа што го имаме, но сепак ни недостасува нешто.
 
Задоволството не доаѓа со постигнување, него со труд. Само целосна посветност на истиот е целосна победа, трудот - стремежот е "се"
 
Човекот е вечно незадоволно суштество. Тоа треба да го прифатиме како наша особина и да не жалиме што е така, бидејќи токму тоа незадоволство не тера да си поставуваме нови цели и да се трудиме да ги достигнеме.....
Задоволство, срека...
Сите сметаме дека кога ке ја достигнеме најбитната цел, конечно ке постанеме среќни и задоволни засекогаш. Но, не е така. Тогаш доаѓа само разочарување дека напразно сме се труделе да дојдеме до таму. За што? За да бидеме понесреќни од претходно. Среќата не е на врвот, среќата е на патот до него! Сетете се кога Албер Ками го гледа Сизиф за среќен, кога е на врвот и се одмара. Но, греши.. Многу греши.... Многу е поубаво чувството кога имаш цел пред тебе и сила која те води да успееш и да стигнеш што подалеку. Тогаш не можеш да бидеш изгубен, затоа што пред тебе постои само патот по кој се искачуваш. А кога ќе стигнеш горе... Е тогаш не е баш убаво кога ќе се сетиш дека следно што те чека е повторно да се стркалаш во подножјето, таму од каде што си тргнал. Па што е поубаво...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom