Од "How I met your mother" имаше ваков quote:
"I think, for the most part, if you're really honest with yourself about what you want out of life, life gives it to you."
Тачно е. Меѓутоа главниот проблем е што човек многу ретко знае што точно му недостасува, што точно сака од животот, односно многу ретко може РЕАЛНО да предвидува како би изгледал неговиот живот ако го направи тоа што го сака у моментот. Тоа предвидување е битно, посебно ако е битна одлука шо онака одредува за цел живот. Обично во глава има милион идеи, меѓутоа во пракса секогаш испаѓа полошо отколку во претходно направените амбициозни оптимистички планови, дури и ако е песимист, either way, испаѓа ПОИНАКУ од замисленото. Затоа не треба многу да се замислува, едноставно невозможно е да се биде целосен реалист кога уште не сме искусиле нешто. Треба да се делува, да се обидува човек да стигне до тоа што го сака, по разни патишта. Легални.
Понекогаш не сме ни свесни дека го имаме тоа што го сакаме, од што сме негативци и не гледаме внимателно. Ова е доста чест случај.
Можда забегав од темата, секогаш фали нешто, пошто не постои совршенство.