Што има во потрошувачката кошничка?

Член од
28 март 2006
Мислења
17.754
Поени од реакции
12.216
Датум: 09.09.2012, 17:35
ПОТРОШУВАЧKАТА KОШНИЧKА СE ПОТЕШKО СЕ ПОЛНИ
Скапотијата полека ја јаде илјадарката
Сушите и порастот на цените на храната ги стопија нулите на „илјадарката“. Ако во почетокот на овој век, пред дванаесет години, со 1.000 денари просечно македонско семејство можеше да купи 53 векни леб, годинава за истата сума дома ќе однесе 33 леба. Математиката покажува дека оваа монета со годините го изгуби значењето. Ако порано важеше девизата дека без 100 денари во џеб праг не се поминува, сега тоа важи за илјадарката. Дека е навистина така, покажуваат и пресметките на „Дневник“ за тоа колку производи можеле да се купат со 1.000 денари во 2000 година, а колку сега.

Ако со 1.000 денари пред 12 години просечно македонско семејство можеше да купи 35,8 литри млеко или 53 векни леб, годинава за истите пари дома ќе има 7 литри помалку млеко и дури 20 векни помалку леб. Податокот е загрижувачки бидејќи во 2010 година со оваа сума се купувале 9 векни помалку леб во споредба со 2000 година, што значи за само две години скапотијата изеде 11 леба.

Иако статистички просечната плата годинава е двојно повисока отколку во 2000 година, куповната моќ на граѓаните е за 50 отсто помала. Генералната слика се дополнува и со податокот дека од 2005 година до денес цените на струјата, гасот и на парното греење двојно се зголемиле. Во 2005 година киловат-час скапа струја чинеше 2,4 денара, а евтината 1,2 денар. Оваа година, со поскапувањето струјата во скапа тарифа ја плаќаме 4,18 денари, а укината е и дневната евтина тарифа. Литар бензин во септември 2006 година се продаваше по 64 денари, а сега по 90 денари.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Тешко нас....:facepalm:
Не бе брат. Место за паника нема. Бидејќи утре има фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Шкотска. И од таа фудбалска еуфорија нашиот народ заборава на скапотијата па макар и 1000% све да поскапи!
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сега се вратив од маркет, дали верувате дека 2000денари идат за средства по дома? Прашок за перење, омекнувач, вениш за вадење флеки, средство за веце, средство за паркет, средство за мрснотија, средство за бигор, сјај, сунѓерчиња, жица за миење садови, средство за прозорци, тоалет, влошки, сапунче, паста за заби.
Каде е козметиката, каде е храната за две недели. Изгуби вредност парата.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.058
Поени од реакции
15.027
Директно би одговорил на прашањето на Мистичен:
Што има во потрошувачката кошничка?
Сметки. Доволно да се платат сметките.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Сега се вратив од маркет, дали верувате дека 2000денари идат за средства по дома? Прашок за перење, омекнувач, вениш за вадење флеки, средство за веце, средство за паркет, средство за мрснотија, средство за бигор, сјај, сунѓерчиња, жица за миење садови, средство за прозорци, тоалет, влошки, сапунче, паста за заби.
Каде е козметиката, каде е храната за две недели. Изгуби вредност парата.
Ама инвестициите и тоа што сме први по реформите во Европа и дрн дрн, бла бла...
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Мисли си ти дека имате најевтина храна.
Toa постојано Латас го кажува.
Македонија со најефтина храна во Европа. Македонија со најефтин-киловат час струја.

Но воопшто Латас не кажува за тоа што имаме најмала плата во Европа. Тоа ми беше муабетот.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DB76EF65E7F1B2418CC8C177B99E0955

Еве уште една анализа на потрошувачката кошничка, но вавки написи не се ни потребни, се гледа тоа секој ден, по пазари, по продавници, денарот се повеќе обезвреднува, просечно семејство има барем по два кредити земено минимум, цела плата се троши на храна и сметки, не дај боже да ти се расипе перална, шпорет, фиржидер, тешко некоја фамилија може да си дозволи да го замени, овен (повторно) да земе кредит.

http://www.vecer.com.mk/

Меѓутоа видете ја сега насловната на Вечер, „случајно“ сликан идиличниот живот на пастирот, и случајно сите провладини медиуми ги добиле сликите.

Народот го плашат со БЦ и колку голема опасност бил, иако е истрошен политичар без никаква реална моќ. Рециклираат стари прикаски за мали деца за криминали и шверцови од пред 20 години, како да тоа ќе ги реши сегашните проблеми, и сето тоа додека пастирот си го лета „змејот“ а месец дена изјава не дал дали воопшто му функционира владата.

И ти сакаш вакви луѓе да ти го решат проблемот со потрошувачката кошничка??
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Eве детално што има во Потрошувачката кошница:





И колку илјади граѓани колкави нето плати земаат


5000, 8000, 12000 повеќе илјади граѓани од прикажаното ја земаат таа плата, ама некои бидејќи не се осигурани не се евидентирани...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Сега се вратив од маркет, дали верувате дека 2000денари идат за средства по дома? Прашок за перење, омекнувач, вениш за вадење флеки, средство за веце, средство за паркет, средство за мрснотија, средство за бигор, сјај, сунѓерчиња, жица за миење садови, средство за прозорци, тоалет, влошки, сапунче, паста за заби.
Начека прилика да се пофалиш дека си домаќинка...

:P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom