Уште малку ќе треба со кошница полна со пари да пазариме за едно ќесе храна исто како во Зимбабве и во Ангола...уште малку, и ќе има само еден колбас во потрошувачката кошница
за нив од следната плата, од оваа, само колбасНе ги заборавај и двете јајца.
АЛФА ТВ напиша:Македонската потрошувачка кошница не се пресметува реално
Потрошувачката кошница што ја пресметува државниот завод за статистика не ги одразува реално месечните потреби и трошоци на едно просечно македонско семејство.
Статистичарите ја оспоруваат објективноста на податокот според кој едно четиричлено семејство во Македонија може месечните потреби за храна да ги покрие со само 12.300 денари. За Алфа, експертите оценуваат дека ваква потрошувачка кошница која вклучува само храна и пијалоци веќе не се пресметува во ниедна друга земја во светот. За да се добие реална претстава за трошоците на домаќинствата во Македонија тие предлагаат, освен храна и пијалоци, во потрошувачката кошница да се опфатат и сите други основни трошоци на луѓето, како сметките за струја, парно, вода, телефон, трошоци за образование, облека.
За илустрација потрошувачката кошничка за 4 члено семејство предвидува месечно да се потрошат вкупно 8 килограми месо, кило ипол риба, 13 литри млеко и само 700 грама кашкавал.
Според државната статистика, едно 4-члено семејство троши околу 12 000 денари месечно само за храна. Експертите за здрава храна пак велат дека голем број потребни производи се исклучени од кошницата, а дел од производите биле опфатени во мали количини за да ги задоволат потребите на едно семејство за правилна исхрана.
Во анализата на потрошувачката кошничка, нутриционистите за Алфа констатираа немање на цела низа производи кои се непходни за исхраната на луѓето.
Со образложение дека им е во посета мисија на ММФ, во заводот за статистика не одговорија на прашањето зошто во Македонија се уште се пресметува ваков статистички податок напуштен од сите други земји во светот. Кај нас се пресметува секој месец негирајќи ја реалноста и служејќи како аргумент дека со 80 проценти од просечната плата во земјата може да се прехрани едно 4 члено семејство во Македонија.
новинар: Александар Јанев
Сеа ќе се појави некој мрсул и ќе каже како гледал он луѓе што седат по кафани - што ти значело ОКеј му е на народот имал пари.http://www.faktor.mk/potroshuvachka-koshnica-bez-520-evra-ne-moze-da-se-prezivee-mesecot
проста ко грав математика - трошоците се 500 евра за четиричлено семејство за безбедно да го мине месецот,ако сака и да ужива во животот требаат барем двојно
Мислејќи дека си избегал од една пропаганда, несвесно си се зацапал во друга. Методологијата за пресметување на потрошувачка кошница во 2006, не е иста со таа во 2016.Вакви спинови ни во Северна Кореја нема,
http://kurir.mk/makedonija/vesti/prosechnata-neto-plata-za-periodot-2006-2016-e-zgolemena-za-63-bruto-platata-za-40/
Не дека не е точно тоа што го напишале, само "заборавиле" да кажат колкава беше потрошувачката кошница во 2006-та и сликата ќе беше комплетна.
2006
Просечна плата: 13.718 денари
Потршувачка кошничка: 10.027 денари
2016
Просечна плата: 22.294 денари
Потршувачка кошничка: 32.263 денари
Се е јасно.
Реално и двете методологии се сменети, и таа за потрошувачка кошничка и таа за пресметка на плата.Мислејќи дека си избегал од една пропаганда, несвесно си се зацапал во друга. Методологијата за пресметување на потрошувачка кошница во 2006, не е иста со таа во 2016.
кај виде ти стапка КИРИЈА тие 11.000 ти се за вода,струја,огрев,комуналии,порези итнМислејќи дека си избегал од една пропаганда, несвесно си се зацапал во друга. Методологијата за пресметување на потрошувачка кошница во 2006, не е иста со таа во 2016.
За 2006, пресметани се само трошоците за исхрана и пијалаци.
За 2016 е користена нова методологија, креирана од ССМ, во која влегуваат и трошоци за кирија (околу 11,000 денари), за кино и театар (околу 1000 денари), за одржување на здравје, за превоз, за обувки, за хигиена и тн.
Така да, во право си, вакви спинови нема ни во Северна Кореја.
Е добро де, не по врат, по шија. Она што е важно е дека на апдејтираната потрошувачка кошница се додадени нови стапки, кои не се пресметани во 2006.кај виде ти стапка КИРИЈА тие 11.000 ти се за вода,струја,огрев,комуналии,порези итн
Прегледај го приврзокот 159713
2006
Просечна плата: 13.718 денари
Потрошувачка кошничка: 10.027 денари
2016
Просечна плата: 22.294 денари
Потрошувачка кошничка: 13.345 денари