Што има во потрошувачката кошничка?

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Потрошувачката кошница е потребниот износ на едно 4 члено семејство да се исхрани.

Се зема како вредност, според цените на неопходните продукти и се одредува учеството на таа кошница во однос на платите.

Состав:

Заводот за статистика ја составува месечната кошница врз основа на просечните потреби на населението, кои често се многу помали од реалните.

Така, според статистичарите, едно семејство месечно троши по 26 килограми леб, 13 килограми млеко, 1,6 килограми месо, 2,3 килограми сирење, 700 грама кашкавал, 6 литри зејтин, а секојдневното живеење покажува дека тие количини се поголеми.

„Потрошувачката кошница се составува врз основа на просекот на потрошувачката на количествата на производите. Тоа значи дека со методологијата на испитување сме пресметале дека толку може да си дозволат граѓаните, што не значи дека тоа е доволно за живеење“, велат во Заводот за статистика.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=AB2CDFB521C1FF4E8919F98C0178F86C

http://www.stat.gov.mk/pdf/2010/4.1.10.52.pdf

4 члена - 13 литри млеко :tv: 1.6 кг месо :tv: 700 гр кашкавал :tv:


Мислам дека и на Survivor поише јадат
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.878
Поени од реакции
12.412
Според оваа информација, се чини дека зафаќањето од просечната плата за исхрана ќе се зголеми

Храната од есен ќе поскапи најмногу за 30%


Храната од есен ќе поскапи најмногу за 30%. Според агроекономистите последните високи цени на пченицата и останатите житарки, логично е да придонесат за зголемување на цената на храната. А трендот веќе почнал.
Според државната статистика летово има поголема побарувачка за земјоделските производи, што води до зголемување на цените на пазарите.
Сепак, агроекономистите не очекуваат дека може да се случат ценовните шокови од пред две три години затоа што владите сега се поподготвени. Државните резреви се полни и може да се интервенира во секој момент.
- Јас не очекувам дека цените ќе растат повеќе од 20 или 25% затоа што секоја држава си има резерви и со нив може да интервенира и да го покрие недостигот - вели Јован Аждерски, агроекономист.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Потрошувачката кошница е потребниот износ на едно 4 члено семејство да се исхрани.

Се зема како вредност, според цените на неопходните продукти и се одредува учеството на таа кошница во однос на платите.

Состав:

Заводот за статистика ја составува месечната кошница врз основа на просечните потреби на населението, кои често се многу помали од реалните.

Така, според статистичарите, едно семејство месечно троши по 26 килограми леб, 13 килограми млеко, 1,6 килограми месо, 2,3 килограми сирење, 700 грама кашкавал, 6 литри зејтин, а секојдневното живеење покажува дека тие количини се поголеми.

„Потрошувачката кошница се составува врз основа на просекот на потрошувачката на количествата на производите. Тоа значи дека со методологијата на испитување сме пресметале дека толку може да си дозволат граѓаните, што не значи дека тоа е доволно за живеење“, велат во Заводот за статистика.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=AB2CDFB521C1FF4E8919F98C0178F86C

http://www.stat.gov.mk/pdf/2010/4.1.10.52.pdf
државниот завод што ја составил потрошувачката кошница ја наполнил колку да се каже дека сработил нешто, во реалност е сосема друго. артиклите кои се горе наведени едно четири члено семејство цел месец само да ги гледа ке исчезнат пред да помине месецот , а не да ги конзумира... жива глупост немам коментар ............
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Интересно, недела-две откако ја отворивме темава повеќето медиуми почнаа да се занимаваат со потрошувачката кошничка и да се потсмеваат со содржината на кошницата, дури и колумни се изначитав :)
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Интересно, недела-две откако ја отворивме темава повеќето медиуми почнаа да се занимаваат со потрошувачката кошничка и да се потсмеваат со содржината на кошницата, дури и колумни се изначитав :)
:pos2:Сега се фалиш дека тие читан форумов и дека дури и новинарите земаат репер за што да се пишува од форумов :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.878
Поени од реакции
12.412
Очигледно форумов влијае да се размрдаат некои состојби, а тоа е добро и така треба да биде-овде се наоѓаат разни профили и нивни мислења...само 10% да се задоволителни како совети и сугестии, тоа е веќе корисна информација и добар репер.
Доколку размислат, лицата кои учествуваат во ова истражување би ги искористиле сосем доволниот број сугестии и забелешки како бесплатна помош за адаптирање на истражувањето и производите.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Се разбира дека влијае. dobro poznat се подбива, но фактите говорат поинаку - еве медиумски примери тука, тука и тука, каде што за актуелни теми се пренесени мислења од форумов и се референцирани. Секоја чест за колегите од Нова Македонија кои референцираат, има новинари од други медиуми со копи пејст навики си пишуваат колумни и статии од вашите мислења и ставови.

Што се однесува до темата - мило ми е што колку толку допринесе да се запрашаме навистина дали држи вода кошничката, колку е реална и дали треба да претрпи измени.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
На истата работа посочив во Историја форумот, би било фер доколку веќе “преземаат“ теми и документи барем да се повикаат на изворот или Кајгана да размисли за печатање на свој весник и заштитени авторски права.

Не може цело време да земаат туѓи статии и туѓ труд и да ги претставуваат како свои:

http://forum.kajgana.com/showthread.php?41001-Компилација-на-историски-извори-за-Македонците!&p=3748753#post3748753
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.858
650 евра за да се протурка месецот



Две просечни плати за преживување. Толку тежи македонската потрошувачка кошничка што ја изработи „Дневник“. На просечно четиричлено домаќинство му се потребни најмалку 40.000 денари месечно или 650 евра за да може со „стискање“ да го преживее месецот. Математиката на „Дневник“ покажа дека само за храна и пијалаци се потребни минимум 19.400 денари, а тие ќе му стигнат да се прехрани само ако го купува најнеопходниот минимум на прехранбени артикли за преживување, другото отпаѓа на трошоци за домување, хигиена, превоз...

Светската економска криза, сушата и гладот не ја одминаа ни земјава и ги вивнаа до плафон цените на основните прехранбени продукти и на енергентите. Нашата анализа покажа дека за две години скапотијата изеде најмалку по100 евра од џебот на македонските граѓани. Сево ова се случува во услови кога платите тапкаат во место, цените секојдневно растат - некои објективно, а некои по инерција, кога е мал бројот на семејствата што заработуваат две просечни плати месечно.

„Дневник“ направи просечна статистичка кошничка со продукти неопходни за преживување.

Тука влегуваат храната и пијалаците, трошоците за домување, средства за хигиена, превоз, облека и обувки, трошоци за културен живот и за одржување на здравјето. Пресметките покажаа дека без најмалку 40.000 денари или 650 евра месечен приход е невозможна мисија домаќинствата да се носат со поскапувањата. Само за две години трошоците на семејствата за храна се зголемиле најмалку за 2.000 денари. Во споредба со 2010 година сега се потребни најмалку 1.000 до 2.000 денари повеќе за намирување на редовните месечни комунални трошоци, а дополнително треба да се пресмета уште толку за новите сметки за струја и за парно греење. Најмалку уште 1.000 денари „јадат“ и повисоките цени на горивата другите трошоци.

Ако порано важеше девизата „да се има само за леб“ сега за некои дури и лебот стана луксуз. Пекарите велат дека е с` поголем бројот на семејствата што купуваат бајат леб по 10 денари за да го протуркаат месецот. Граѓаните што ги сретнавме на редовно дневно пазарување веќе и не сакаат да го коментираат постојаното покачување на цените.

- Што да ви кажам, кога и сами гледате. За една недела цената на некои производи е петпати променета. Само се лепат нови цени една врз друга, не знам само до каде ќе одат. Знаеме дека е криза и дека секаде растат цените, но мислам дека нашите трговци претераа. Ако можеле Србите да работат со помала маржа, зошто не го направат тоа и нашите? Најиритирачко е што поскапувањата одат по инерција. На пример, поскапени се боите за коса, шампони, тоалетна хартија, производи врз кои „не влијае толку сушата“, а станува збор за драстични зголемувања – вели скопјанката Стојанка Петревска.

Математиката покажа дека за полупразен фрижидер на едно просечно македонско семејство денес му се потребни минимум 19.400 денари за храна и пијалаци. Пресметавме дека само за житни производи (60 векни леб, 5 килограми брашно, по еден килограм макарони и ориз) треба да се издвојат 2.200 денари од домашниот буџет. За месо и сувомесни производи без луксузирање се потребни минимум 4.070 денари, а за млеко и млечни производи - најмалку околу 3.000 денари месечно. Сушата дополнително ги изгоре граѓаните. Само за зеленчук се потребни околу 2.400 денари и уште 1.000 денари за овошје. Природните сокови станаа недостапни, па затоа во нашата кошничка ставивме минимални количини сирупи за растворање. За кисела вода, 10 литри газиран сок, кафе и чај се потребни околу 1.700 денари. За слатките - малку мед и џем, два килограма шеќер, пет чоколади и половина килограм „еурокрем“ - треба да се простите од цела илјадарка. За алкохолни пијалаци - 3 литри вино, две пива од два литра и литар ракија месечно (да пиете исклучиво само со гости) треба да издвоите околу 800 денари. Другите трошоци од потрошувачката кошничка (предвидени и непредвидени) изнесуваат 2.500 денари.

- Пред неколку години за 4.000 денари купував основни продукти - месо, средства за хигиена и с` што ми беше потребно за нормално функционирање за десетина дена. Едвај ги носевме полните кеси до кола.Сега на каса платив околу 4.000 денари и сето тоа го собрав во три кеси. Може да претпоставите дека внатре речиси нема ништо, само неопходни работи за неколку дена преживување. Потоа фрижидерот пак ќе зјае празен – вели Благојче Ивановски, пензионер од Скопје.

Тој се жали дека просечната пензија од околу 10.000 денари не му стасува ниту до 15-ти во месецот. Ивановски вели дека без помош од децата тешко може да го истера месецот.

Александра Филиповска валентина ангеловска #

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=2D127FB384080843AF43516DAE346951

Замисли минимална плата 8060 ден месечно


Месечни давачки на државата

Струја----5000 денари
Телефон--2000 денари
Вода-1000 денари
Ѓубре+Радиодифузна+Нискоградба = 1000
Парно-----незнам колку е кој знае нека пишува

Еми нели сме луге да јадеме нешо бе шо ни останува за јадење а камоли да си купиш некоја гардероба нешо
Абе закон држава земаме месечно 8060 денари а трошиме 40.000 денари и 100 евра ставаме на страна секој месец...
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Замисли минимална плата 8060 ден месечно


Месечни давачки на државата

Струја----5000 денари
Телефон--2000 денари
Вода-1000 денари
Ѓубре+Радиодифузна+Нискоградба = 1000
Парно-----незнам колку е кој знае нека пишува

Еми нели сме луге да јадеме нешо бе шо ни останува за јадење а камоли да си купиш некоја гардероба нешо
Абе закон држава земаме месечно 8060 денари а трошиме 40.000 денари и 100 евра ставаме на страна секој месец...
ааааааа сфатив -значи се’ мимо ова е ЛУКСУЗ:pos:
гледам немаш вкалкулирано интернет, гориво т.е. автомобил , па одмор(летен, зимски) и ред други ствари
( некој у парламент чинам така говореше за машина за перење и за автомобили;) ) да не се луксузира народов- ц ц ц ц
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.858
ааааааа сфатив -значи се’ мимо ова е ЛУКСУЗ:pos:
гледам немаш вкалкулирано интернет, гориво т.е. автомобил , па одмор(летен, зимски) и ред други ствари
( некој у парламент чинам така говореше за машина за перење и за автомобили;) ) да не се луксузира народов- ц ц ц ц
Плус 800 денари интернет
5.000 денари гориво
20.000 денари за на одмор
1.000 денари лекови
„( некој у парламент чинам така говореше за машина за перење и за автомобили “
Тоа беше изјава на екс премиерот Никола Кљусев. Викаше немора секоја жена дома да има машина за перење на рака нека пери.
Немора секој човек да вози автомобил. Нека одат со коњи и магариња...
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Плус 800 денари интернет
5.000 денари гориво
20.000 денари за на одмор

Немора секој човек да вози автомобил. Нека одат со коњи и магариња...
e sega i ti- koj i kade odi na odmor so 300 evra?- ili ova e za penzionerite?pa i za niv da e e mizerno

kako i da e ne im se v red presmetuvanjata
--- надополнето: 9 септември 2012 во 11:29 ---
patem eve neshto po povod vcherashniot praznik :pos:

Прашања до Македонија


Денес, кога Македонија слави, сакам да ѝ поставам неколку „обични прашања. Кога би била смртно суштество како нас, дали би била маж или жена?
Вработена или невработена?
Членува ли во управен одбор?
Чека ли во ред во клиника?
Дали знае дека ќе се докапитализира ЕЛЕМ?
Дали знае што друго е на (рас)продажба?
Има ли партиска книшка?
Сака ли трето субвенционирано дете, ако ги занемариме овие два и кусур милиони што ги крепи на своите плеќи?
Каде живее?
На што се грее?
Го исклучи ли парното?
Колку поскапи зајтинот во нејзиното маало?
Кога последен пат наточила гориво?
Протестира ли со АМАН?
Се чувствува ли слободна?
И како (не) издржува сите овие години... Како???
http://www.okno.mk/node/21904
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
еве како е кај северниот сосед

 

Kajgana Shop

На врв Bottom