- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.754
- Поени од реакции
- 12.216
Датум: 09.09.2012, 17:35
ПОТРОШУВАЧKАТА KОШНИЧKА СE ПОТЕШKО СЕ ПОЛНИ
Скапотијата полека ја јаде илјадарката
Сушите и порастот на цените на храната ги стопија нулите на „илјадарката“. Ако во почетокот на овој век, пред дванаесет години, со 1.000 денари просечно македонско семејство можеше да купи 53 векни леб, годинава за истата сума дома ќе однесе 33 леба. Математиката покажува дека оваа монета со годините го изгуби значењето. Ако порано важеше девизата дека без 100 денари во џеб праг не се поминува, сега тоа важи за илјадарката. Дека е навистина така, покажуваат и пресметките на „Дневник“ за тоа колку производи можеле да се купат со 1.000 денари во 2000 година, а колку сега.
Ако со 1.000 денари пред 12 години просечно македонско семејство можеше да купи 35,8 литри млеко или 53 векни леб, годинава за истите пари дома ќе има 7 литри помалку млеко и дури 20 векни помалку леб. Податокот е загрижувачки бидејќи во 2010 година со оваа сума се купувале 9 векни помалку леб во споредба со 2000 година, што значи за само две години скапотијата изеде 11 леба.
Иако статистички просечната плата годинава е двојно повисока отколку во 2000 година, куповната моќ на граѓаните е за 50 отсто помала. Генералната слика се дополнува и со податокот дека од 2005 година до денес цените на струјата, гасот и на парното греење двојно се зголемиле. Во 2005 година киловат-час скапа струја чинеше 2,4 денара, а евтината 1,2 денар. Оваа година, со поскапувањето струјата во скапа тарифа ја плаќаме 4,18 денари, а укината е и дневната евтина тарифа. Литар бензин во септември 2006 година се продаваше по 64 денари, а сега по 90 денари.