Сонував како јас и другарките ми(4), се бркаме на Исарот- Штип, во сокачињата меѓу куќите, каде никогаш не сум била и на крај дојдовме до пред една црква со балкон, а на балконот св.Јован Крстител во фармерки и црвена блуза на него, стои и со насмевка на лицето ни вели одозгора, застанете на плочава да ви кажам уште колку години ќе живеете.Плочата на која бевме почна да се клати и крши во броеви. Јас стоев помеѓу кецот и двојката, а десно од мене другите.Едно време во стравот да не пропаднам, сите до мене се најдоа во црквата внатре, се свртев и видов вратата беше отворена, свеќи запалени и ми мавтаат со рака како да ме повикуваат да дојдам таму. Не се мрднав од плочата- неможев и се разбудив. Мајка ми ми кажа дека таму имало црква Св.Јован Крстител и тргнавме натаму. И реков да ме остави јас да водам и по истите тие сокачиња кои ги сонував навистина стигнавме пред црквата, но таа беше подолу и не изгледаше исто како на сонот. Зборувавме со попот и замислете, ми кажа дека порано таму каде што покажав била црквата св.Јован, но разрушена. Се фрапирав начисто! А за броевите на плочата или годините како што кажа светецот, попот само ми кажа дека не се овдешните броеви исти како на "небесата" -кај светците.
Дали не е сонот дека од претходноста иднината сторила- направила нешто друго- идно ?!? Мислам, да.
А за дежа ву ? - има колку сакаме слични сокачиња, куќи, ридчиња кои навистина си личат едни со други, па да си помислиме дека е веќе видено и тоа без разлика дали на јаве или тв., а не се сеќаваме, па да индетификуваме.Но не сите тие сличности водат до конкретен детал како што ете сонот ни го покажал и сведочи за тоа.
Има нешто, верувам!