S
StormRage
Гостин
да да се уште ми се случвит... се разбудвам сабајле и онака абе нишо не е ова или пак ќе заборам... и од ко ќе се десит то ќе ми текнит абе ова го сонвев...
Да, пред неколку години сонував дека дома имам интернет, и сега навистина имам....
Супер...Да, пред неколку години сонував дека дома имам интернет, и сега навистина имам....
Истото е и кај мене.Ми се има дешавано повеќе пати. И тоа навистина ‘‘дежа ву‘‘. Сум сонувал како се наоѓам некаде со некој, и во наредните неколку денови навистина се најдам во ситуацијата која претходно сум ја сонувал и тоа со истата личност и на истото место. Еднаш кога се најдов во таква ситуација, веќе претходно од сон знаев дека таа личност ќе ми каже нешто, што и навистина ми го кажа се до збор како што веќе тоа го имав видено во сонот.
Е то највеќе ме нервира ретко сонвам ама ко ќе ми се прекини некој убав сон просто ми се крева претисокот и најчудно ми е што сите убај сонови така ми завршуваат а јас несакам да се разбудам и во сонот сам си велам СПИЈ МИЖИ немој сега да се разбудиш и ко за бела ОП. зато несакам да сонувам :pos2: кршат филм соновите ... исто така што се однесува за дежавуто ми се има десено мноооогу пати и то не само една слика т.е слајд туку цел настан сум го видел ... ау ау ау после то 100 год се мислам каде ми се има ова десено...Јас те сфатив што сакаш да кажеш (у да не пукниш, само те цитирам во последно време).
И мене ми се случува да си направам своја приказна и крајот на сонот да го одредам како што си сакам. Или ми се случува да се изнервирам кога ќе ми се прекине некој добар сон, па мижам како мрдната демек да заспијам и да си го досонувам сонотАма никогаш не успевам после тоа да заспијам и затоа морам своја верзија да си смислам.
Сонувам често и не заборавам што сум сонувала, па после некое време кога ќе се случи нешто, веднаш ми се враќа во глава сонот и си поврзувам.
Најчудно ми е што често се сонувам како пливам (не летам) во воздух, ама секогаш убаво се чувствувам бидејќи успевам да им избегам на тие кои ме бркаат.
И уште нешто имам забележано. Никогаш во соновите не сум поразлична личност од она што сум во реалноста.
Има уште една така почудна работа, ама ќе си молчам за тоа