Нема споредба, зошто не се работи за иста болка. Едната е во буквална смисла, другата во фигуративна. Душата не боли, нематеријална е, не можеш да и ставиш лед, да ја зашиеш, да ја намачкаш со крема за изгореници, да ја подложиш на оперативен зафат.
Душа не може да боли, мислите можат да ти предизвикаат мачнина. Понекогаш толку тешка и сурова, што боли до „болка“. Ама ништо од тоа не е физичко. Затоа и не ретко е толку тешко да се справиш со „непостоечка“ болка...
Ама физичката болка, зависно од степенот, може да ти ја убие и психата. Тек тогаш нема да знаеш која од болкиве повеќе боли. Не знам зошто сите под физичка болка подразбирате гребаница, скршена рака или болка у зглобовите ради промаја. Не се работи секогаш за паѓање од точак. Има физичка болка каква човекот ретко може да издржи. Таква што полека те убива, и физички и психички, па после напрај си ја споредбата. Некоја ќе трае еден миг на кој што нема да сакаш никогаш повеќе да помислиш... (како брадавициве на Јове
) Некоја може ќе нема ни последици... Ама некоја ќе трае со години (разни болести, тешки повреди итн.), што евентуално ќе те доведе и до психички крах... И ете ти спој на двете најлоши состојби на човекот.