и двете болат зависи до кој степен е. Обична навреда е ништо за разлика од внатрешно крварење. Гребнатинка е ништо за разлика од загуба на близок. Kapito? До степенот е, не до типот
За тие што викаат дека навредата болела повеќе од физичка болка...
Не е до навредата, туку е до како ја перцепираш навредата.
Пр. Ако му кажеш на Доналд Трамп или Бил Гејтс дека е глупав, ќе ти се изнасмее у фаца и ќе го заборави тоа за 2 дена. Причина? Зашто знае во себеси дека тоа не е точно.
Ако му кажеш на несигурна личност дека е глупав, личност која има несигурности дека не е баш најпаметен, ќе го тумачи тоа 5 дена и ќе анализира дали тоа што си го кажал е точно или не.
Тоа е слично ко да удриш со бокс билдер. Има развиено отпорност и нема да го осети тоа толку колку што ќе го осети некој што е слаб физички.
Како што постои физичка, така постои и психичка отпорност.
Но искрено...
ако размислувам малце порационално психичката боли повеќе. Да пробиеш човек психички е многу повеќе погубно отколку да го пробиеш физички (не во вистинаска смила да пробиеш, туку да му го нарушеш едното или другото здравје). Со психичката тортура се делува на мозокот кој ги контролира сите други органи. Со физичката може да се делува на оние органи кои немаат толку голема 'важност' (во поглед на контрола) за разлика од мозокот.
Пример:
Со психичка тортура и разни методи можеш да натераш човек да се самоубие.
Меѓутоа со физичка тешко. Дури некогаш се користи и физичката болка за да се влијае на психата. Сите патишта одат кон центарот: мозокот.