Што боли повеќе, психичката или физичката болка?

Lavanda

Модератор
Член од
18 април 2008
Мислења
676
Поени од реакции
66
Вака сега, на темава ќе почнам со поговорката, *Зборот коски нема, ама коски крши*
Така е психичката болка е многу пострашна и поболна, за физичката е полесно, и мислам дека побрзо поминува, арно ама во психата тешко дека ќе се најде некој медикамент кој што би ти ја излечил маката, и се е од зависнот колкава е таа болка, од кого е нанесена, колку ти значела таа личност која те повредила?? Некогаш знаеме и самите дамари на душа да си ставиме, чувството е пред се како камен да носиш на срце, и треба богами многу труд и време за да си ја олесниш душата и психата, и пред се од самиот себе тоа зависи, многу е добро ако успее и некој да ти потпомогне за полесно да се справиш, но пред се темелот на секоја психичка болка сме самите ние и тоа колку ќе дозволиме да остане таа во нас и да не турка во дното.
 

Sk girl

Not Perfect
Член од
6 јули 2008
Мислења
431
Поени од реакции
15
Mislam deka psihickata definitivno poveke boli zasto koga nekoj ke te navredi ili pak ke ti napravi nesto loso vednas pocnuvas da se nerviras, pocnuva da te boli i toa sepak zavisi od licnosta - toa so ti go naprail nikogas nema da go zaboravis i koga i da se setis na nego ke te boli.No za razlika od psihickata, fizickata bolka e privremena ke te boli nekoe vreme no potoa ke ti pomine...
 

FrEaKy GiRL

...FaLLeN AnGeL...
Член од
20 јули 2007
Мислења
623
Поени од реакции
28
Психичката дефинитивно...физичката брзо проаѓа, за разлика од психичката, а и + од психичката остануваат рани до крајот на животот...
 

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.978
Поени од реакции
143
Психички многу повеќе боли
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Скршена нога или некоја отворена рана на Монт Еверест...
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
На различни начини болат, не би можела да генерализирам.
Психичката може да биди подолга, ама полесна да ја потисниш. Физичката можи да е минлива,ама тешко се потиснува.
А двете заедно ако се - куршлус.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
325
Поени од реакции
11
Psihickata bolka povekje boli zatoa sto ima poteski posledici i covek od takva bolka moze i da se poremeti vo umot i drugi raboti.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Имам некаде прочитано вака: „Здравјето претставува не само отсуство на болест, туку севкупна физичка, психичка, ментална и духовна добросостојба“. Ова е дефиниција за здравје на Меѓународната здравствена организација или така нешто (не ги знам точните институции).

Превод: не може човек да биде физички здрав, без да биде психички здрав. И обратно.

Не бадијала рекле „Во здраво тело здрав дух“ :)

Според мене, не може баш оштро да се одделат психичката и физичката болка... Едната влијае на другата и обратно.
 

GarDiaN

ФудБалЕрчЕ
Член од
16 февруари 2006
Мислења
465
Поени од реакции
19
Имам некаде прочитано вака: „Здравјето претставува не само отсуство на болест, туку севкупна физичка, психичка, ментална и духовна добросостојба“. Ова е дефиниција за здравје на Меѓународната здравствена организација или така нешто (не ги знам точните институции).
Toa e tocno, no na eden drug nacin kazano, ko prvo sto e zdravje deka site tri raboti.
A zosto toa e taka zatoa sto ako psihicki si bolen ima golemi sansi da stanes i fizicki bolen i obratno.
No sepak tie sami po sebe se odeluvaat i imaat razlicna silina na bolenje. Se sveduva na prasanjeto koja e vasata max psihicka i fizicka bolka, pa kazi sto boli poveke.
 

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
психичката болка е најтешка, дека како што пишал Don Diablo таа може да има трајни последици, и луѓе тешко се разболуваат од нејзе
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Најсилна болка би била онаа што ќе ја погоди волјата.
Психичката е од познанието кое како такво е безболно, а физичката е условена само од нервите и нивната врска со мозокот.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
385
Поени од реакции
18
Вака сега, на темава ќе почнам со поговорката, *Зборот коски нема, ама коски крши*
Така е психичката болка е многу пострашна и поболна, за физичката е полесно, и мислам дека побрзо поминува, арно ама во психата тешко дека ќе се најде некој медикамент кој што би ти ја излечил маката, и се е од зависнот колкава е таа болка, од кого е нанесена, колку ти значела таа личност која те повредила?? Некогаш знаеме и самите дамари на душа да си ставиме, чувството е пред се како камен да носиш на срце, и треба богами многу труд и време за да си ја олесниш душата и психата, и пред се од самиот себе тоа зависи, многу е добро ако успее и некој да ти потпомогне за полесно да се справиш, но пред се темелот на секоја психичка болка сме самите ние и тоа колку ќе дозволиме да остане таа во нас и да не турка во дното.

па после ова мислам и нема што друго да кажам...:wink:
 

GoGo*

LSS
Член од
10 јуни 2008
Мислења
564
Поени од реакции
18
Zavisi od bolkata,no sepak fizickata poveke boli :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom