Што боли повеќе, психичката или физичката болка?

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Кога ќе те исчука некој, дали повеќе те боли пукнатата аркада и вилица или душата пошо ете некој те мрази, повредува и го отфрла твоето пријателство?
Која дилема човече:nesvest:
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
физичката е поболна ама трај пократко, а психичка болка не можи да биди ништо друго освен депресија која шо со тек на време поминва ...
 

Only*ME

Kaлимеро... :/
Член од
2 август 2008
Мислења
249
Поени од реакции
4
Психичката болка е такво проклетство! Се будиш функционираш заспиваш со неа и сепак е присутна и не си поминува се до тој момент кога ќе пресечеш и ќе си речеш доста е!Ама пак нема да ја победиш, ќе постои во тебе се додека или не се разреши ситуацијата која довела до неа или не се појави нова поголема и подлабока болка.
 

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Од друга страна психичката болка може да се надмине со добра волја, ако цвртсо се бориме против неа или ја прифатиме конктерната ситуација...А што кога имаш трајна физичка болка, каде си немоќен да направиш нешто, не можеш да се бориш, докторите се немоќни...едноставно тоа е тоа. Тогаш ги добиваш и двете и физичка и психичка
 

MadA@FakA

Black&White
Член од
4 август 2006
Мислења
1.049
Поени од реакции
105
Физичката болка кога се случува во моментот е болна и таа трае еден период кој во споредба со психичката е пократок.. додека психичката болка е нешто што те боли во душата, па затоа според мене психичката е поболна :smir:
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Физичката маа на психа, пер, а психичката веќе си е у психа. ::kez:
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Физичката маа на психа, пер, а психичката веќе си е у психа. ::kez:
Не, не постои психичка болка. Болка е да те боли заб, да ти влезе игла во око, да ја скршиш ногата. Тоа што не мачи од внатре, ако ни умре некој близок или нешто трето не е болка, нешто друго е ама далеку од болка. Не врескаш ко луд, туку тажен си енд стаф (ок, ако си мекуш и плачеш).
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Поднесувам и таква и таква болка ама повише физичка.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.046
Поени од реакции
1.175
Не, не постои психичка болка. Болка е да те боли заб, да ти влезе игла во око, да ја скршиш ногата. Тоа што не мачи од внатре, ако ни умре некој близок или нешто трето не е болка, нешто друго е ама далеку од болка. Не врескаш ко луд, туку тажен си енд стаф (ок, ако си мекуш и плачеш).
И тоа е болка.. и тоа многу потешка и полоша од физиката.
Секоја физичка болка би можел да ја издржам, но не и психичка, посебно ако е поврзана со другарство или љубовта...

Сум скршил и рака, сум се правел операција од синуси (2 пати а вториот пат кога ме прешиваа не фати анестезијата) сум имал повеќе пати физичка болка но и тоа го издржав. Во тие случаи никогаш не помислив дека животот е безвреден, и не знам за што живеам за разлика од она што сум го чуствувал кога боли душата, нешто слично како што се чувствувам денес...
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Психичката болка не боли уништува...:uvo:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Психичката зашто физички и да боли ке помине а во психата останува подолго...

Koj не го фатил тестисот со патент нека не пишува на темава....
Ауч....Done....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom