Ау Божано, како си ме погодила. Сеа, додека бев во Охрид, бев инволвирана во една точно ваква епизода, како консултант - нормално. Од страна гледано е ужасно, несфатливо, на што све сме подготвени (зборам за нас кокошките) да направиме за да биде се по старо, да се врати тој што излегол од нешто што евидентно не функционира.
Е кога си во прикаската, друго дванајс. Ја праам клир кат. Точка. Бришам мобилни, пораки, све што можам да забришам. Со спомените, навиките, мирисите, потешко иде, ама тоа е тоа. И тажно е и тешко е и грдо е, ама без секого се може, и времето ќе олечи јуначки рани, а и следниот автобус ќе дое, кај и да е. :lol: