Како прво,морам да укажам на тоа дека мислењето не е мое туку го пишувам јас од од оправдани причини,не можам да ви одговорам на никое од вашите (можни) прашања бидејќи и не сум доволно запознаен со целосната ситуација, во моментов само ви го пастирам искуството на една членка која поштено ме замоли по пп да не ја откривам во јавност.
Бев,и донекаде сеуште сум во таква ситуација..
ќе ви кажам само едно,најглупаво е кога човек нема да се види себеси прво каков е,туку одман трча и другите ги куди...
не го прифаќаа!прва љубов,никогаш непрежалена!мислам дека и сега да посакам да се смириме,тој ќе прифати...
знам дека повеќето од вас ќе речат избори се за своите права.
Можам да го направам тоа..меѓутоа треба да се откажам од семејството!
Дефинитивно не е лесно,не е лесна мојата ситуација!Не сакам да кажам дека треба да ме сожалуваат..
наоѓаат маани,буквално кажано влакно во јајце...тоа е веќе премногу!
Оние сталежи и глупости не зазимаат голем дел од вниманието,најнормално само да не е просјак,
или од оној тип на луѓе склон кон пороци,оние страшните пороци...
ама личност која што вредно работи?личност која веќе 2 години е моја верна сенка?(2 години еј!!!)
не смеам да му прозборам,веднаш ќе се дознае...не смеам да му речам здраво..
не смеам дури ни да го пишувам ова во моментов,не знам кој се може да налета и да прочита(затоа морам вака)
умирам потајно по него...сите оние постови за љубовта,сите мисли...сите посвети се за него..
моите сметаат дека не е од добра фамилија,а уствари и не ја знаат неговата фамилија!!не ги знаат какви се,не ги знаат кои се..
слепо веруваат на муабети?не е можно..не моите родители...
извинете за испадов..ја гледав темава подолго време и не знам зошто,но немав храброст да го постирам ова,не под мојот вистински ник..
се надевам само дека со тек на време ќе се средат работите,конечно ќе можам да кажам дека сум во врска,дека пристигна мојот принц
без да се плашам дека ќе ме заклучат во највисоката кула за тој да не ме најде...
благодарам на вниманието..се` најдобро..