Necrophilia напиша:
...Нејзините само првите две-три недели неможеле да се соочат со фактот дека има дечко за посериозна врска али сега се е топ...
Necrophilia, како за две-три недели се оценува дали некоја врска има потенцијал за сериозност или не?
Доколку би го анализирал мешањето на родителите во една врска и неговото значење, мора во предвид да земам неколку околности.
Прво,
зрелоста на личноста во чија врска пуштаат пипци или градат ѕидови личности од страна, кои во конкретниот случај ни се родители. Без разлика на фамилијарната историја и нивото на социолошки развиток и космополитски погледи кои фамилијата ги има- кога ќе направиме некој избор треба да стоиме зад него.
Трикот е во тоа што,
треба да знаеме правилно да оцениме пред да одбереме. Тука улога игра зрелоста на личноста- родители како родители, секогаш ни мислат добро - Се поставува прашањето: Што е тоа
добро? Како може тие да знаат повеќе од нас што е за нас добро?
Тие ни мислат единствено добро. Некогаш, ради нам познати или непознати причини, имаат сопствен систем на оценување на вредности и сопствена визија за иднината на своето чедо. На својата крв.
Зрелоста е битна во моментите кога го правиме изборот, да пресудиме дали реакцијата на нашите родители е реално оправдана или не. Како? Треба да се биде самокритичен и способен за малку подлабоко анализирање на проблемот. На пример, ако моите родители цел живот го поминале на аргатлук и се откажале од сите лични благодети за јас денес да имам тоа што имам; Aко биле поприлично изолирани, односно затворени за некои пошироки погледи, не затоа што не сакале, туку затоа што немале можност личните ставови да ги градат судејќи не само по примерите на
комшиите соселани(без намера да навредувам), туку од поширок општествено-социјален аспект... Не можам да им замерам за "закоравените" реакции т.е. несогласувања со моите ставови, поради некоја од следните причини- 4-ти братучеди, лош сој, друга вера/националност итн.
Она што можам да го направам е да им помогнам да ме разберат дека сум доволно зрел и свесен да одлучувам за себе. Не потполно да ги исклучам од изборот-бидејќи така ќе го негирам значењето на нивното мислење, а со тоа и моето постоење. Не ни потполно да зависам од нивните гледишта, бидејќи иако ми дариле живот, целиот долг према нив нема да го отплатам со тоа што ќе им дозволам да го живеат мојот, туку еден ден дел од обврската ќе ја регулирам со креација на сопствено поколение. И мое и нивно.
Јас ќе ги ислушам, ќе им повторам колку ги сакам и почитувам- нешто што не се покажува само со еден гест. И после тоа ќе им објаснам дека сепак, во конкретната ситуација не одлучувам слепо и избрзано, туку промислено и трезвено. Ќе сторам се што можам за да ме сватат дека
јас стојам зад мојот избор, но дека и не ми е сеедно што тие мислат.
Можеби некој би ме окарактеризирал како премногу свој и помалку арогантен. Ама кога таа мала ароганција ќе ја поткрепам со знаење, факти,причини и храброст- преминува во мудрост.
На крај, би заклучил дека
зрелоста на човекот е единствената околност која е пресудна во ваквите ситуации. Зрелост која мора да е правопропорционална со големината и важноста на одлуката која ја носиме, како свои луѓе.
Ако не успееме во намерата да го постигнеме за нас најприфатливото решение - да издејствуваме обострано прифаќање и разбирање - повторно зрелоста на карактерот е таа која ќе одлучува дали имаме доволно оправдана храброст да одиме против вољата на нашите родители, и да
живееме со одлуката.
Кога се наоѓаме на таков крстопат, што и да одбереме ќе ни се чини за вистинското. Времето може да покаже нешто друго... Тогаш, мудроста на постарите која е присутна и вистинска, ќе ја носиме како вечен прекор на младешката лудост и недоволна промисленост.
Во ред е. Човечки е да се греши. Иако, на крајот, никогаш нема да страдаме сами. Нашите родители ќе се секогаш со нас.
Удрете ја математиката. Ама, не онаа која се учи во основно училиште. И направете избор.